Никад не ми префрлил дечко ми за тежината или било што друго во врска со мојот изглед. Океј, ја сум сама свесна дека имам некое кило повеќе и тенденција кон здебелување, па кога ќе се приближам кон одредена граница веднаш преземам нешто во врска со тоа, но тоа пред се го правам заради самата себе, за да се осеќам удобно во сопствената кожа, а не заради тоа што така ми налага статусот 'во врска.' Се слагам дека жените (па и мажите) во подолги врски знаат да се запуштат што се однесува до физичкиот изглед, и тоа е погрешно, ама од друга страна, 5 кила + баш и не играат некаква улога во врската, зар не? Се додека не е драстична промена, не би требало да претставува проблем.