Книги кои би ги препорачале

Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742
Се согласувам со тебе дека станува напорно после некое време, сепак мислам дека тоа е и сврхата - да се биде некој таков, да те боли цефот до толку што носи и што нарачува и каде бил на одмор некој си Џони што си го запознал пред тек 5 минути е многу исцрпувачки, и не е ни чудно што би крахирал некој во такво општество.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Се согласувам со тебе дека станува напорно после некое време, сепак мислам дека тоа е и сврхата - да се биде некој таков, да те боли цефот до толку што носи и што нарачува и каде бил на одмор некој си Џони што си го запознал пред тек 5 минути е многу исцрпувачки, и не е ни чудно што би крахирал некој во такво општество.
Има тема за коментирање на книги, нека ги префрли модераторот таму мислењата. :)

Акцијата во книгата е ставена на заден план поради тие описи на храна, лосиони, облека и локали. Во ред е да се претстави класата на главниот лик, но сите тие постојани описи се досадни за читање. Фали акција во самата книга, фали темпо. Филмот е далеку поинтересен.

Има моменти кои ми се допаѓаат, како врската меѓу оние што ги смета достојни за неговото друштво и оние на кои не сака да им даде ни долар (т.е. оние кои ги убива). Па дури и сексуалните фантазии не ја прават оваа книга скандалозна или нешто поразлична од останатите трилери. Реално и не гледам ништо скандалозно во книгава, нешто што отстапува од останатите книги (била забранувана). Не знам, можеби очекував повеќе. :)
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742
Во однос на скандалозноста на книгата, главно била нападната пошто била сметана за „мизогинистичка“ (смешки), а реално има неколку сцени што и ден денеска во свет на Liveleak итн. се грозни, сигурно и сам знаеш за кои мислам.

За филмот, од еден аспект подобар е пошо ги стриже тие небитните елементи а сепак ја доловува поентата, ама па од друга исто така ги губи поинтересните и посмешните делови, како на пр. тие налудничавите накоксани монолози. Али шта чеш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.759
Поени од реакции
17.457
Вака прва што ми паѓа на памет е серијалот Foundation на Исак Асимов. Интересни идеи, екстензивно развиен свет, лесни, забавни книги, баш скоро ги завршив со читање сите и ми беа баш супер. Во Академска книга ги имаш сите заедно со prequel и sequel книгите кои ги има напишано дополнително после првичните три книги. Издавачки центар Три има нешто преведено на македонски ама мислам дека беше само една книга преведено. Ја би ти препорачал на англиски да ги читаш зашто не се ни нешто многу тешко напишани и се разбирливи.
Ја листав темава за предлог и ова ми фати највеќе око. Само ме интересира, дали е океј приказната доколку ги читаш само оргиналните 3 дела или само првиот. Мислам нема да имам време да читам повеќе од тоа :D
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.792
Поени од реакции
29.260
Ја листав темава за предлог и ова ми фати највеќе око. Само ме интересира, дали е океј приказната доколку ги читаш само оргиналните 3 дела или само првиот. Мислам нема да имам време да читам повеќе од тоа :D
,,,ne mora site tri knigi , no potrebno e sepak trite za da dobiesh edna celina za toj serial na Asimov,,, :icon_mrgr:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.214
Поени од реакции
35.792
Ја листав темава за предлог и ова ми фати највеќе око. Само ме интересира, дали е океј приказната доколку ги читаш само оргиналните 3 дела или само првиот. Мислам нема да имам време да читам повеќе од тоа :D
Да да супер е со трите оригинални дела. Плус секоја книга си завршува фино како целосна приказна.
 
D

dobramuzika

Гостин
Да да супер е со трите оригинални дела. Плус секоја книга си завршува фино како целосна приказна.
jas prvata kniga ja imav vekje podolgo vreme, za dva ili tri dena prochitav dve tretini, sega chekam prav moment za da ja dochitam, od zheshkoto nishto ne mi se pravi, pies mi se dopadna prochitanoto dosea, se nadevam deka za brzo kje ja kupam i vtorata kniga, kako shto vidov izdadena e od strana na pablisher.

tuku, me interesira dali nekoj ja ima chitano od nil gejman - kniga za grobishtata pa da pishe zbor dva.
 
B

Boudicca

Гостин
Книга која може да се сврсти под женска литература и историска фикција, „Времето на лалињата“, говори за Амстердам, во 1630-тите, кога „лалеманијата“ масовно го зафатила населението. Насекаде во Холандија луѓето биле заведени од овој фантастичен егзотичен цвет. Но, за богатиот трговец Корнелис Сандворт, лалињата се неважни, тој е маѓепсан од неговата млада и убава сопруга Софија, која ја поттикнува и придвижува неговата душа. Таа е наградата која тој ја посакува, жената за која се надева дека ќе му донесе радост која дури и неговото значајно богатство не може да го купи - ќе му го роди долгопосакуваниот наследник.

