Киро Глигоров (1917-2012)

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ја отварам темата со цел да ги собереме тука сите релевантни информации од историски аспект за животот и дејноста на Киро Глигоров.

Значи со цел да оформиме една пореална слика за него поткрепена со факти, аргументи, докази, документи, сведоштва, и сл. па според истите да го оцениме позитивно или негативно неговиот придонес.

Би сугерирал постовите да се без многу емоции и во нив да се задржиме на поединечни настани и случувања во кои тој беше директно вклучен, а од кои Македонија и сите ние имавме полза или штета.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
добра тема ... него модерна историја спаѓа тука унпредеп ово оно ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Ме интересира каков бил односот Глигоров-Ченто ? Ако некој повеќе е запознаен би сакал да искоментира..
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Пред се беше поштен човек, кој водеше млада држава која од сите можни страни ја напаѓаа на сите можни начини. Направи човекот колку што можеше, но во никој случај не предал никого.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
-на време отворена тема
секако дека прецедателот ќе си заземе место во
македонската историја онакво какво и заслужува.
Но видете - прочитајте што уште денес не почна да
се пишува за него,дури и видеа некој пуштаат.
Мене повеќе ќе ме интересира неговата улога во
Н.О.В.-1941-1944год.многу малку за тоа е пишувано
освен што знаеме за АСНОМ. и толку а што пред тоа.
(На пр. за Лазо се знае скоро цела Н.О.В .во затвор.)
-нека напишат нешто и за ова историчариве што се
на форумов и од кој многу работи научив.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Ченто...добра тема......
би можела да се вика.....Киро Глигоров - црно и бело
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
добра тема ... него модерна историја спаѓа тука унпредеп ово оно ?
Темата има јасен наслов: Киро Глигоров (1917-2012)
Значи ЦЕЛИОТ негов живот и сите настани и случувања во кои директно учествуваше или со кои беше индиректно поврзан.

Ме интересира каков бил односот Глигоров-Ченто ? Ако некој повеќе е запознаен би сакал да искоментира..
Во периодот на НОБ Киро Глигоров застанува на про-македонска позиција заедно со постарите од него Ченто, Мане Чучков и другите.

Еве еден документ од тоа време направен од про-југословенската клика на чело со Лазар Колишевски:



Има една добро напишана и поткрепена статија за ова на македонска искра, што треба секој да ја прочита. Клик на линков:

"Антипартиска група" во Македонија

П.С.
Значи ве замолувам да не ја претвориме темата во калакурница и дневно-партиски препукувања. Сите такви глупости нека се избришат!
Исто така реков да се постира поткрепено со факти, аргументи и без емоции, а не како свекрви на плот, од типот "ех што арен беше, ама си умре" и слично.

Ако немате што да кажете едноставно НЕ ПИШУВАЈТЕ ништо, туку читајте што имаат другите да споделат со вас.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Јас се изненадив од написот на он.нет, некои работи за Киро не ги бев знаел:

Почина Киро Глигоров

Во својот дом во Скопје, на 94-годишна возраст почина Киро Глигоров, првиот Претседател на Република Македонија.

Глигоров ќе биде погребан утре (03.01) во 13 часот, на градските гробишта во Скопје.
Глигоров, ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 година – 19 ноември 1999 година. Неговиот мандат го облежаа некои од најважните настани на Република Македонија, од прогласувањето на независност во септември '91-ва, до носењето на македонскиот устав и зачленувањето во Обединетите нации.

Глигоров се враќа во Македонија по завршувањето на неговите ангажмани во комисијата на Анте Марковиќ, и по покана на Петар Гошев, кој како член на Централниот Комитет на СКМ, на 29-ноември 1990-та, го повикува Глигоров да членува во неговата Комисија и Форум за спроведување на реформите најавени во Македонија.
Откако не успева идејата кандидат за претседател на Република Македонија да биде митрополитот Скопски и Повардарски Михаил, ова место му е понудено на Киро Глигоров. На првото тајно гласање, Глигоров не го добива потребното мнозинство за избор за претседател, заради немање поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и ПДП. По три дена, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека ќе го поддржи Глигоров само ако за потпретседател и премиер на Македонија биде избран член на нивната партија.
На 27. јануари 1991-ва, со 114 гласови ЗА, во собранието на Република Македонија, Киро Глигоров е избран за прв претседател.
За време на распаѓањето и немирите во Југославија, Глигоров работи на повлекување на македонските војници во ЈНА од останатите републики на СФРЈ, а истовремено со генералот Аџиќ го преговара и начинот на повлекување на ЈНА од Македонија. Првиот мандат на Глигоров е обележан и со почетокот на спорот за името со Грција. Вториот мандат, Глигоров го добива на претседателските избори во 1994-та, кога како кандидат на СДСМ, освојува 52,4% од гласовите, поразувајќи го противкандидатот од ВМРО-ДМПНЕ Љубиша Георгиевски.
На 3-ти октомври 1995 во 9:50 часот, пред хотелот Бристол во Скопје беше извршен неуспешен атентат врз Киро Глигоров, кој остави трајни последици по здравјето на претседателот.
Глигоров својот мандат го завршува на 19. ноември 1999-та. На функцијата го наследува Борис Трајковски.
Киро Глигоров е роден во Штип, како Киро Панчев. По неговото запишување во основно училиште во 1924-та година, неговото презиме е променето во Ќирило Глигоровиќ. Средното образование го завршува во скопје, а во 1936-та се запишува на Правниот факултет во Белград.
Тој се враќа во Скопје по бомбардирањето на Белград во април 1941. Тука започнува неговата соработка со Кузман Јосифовски - Питу.

Во 1944-та тој прв пат оди во партизани, а како член на Антифашистичкиот народноослободителен комитет, учествува во подготовката на АСНОМ. На првото заседание, тој го води записникот а бил избран и за член на АВНОЈ. Тој учествува и на второто заседание на АСНОМ, кога е избран во президиумот на АСНОМ и тоа како одговорен за финансии на АСНОМ.
Во 1987-ма, Глигоров се пензионира од сите функции во СКЈ, за потоа да се приклучи во тимот за реформи на Анте Марковиќ.
Глигоров беше во брак со Нада, со која го имаа синот Владимир и ќерките Донка и Лилјана.

извор: он.нет

На википедија има многу повеќе за него.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Киро не го “предаде“ првото знаме. Тој беше претседател кога се усвои првото македонско знаме со ѕвездата од Кутлеш. Значи прво го усвоил, а после го “одусвоил“? Единствена маана на Киро Глигоров му беше што беше неодлучен и најверојатно страшлив, нешто што не е добро за еден лидер на нација (затоа всушност и немавме лидер во вистински смисол на зборот). Но, за жал, воопшто таков лидер и немавме во овие 20 години Македонска државност, немавме лидер кој ќе остави печат на владеењето со Државата Македонија.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
За делата на Глигоров, какви и да се тие: мора да се имаат предвид историските околности. Тој е активен еден мошне долг период, од пред Втората светска војна до почетокот на 21 век. Патриотските гледишта што ги имал во АНОК не се за занемарување, ниту пак неговото учество на АСНОМ . Навистина, се вклучува во КП и е дел од власта и нејзината политика, но како и Димитар и Густав Влахов е оддалечен од Македонија (значи, не спаѓа во мачениците од типот на Ченто, Пирузе, Брашнаров и други). Тоа навестува дека КП, барем во тие години, немала некоја голема доверба во него.
Неговата политичка работа во авнојска Југославија е најмногу поврзана со економијата на Федерацијата. Притоа, нема голема дамка врз себе како некои други политичари од овој период. Не направил тогаш некоја фатална грешка за Македонија (додуша, не бил во таква позиција), ниту пак активно учествувал во политичките хајки на Партијата, за разлика од многу други, повеќе или помалку познати и важни лица, кои си изградиле кариери уништувајќи животи на политички неистомисленици. Можеби и не е толку важно, но тој сепак, се врати во Македонија по распадот на СФРЈ. Некои, Лазар Мојсов на пример, немаа таква желба.
За настаните по 1990 и 1991 може многу да се зборува и пак малку да се каже. Веројатно е се уште рано за некоја општа оценка. Сепак, некои дела и изјави не можат со ништо да се оправдаат, а за некои е потребно подетално согледување на околностите, состојбите и фактите, кој (или кои) е одговорен, за што и во која мерка.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Киро беше човекот кој ги кажа фамозните зборови „ние сме Словени и немаме ништо со Александар и неговата Македонија“. Реченицата што ден денес ја фаворизираат Грците...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Киро не го “предаде“ првото знаме. Тој беше претседател кога се усвои првото македонско знаме со ѕвездата од Кутлеш. Значи прво го усвоил, а после го “одусвоил“? Единствена маана на Киро Глигоров му беше што беше неодлучен и најверојатно страшлив, нешто што не е добро за еден лидер на нација (затоа всушност и немавме лидер во вистински смисол на зборот). Но, за жал, воопшто таков лидер и немавме во овие 20 години Македонска државност, немавме лидер кој ќе остави печат на владеењето со Државата Македонија.
Сите политичари го предадоа нашето знами и устав, во неколку наврати низ последниве 20 години. Последниот пат сегашната Влада со поднесувањето на тужбата во Хаг и барањето за „почитување“ на Привремената Согласност.
Не сакам да прејдеме на пренесување партиски верзии за настаните, затоа да се задржиме на сведоштвата:

„Со таквиот изглед на знамето бевме изложени на жесток притисок не само од Грција, туку и од ЕУ. Затоа и се размислуваше за негово ново обликување, со силно влијание на претседателот Киро Глигоров и неговиот авторитет, поддржан од група интелектуалци. Беше определен професорот Мирослав Грчев да скицира нов изглед на македонското знаме“, вели Петковски.

Меѓутоа, чинот кој што го спомнуваш, смената на знамето, односно потпишувањето на Привремената Согласност, се случи 2 дена после атентатот на Киро Глигоров и беше потпишан од Љубомир Фрчковски.

„Под пресија на Грција и непосредно пред потпишувањето на Времената спогодба со соседот, на 5 октомври 95-та, два дена по атентатот врз претседателот Глигоров, Собранието го смени изгледот на еден од македонските државни симболи, вели Петковски.

„Кога беше завршен проектот го предадов на претседателот Глигоров пред атентатот, а чув дека Собранието, со конзенсус го прифатило новиот изглед на знамето, но кога го видов се изненадив зашто забележав дека тоа не е мојата оригинална макета“.
Но Грчев не знае кој го дообликувал во конечната верзија.

Тој, за ДВ се присетува дека во динамичните денови на дефинитивниот изглед на новиот државен симбол директно влијание имал екс-министерот за надворешни Љубомир Фрчкоски, со непосредно набљудување од шефот на државата Глигоров

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15045367,00.html
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
За делата на Глигоров, какви и да се тие: мора да се имаат предвид историските околности. Тој е активен еден мошне долг период, од пред Втората светска војна до почетокот на 21 век. Патриотските гледишта што ги имал во АНОК не се за занемарување, ниту пак неговото учество на АСНОМ . Навистина, се вклучува во КП и е дел од власта и нејзината политика, но како и Димитар и Густав Влахов е оддалечен од Македонија (значи, не спаѓа во мачениците од типот на Ченто, Пирузе, Брашнаров и други). Тоа навестува дека КП, барем во тие години, немала некоја голема доверба во него.
Неговата политичка работа во авнојска Југославија е најмногу поврзана со економијата на Федерацијата. Притоа, нема голема дамка врз себе како некои други политичари од овој период. Не направил тогаш некоја фатална грешка за Македонија (додуша, не бил во таква позиција), ниту пак активно учествувал во политичките хајки на Партијата, за разлика од многу други, повеќе или помалку познати и важни лица, кои си изградиле кариери уништувајќи животи на политички неистомисленици. Можеби и не е толку важно, но тој сепак, се врати во Македонија по распадот на СФРЈ. Некои, Лазар Мојсов на пример, немаа таква желба.
За настаните по 1990 и 1991 може многу да се зборува и пак малку да се каже. Веројатно е се уште рано за некоја општа оценка. Сепак, некои дела и изјави не можат со ништо да се оправдаат, а за некои е потребно подетално согледување на околностите, состојбите и фактите, кој (или кои) е одговорен, за што и во која мерка.
Првиот дел е горе-долу така, со тоа што иако директно не учествувал во шиканирањето и хајките против одредени личности во Македонија никогаш ни не го кренал гласот против таквите дејанија, туку на мира си работел на својата кариера.
Групата од АНОК е разбиена токму на тој начин, што помладите како Киро се пратени на служба во Белград, Влахов не е чепнат поради неговата старост и јаките врски со многу прекалени комунисти по цел свет, а другите се знае како завршија.

Свесно да ги преќутиш и заборавиш деновите кога со срце и патриотизам си соработувал со постарите легенди како Ченто, Чучков, Пирузе, Шатев, Брашнаров и др. кои ги изеде југословенскиот мрак и да му станеш еден од најблиските соработници токму на нивниот крвник Јоже од Кумровец е непростливо.



Ми се чини дека токму овој период од неговата работа и функции во службите на федерацијата го оформија како политичар и во голема мера се корен и основа за неговите одлуки во независна Македонија и сето она што може да се нарече негово директно и индиректно учество во сите процеси после 1990-91 во Македонија, па до ден денеска.
Па дури и имиџот на "стариот лисец" ала Тито (којшто во голема мера САМИОТ си го промовираше) е последица на таа долгогодишна служба во органите на СФРЈ.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Каков и да беше Киро тој беше прв претседател на Р.М. знам дека многу луѓе му ја памтат онаа реченица кај што реќе дека сме славјани и немаме ништо со александар но сепак има свои заслуги во државното уредување и основањето на самостојна и независна држава-Република Македонија. На крај и тој е човек и греши.

Почивај во мир Киро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom