До каде замина човештвото?
Наместо да има еден ептен добар систем со голема точност, за употреба на цел свет, сега Кина си прави свој, Русите имаат свој а и европјаните (како што читам од линкот) до 2020 ке имаат свој. Тоа ќе придонесе да се загади орбитата со сателити каде ќе се зголемат шансите од судири и создавање на орбитално ѓубре, кое ќе биде дополнителна опасност за сите други сателити. (мало парче од такво ѓубре кое се движи со огромна брзина може да оштети здрав сателит, а исто така и "прошетките во орбитата за поправка на сателити" ќе бидат невозможни, од такви парчиња.
Така во иднина ако има некакви прогресни идеи кои ќе вклучуваат потреба за (нови) сателити, прво ќе треба да се смисли начин како да се исчисти ѓубрето, па после на друго.
Можда малце завлегов во тема што не е од мое пошироко познавање, ама во ова гледам како уште едно непотребно трошење на ресурсите на земјата (како што и до сега се прави, безмилосрдно) без некаков план за понатаму.