- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.925
- Поени од реакции
- 41.900
Некогаш советите и мешањето на родителите во проблемите во бракот на нивните деца, можат да бидат многу корисни.
Во врска со темава за мене разводот е неизбежен, само ако се работи за неверство кое не може да се прости. Пример ако на жената и мрда опашот и оди од маж на маж или оставила се и преку ноќ побегнала со друг, а од друга страна мажот ја напумпал швалерката.
И ако партнерот е насилник, коцкар кој е во големи долгови, алкохоличар, наркоман.
Обичен флерт, финансиски проблеми, страст, мамин син, несозреаност, различни мислења и погледи, недостатокот на комуникација, недоверба, лоши односи со свекрвата, љубомора, незаинтересираност не се причини за развод.
Секој во животот има моменти кога чувствува љубомора, има обврски поради кој ја запоставува партнерката и децата, нема пари, не е заинтересиран, му треба мир и му е здосадено од се.
Ги поминав сите овие работи и ако не замижував и избрзано донесував решение, сега ќе бевме странци.
Денешниве парови немаат трпение и во моменти на бес донесуваат решение. Не ја бараат грешката во себе, туку во други и не се трудат да се поправат. Една кавга и малата ги пакува куферите и право кај мајка и, па едно 3-4 пати си прават екскурзии.
Разводите се последица на лошата проценка на партнерот/партнерката, прераното и избрзано стапување во брак, само за да не останат сами. Невнесувањето на нови интересни работи кои бракот ќе го направат интересен. И здосадило, епа кога со години ништо немаат променето.
Гледам во тренд е сите да се венчаат во 2015 год, само поради тоа што следната била престапна година или другарот ја запросил женската, па ајде и тој на неговата да и понуди брак. Сите не созреваат во исто време и на некои и треба подолг период за да утврдат дека не се еден за друг.
Еве јас се венчав во престапна година.
Или што би рекла жена ми "Непотребни кавги, нервози и развод има помеѓу оние парови кои не знаат како да го живеат животот. Во бракот се менуваат само оние кои во врска биле совршени актери."