Во очајна желба за овековечување на нивните ликови, тој нарачува брачен портрет од талентираниот млад сликар Јан ван Лос. Но, додека Ван Лос започнува да го доловува ликот на Софија на сликарското платно, бавна страст почнува да се разгорува помеѓу убавата млада сопруга на Корнелис и талентираниот уметник.

Како што се одвива сликањето на портретот, така започнува бавен таен танц меѓу жителите на домаќинството. Амбициите, желбите и соништата доведуваат кон голема интрига и измама - и додека лагите се размножуваат, настаните се движат кон возбудлива и воедно трагична кулминација.

Во овој богато замислен меѓународен бестселер, Дебора Могах создала редок роман, кој многу живописно евоцира еден посебен период од човечката историја, локација и страст.

Овој роман доживеа и своја екранизација, со прекрасна глумечка екипа, но воедно и слаба популарност поради избрзаниот наратив и недоследностите со дејството на книгата, но сепак вреди да се погледне ради фантастичната кинематографија и костимографија.
 
Член од
13 јануари 2020
Мислења
19
Поени од реакции
36
Парфем - Патрик Зискинд
Фаренхајт - Ред Бредбери
Лолита - Владимир Набаков
Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон
Стаклено ѕвоно - Силвија Плат

Нешто слично ако има некој препорака нека пиши. Моментално читам Кој ќе го фати бранот од Агата Кристи.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
После "Душокршачот" не планирав да прочитам ништо друго од Фицек. Но по препорака од една форумџика, ја земав "Патник 23", навистина убаво книгиче. Друго немам прочитано од Фицек, а сакам да ја земам "Терапија".

"Мојата сестра сериски убиец". Срање. Личи како лош книжевен концепт врз која треба да се пишува книгата. Нема градење на ликовите, нема градење на приказната, нема наратив, а книгата нема ни крај! Не е прв пат да се попалам на наслов и да се разочарам. Ужасна книга. Не ја препорачувам.
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.371
Поени од реакции
3.131
@Dumbledore, едни од подобрите негови книги биле Пакетот, Пациентот и Терапија (од кои првата и третата се notable works на Википедија).
Ако некој ги има прочитано, нека потврди дали е така.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
@Dumbledore, едни од подобрите негови книги биле Пакетот, Пациентот и Терапија (од кои првата и третата се notable works на Википедија).
Ако некој ги има прочитано, нека потврди дали е така.
Немам читано многу од Сакам Книги. Не ги купувам, ги земам од библиотека, па читам тоа што има. Но ќе си видам со таа која ми ги препорача. Досега ми нема направено утка за филм или за книга. Знам дека "На пат кон дома" по групите беше негативно критикувана, многу несвојствено (за тетките). :D

Последна ја прочитав "Куќата на гласовите" од Каризи. Пишував за неа додека ја читав и сега ја препорачувам откако ја прочитав. Фантастична. Одличен трилер. Денес, ако ми помине главоболката ќе ја почнам "Човек во лавиринтот" исто од Каризи.
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите!

Нов сум на форумов и се зачленив само ради темиве за книги. Не знам зашто до сега сум чекал ама нема врска...

Како и да е, некои мои препораки се:

"1984" - Џорџ Орвел
"Фаренхајт 451" - Реј Бредбери
"Shoe Dog" - Фил Најт
"12 Правила за Живот" - Џордан Питерсон
"Човековата Потрага по Смисла" - Виктор Франкл

Да остаиме нешто и за другпат :)
Да не случајно бараш купец за „Човековата потрага по смисла“? Jа нема веќе на залиха, па баш би да ти ја купам XD
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.214
Поени од реакции
35.792
Моментално го читам Арсен Лупен, и бидејќи имам прочитано 90% од се напишано за Шерлок Холмс, можам да кажам дека мојот впечаток е Шерлок Холмс >>Арсен Лупен. По живописни и поинтересни се расказите за Шерлок, има поголема комплексност и некако подобро ми се раскажани. Не дека Арсен Лупен е нешто лош, ама не е тоа ниво.

Изминатава година за жал беше прилично послаба во број на прочитани книги, негде дваесетина отприлика. Книги кои ми оставија најголем позитивен впечаток беа Волшебникот од Фаулс, Смеење во темница од Набоков и Тврдина од Селимовиќ. Книги кои не ме бендисаа нешо посебно беа Јакоб фон Гутен - Валзер, Њујоршка трилогија - Остер и Џенем - Замјатин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom