Кајгана психолог

Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
Нема да му кажеш. Ќе измислуваш. И ќе треба со друг да се приврзе многу.
Истото го мислев на старт меѓутоа психолог ме советуваше дека би била огромна грешка тоа. Вика утре петко станко на улица ќе му каже, ќе изгуби доверба во тебе и ќе му направи траума која ќе се одрази во адолесценција.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731

Океј, а тој психологот кога веќе си го контактирал, што кажа да направиш?
 
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
Океј, а тој психологот кога веќе си го контактирал, што кажа да направиш?
2 имам контактирано. Првиот препорачува "ѕвездичка на небо", вториот "отиде кај дедо Боже бидејќи е ангел". Трет имам закажано за понеделник. Досега и двајцата препорачаа и носење на гробишта
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
2 имам контактирано. Првиот препорачува "ѕвездичка на небо", вториот "отиде кај дедо Боже бидејќи е ангел". Трет имам закажано за понеделник. Досега и двајцата препорачаа и носење на гробишта
Колку време е почината мајката?
Видов еднаш така едно мало девојче на гробишта, баш мислам 4-5 години... и баш вакви работи и збореа тие околу нејзе.
Јас целиот се распаднав од глетката и помислата, ама девојчето делуваше океј.
И сега кога се присетив на ова, веројатно си ја знаат работата психолозиве...

Само не сум сигурен временски како иде тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
Колку време е почината мајката?
Видов еднаш така едно мало девојче на гробишта, баш мислам 4-5 години... и баш вакви работи и збореа тие околу нејзе.
Јас целиот се распаднав од глетката и помислата, ама девојчето делуваше океј.
И сега кога се присетив на ова, веројатно си ја знаат работата психолозиве...

Само не сум сигурен временски како иде тоа...
На 26.09.2024. Уште е може прерано но се подготвувам бидејќи е дете со голема меморија и знам дека очекува да се врати дома, зошто кога ќе го скарам ми враќа ќе видиш ти ќе те кажам на мајка ми(таа му дозволуваше повеќе и секогаш бараше заштита од неа кога го карам)
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578

Да не ти е во кожа човек на тебе моментално. Незнам едноставо немам зборови за тоа како да известиш дека мајка и е почината...
 
Член од
10 март 2022
Мислења
210
Поени од реакции
411
Да не ти е во кожа човек на тебе моментално. Незнам едноставо немам зборови за тоа како да известиш дека мајка и е почината...
Знам сите истото ми го викаат али морам ради децата да се држам да го поминат ова полесно. И јас сум очигледно во депресија. Ноќе се будам во рандом безвезе времиња. Сабајле од кревет не ми се станува. Секој ден ми почнува со асентра, дијазепам и хелекс, иначе без нив почнува паника и тахикардија. Не вежбам а тренинг немав пропуштено од 2019. На работа уште се немам вратено. Али едно по едно сите ствари ќе ги средувам.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Пријателе, прими сочувство. Гледај што подолго изложувај се на сонце за полесно да ја победиш депресијата. А за децата стварно не сум стручен за да ти дадам совет.

Always look on a bright side of life. Кога сум погоден психички секогаш си ја повторувам оваа мисла.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
260
Поени од реакции
783
Како на 4 годишно дете да му кажеш дека мајка му е почината? Очекува да се врати дома и беа многу приврзани еден за друг.
Кажи му дека имаш тажни вести, дека мајка му починала и повеќе не е меѓу нас. Кажи му дека вакви работи се случиле на многу деца. Кажи му дека ти ќе бидеш покрај него за што и да му треба. Ќе ви биде полесно на двајцата со тоа што ќе ја споделите маката и ќе ви се зголеми приврзаноста еден со друг.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
684
Поени од реакции
1.536
Господ нека ја прости и нека и е лесна земјата пријателе. Мораш да чекориш понатака во животот, твоите деца се во моментот све за тебе и треба све да направиш за нив, имаш на некој начин мотив зошто да живееш. Мој добронамерен совет би било да се охрабриш и да им ја соопштиш вистината, бидејќи животот е таков, суров. Колку побрзо се соочат со реалноста, толку подобро за сите вас. Ќе боли, ќе остави траума меѓутоа еден ден ќе разберат, ќе се навратат на тој момент и ќе сфатат дека било за нивно добро тоа што ти си им го соопштил. Чувајте се и останете силни.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Знам сите истото ми го викаат али морам ради децата да се држам да го поминат ова полесно. И јас сум очигледно во депресија. Ноќе се будам во рандом безвезе времиња. Сабајле од кревет не ми се станува. Секој ден ми почнува со асентра, дијазепам и хелекс, иначе без нив почнува паника и тахикардија. Не вежбам а тренинг немав пропуштено од 2019. На работа уште се немам вратено. Али едно по едно сите ствари ќе ги средувам.
немој да се затвориш тоа е најлошо во случајот. Знаеш јас кога изгубив една драгаа личност почнав да се затварам ми се вложи здравјето и реков , а не ова ваке неможе треба да живеам. Сите темни мисли почнав да ги пишувам немаше со кого да ги споделам уште помалку кој да ме сослуша. Затоа немој оди тренирај бар малку од малку ќе си ги тргнеш мислите од тоа што се случува,
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.047
Препорака за психолог или психијатар Струмица?
Кацарска Милјана
Витанов Тони
Гогов Горги
Лилјана

Или има и други,ако има некој искуство, и да знае да препорача. Фала
 
Член од
6 август 2024
Мислења
87
Поени од реакции
47
Ljudi ako moze edna rabota da mi se kaze kako bi ja targetirale licnosta po moznost ova da mi odgovori strucno lice , sto nema mir vo mesto da sedne koj zbori na telefon marsira , bez potreba trca i se vrti u krug ednostavno nekoj pokreti ke nalicat kao ......aj da ne recem samo zamislenost samo planiranje planovi i toa barem da se realno ocekuvani tuku planiranje ogromni planovi i samo zamislenost , sve ima i pak kuka i razocaranost sto moze da bide toa, prasuvam za drugar koj e okolu 25 godine, nema zenska i ne ni mislel do 30 ma da toa aj privatno e ne e ni bitno
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
На 26.09.2024. Уште е може прерано но се подготвувам бидејќи е дете со голема меморија и знам дека очекува да се врати дома, зошто кога ќе го скарам ми враќа ќе видиш ти ќе те кажам на мајка ми(таа му дозволуваше повеќе и секогаш бараше заштита од неа кога го карам)
Прими сочувство, не можам да замислам низ што поминувате.
Пред извесно време гледав подкаст со Маја Саздановска, порано беше пејачка. Нејзиниот сопруг починал пред 10-15 години, а детето го носела на психијатар, мислам дека имаше само пофални зборови за психијатарот, ако можеш ѕирни го подкастот и види за контакт. Колку што разбрав, пристапот бил ептен директен, во смисла на детето му се соопштува вистината, нема "мама е на небо или кај дедо боже". И се работи долгорочно и допрва те чека работа.
 
Ке го погледнам подкастот. Фала ти!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom