Книга на животот-Согјал Ринпоче(наслов на оригиналот-The Tibetan Book of Living and Dying-Sogyal Rinpoche)
Дефинитивно најдобрата книга што сум ја прочитала во последно време. Ја препорачувам само на оние кои се интересираат за реинкарнација, будизам, медитација, карма....
Во книгава се зборува за смртта како природен дел од животот, повторно раѓање, тренинг на умот, методи на медитација, за мудроста и многу други работи напишани од Согјал преку согледување на неговиот живот...нема да се покаете ако ја прочитате...
еве еден многу мал извадок:
Ако чесно го согледате животот ке видите дека живееме во постојано лебдење и двосмисленост. Умот, од збунетост, постојано скока во јасноста и назад. Да сме барем постојано збунети, тоа веќе би претставувало еден вид јасност. Но навистина е збунувачко тоа што понекогаш, среде сиот хаос, можеме да бидеме многу мудри! Тоа покажува што е бардото-непрекината осцилација меѓу јасноста и конфузијата, збунетоста и увидот, сигурноста и неизвесноста, здравиот ум и лудилото. Во нашиот ум, каков што е сега, истовремено доаѓаат мудроста и збунетоста. Тоа значи дека се соочуваме со непрекинат избор и дека се зависи од тоа што ке одбереме...........