Каде напишав такво нешто?
Инаку се сложувам со се што напиша од а до ш.
Само што ние реално не знаеме каков е човеков, му кажуваме општи приказни и начини за социјализација.
Добро, може претерав . Ти ете не си спомнал ама 2-3 коментара прочитав како отворено или дискретно му спомнуваат дека нешто не е ок со него и каде да бара чаре.
Поентата ми беше дека на запад за секој проблем се третира дека е за специјалист и сигурно и со апчиња да се труе . Никој не советува прво да почне со некои промени кај себе, да проба да си го смени мајнсетот, да почне да прави работи што го мотивираат и со тоа и расположението ќе му се подобри . Автоматски и ќе почне да вајба на повисоко ниво што значи ќе привлекува луѓе а и ќе задржува старите познаници.
Знаеш дека на запад апчиња за смирување и терапии им даваат на деца поради некоја окисморонска дефиниција што се вика детска хиперактивност ? Какви треба да бидат децата ако не хиперактивни ?! И кога луѓето треба да бидат ако не како деца ?!
Сигурно некои многу паметни докторки како нашиве две ја измислиле.
Џабе му се психијатри, психолози, треба сам да се освести затоа што памет со инка не се пресипува.
Затоа треба да почне да ги бара и да ги користи сите извори на позитивна енергија и енергија што го исполнува а да се изолира колку што може од сите негативни извори.
Ако него мајндсетот му е сјебан и не може да го оправи, тогаш имам жална вест за него дека ни господ не му помага.
Џабе не викаат какви ти се мислите таков ти е животот и што зрачиш тоа и привлачиш.