Киро Нацев - Фетак и партизанскиот одред ,, Ѓорче Петров ‘‘

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Потребни ми се информации за партизанскиот одред ,, Ѓорче Петров ‘‘ и борците кои загинаа во манастирот ,, Св.Никола ‘‘ во с. Прилепец кај Прилеп на 19 Декември 1942 година. На интернет ги пронајдов имињата и местото каде загинале. Ако има некој повеќе информации слободно нека сподели или ако знае некоја книга.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
одредот „ Горче Петров“
-Попладнето на 19 декември,околу 16 часот,покриени од маглата непријателските сили успеале да го опколат манастирот и веднаш почнала борба.Партизаните изненадени се пробиваат нагоре само низ единствениот можен излез.Меѓутоа,и овој тесен излез го затвора бугарски митралез.За неполн час борба загинаа:
Киро Фетак
Борка Спасески - Влачарот
Стеван Безарковски
Среван Димески - Ништакот
Димче Мирчески - Бањарот
Гога Јанкулоски - Бедов ( некаде како Секулоски )
Трајче Најдески - Соколе
Бошко Јосифоски - Корчагин
Менде Бошкоски
--------------------------------------------------------------------
Од оваа прва чета на одредот „Горче Петров„ се извлече и спаси Пецо Пепељуговски,
немам сега повеќе време да ти ја опишам целата ситуација тогаш и таму од 16 до 19 декември,а посебно и текот на борбата.
„ Интересно е да го најдеш и прочиташ писмото што Питу го пишува после оваа борба,до МК на Прилеп.
Оваа борба е опишана во сите книги за „ Прилеп во НОБ “
Инаку партизаните ги предате попот од манастирот Прилепец.
Потражи ја и книгата за „Киро Фетак“,или некој од Пецо.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Форумџиите кои беа таму на 19 декември 1942, моментално се недостапни...
--- надополнето: 13 септември 2012 во 15:13 ---

Па нормално бе, комунизмот не признава религија, а попот си го чува лебот јбг...
Сепак ќе се пронајде некој член на комитетот кој ќе те банира.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Споменик покрај Прилепечки манастир

На пат за Чебрен, каде што од Првата чета на прилепскиот партизански одред и од делови на битолскиот и кавадеречкиот партизански одред, требаше да се формира поголема партизанска единица, во близина на село Прилепец, прилепско, поточно над манастирот над селото, во херојска борба против бугарскиот фашистички окупатор загинуваат поголем дел од борците на Првата чета од прилепскиот партизански одред Ѓорче Петров. При првиот напад загинуваат: Стеван Димески - Ништакот, Димче Мирчески - Бањарот, Бошко Јосифоски - Корчагин и Трајче Најденоски - Соколе, додека при вториот напад загинуваат: Стеван Базеркоски, Гога Секулоски, Менде Бошкоски и Борка Спасески. Ранет и заробен, а подоцна и убиен во касарната во Прилеп, од страна на бугарските фашисти, е делегатот и инструкторотна Покраинскиот Комитет на КПЈ за Македонија Киро Нацевски - Фетак. Успеале да се спасат само: Петар Пепељугоски - Црвениот, Благоја Бошкоски - Дабичот и Петко Велкоски.

Во близина на манастирот, на 19 декември 1942 година, откако беа предадени во борба против бугарската војска и полиција, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“:
1. Киро Фетак
2. Борка Спасески – Влачарот, командир на одредот
3. Стеван Базеркоски
4. Стеван Димески
5. Димче Митрески
6. Гога Јанкулоски
7. Трајче Најдески – Соколе
8. Бошко Јосифоски
9. Менде Бошкоски

Киро Нацев-Фетак


Киро Нацев – Фетак е роден во 1918 година во Куманово. Член на СКОЈ е од 1934 година, а на КПЈ од 1936 година.
Како шивач, активно работел во УРС-овите синдикати и во работничкото друштво „Абрашевиќ“. Во 1936 година, кога бил примен во партијата, бил уапсен и минал повеќе месеци под полициска истрага. Но полицијата неможела ништо да дознае од него. Поради немање работа заминал за Ниш. По априлската војна се наоѓа во германско заробеништво откаде се враќа во септември 1942 година. Активно работи на формирање на првите партизански единици. Партијата му ја довери должноста политички секретар на Првиот партизански одред на теренот на Куманово и Козјак. Кога одредод претрпе пораз, Киро со група другари успеа да се пробие до Куманово, а оттаму заминува на илегална работа во Скопје. Потоа работи како инспектор на ПК КПЈ за Македонија во Скопје, во прилепско и на теренот на Крушево.
Кај манастирот Прилепец, по повеќечасовна борба од окружување Киро бил тешко ранет и заробен од бугарските полицајци, а потоа е ѕверски мачен. Убиен е во касарната во Прилеп есента 1942 година.

Стеван Базеркоски-Лански


Станал член на КПЈ од 1941 година. Тој е еден од првите десет прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година на Селечка планина, во месноста Будимаш, ја формираа првата партизанска чета. Стеван Базеркоски е борец на Првиот прилепски партизански одред уште од првиот ден на неговото формирање. Бил вршител на должноста интендант во Вториот прилепски партизански одред „Димитар Влахов“, формиран во 1942 година.
Загинал во борба со бугарската фашистичка полиција и војска на 19 декември 1942 година во близина на манастирот кај селото Прилепец.

Методија Бошкоски – Ѓурчин (1921-1942)


Методија бил син на Ицко млекарот и Ленка. По завршувањето на основното образование, продолжил да се школува во Гимназијата, но поради сиромаштија, се отпишал по завршувањето на првиот клас. Потоа замина да го учи шнајдерскиот занает кај најдобрите шнајдери во Прилеп: Клајне, Вангел Момироски и Киро Мерипушка.
По смртта на татко му, Ленка остана сама да се грижи за седумте чеда. Откако го научи шнајдерајот, Методија отвори дуќан и почна да работи, а со тоа и да го одгледува семејството. Во тоа време се вклучи и во синдикалната организација. Во 1941 година стана член на Комунситичката партија и член на Првиот прилепски партизански одред. Во 1942 година активно се вклучи во партизанското движење, во составот на партизанскиот одред „Димитар Влахов“.
Загина на 19 декември 1942 година, во борба со бугарската војска и полиција кај манастирот „Свети Никола“, кај селото Прилепец.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Леле друже фала ептен. Ова е тоа што ми требаше, поточно инфото за Методија Бошкоски. Фала многу. :coffee:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Вечна слава за сите оние кои загинаа за Македонија и оние кои се бореа за Македонија (y)
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
Леле друже фала ептен. Ова е тоа што ми требаше, поточно инфото за Методија Бошкоски. Фала многу. :coffee:
Druze imas podetalno i kaj Ljuben Georgievski Ljupta. T.e. ima za site borci na prilepskiot partiozanski odred koi ucestvuvale vo napadot na Prilep na 11 oktomvri
 
Член од
17 септември 2019
Мислења
70
Поени од реакции
67
Предадени се од домашните предавници! Имам цели списоци со предавниците за тој настан!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom