Кому му одеше во прилог усвојувањето на симболот од Кутлеш за државно знаме на Македонија?
Зошто докажан комунист кој во 1992 година има изјавено дека Македонците се Словени дојдени тука во шести век, од позиција на претседател, би фаворизирал вакво знаме?
Зошто референдумското прашање беше: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“
Дали навистина, ден пред атентатот, Глигоров му соопштил на Милошевиќ дека ги раскинува односите со неговите браќа Срби и се врти кон САД? Зошто не постојат белешки од разговорот? Зошто тој не се одвивал во кабинетот на Милошевиќ?
Глигоров никогаш не сакал независна македонска држава. Референдумот за отцепување е маневар за избегнување војна во Македонија, и тоа е единствената позитивна работа поврзана со Глигоров. Референдумското прашање во вториот дел всушност ја содржи визијата на Глигоров за Македонија: дел од федерација со Србија, Црна Гора и српските територии во БиХ.
Усвојувањето на симболот од Кутлеш отвора, покрај тој за името, спор со Грција и за знамето. Ова знаме е свесно и малициозно подметнато, негативните ефекти се прецизно пресметани, исто како и оние со официјалната историја печатена во учебниците за петто одделение и прва година средно (која за воља на вистината, беше обид на Тупурковски македонскиот народ да го претстави како конгломерат од словенски племиња и Хелени.)
Само на Србија ѝ одговараше Македонија која во меѓувреме е ниту на небо, ниту на земја, Македонија која се занимава со банални прашања, сѐ до моментот кога ќе се створат услови да се реализира вториот дел од референдумското прашање.
Војната е завршена, а Дејтонскиот договор е извесен. Референдуми за влез на Македонија и Република Српска во новата Југославија се единствена шанса за остварување на великосрпската идеја.
На средбата од 2 октомври 1995, за која, повторувам, нема белешки, се разговара за ова. Никогаш претходно, па ни тогаш, Глигоров нема став дека Македонија треба да се стреми кон атлантска интеграција.
ЦИА го врши атентатот врз Глигоров под претекстот дека сомнежот ќе падне токму врз Милошевиќ, дека тој како предаден, наредил, преку неговите удбашки служби во Скопје, веднаш да го елиминираат. Во меѓувреме, удбашките потрчковци на видни позиции во Скопје, имаат задача да ја замајуваат јавноста со приказни за братиславска врска, бугарски мултигруп, косовски терористи и слични глупости. Спомнување на Милошевиќ не смее ни под разно.
Глигоров јавно на телевизија, низ солзи, има изјавено дека знае кој му го има извршено атентатот, но не смее да каже.