Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Ако добро имам приметено, мислам дека си 30+, може и грешам, ама ќе зборам од моја гледна точка. Има голема разлика и е онака значителен премин од тоа што сме навикнати во нашите 20ти години. И јас кога имав 20 и кусур години имав неколку друштва и не можев во еден викенд да се видам со сите. На 30 + луѓето стануваат или премногу зафатени со семејството и/или кариерата, или пак едноставно немаат "корист" од тебе. Сега не мора тоа "корист" во лош контекст да се сфати. Јас на пример имам простор (физички и ментален) за отприлика 2-3 блиски пријателки во мојот живот сега. И попрво би излегла со нив да споделуваме побитни лични работи, отколку да излезам со големо друштво каде што ќе си ги мериме која колку часа работи, дали има деца, дали купил/а стан итн, едноставно глупи муабети што не се ништо повеќе од споредби меѓу себе. Моментално толку и имам, 3 поблиски пријателки и едно поголемо друштво за полабави муабети. За жал, 2 од тие 3 пријателки се во странство, а не сум нешто многу заинтересирана да си пишуваме често, повеќе сакам да можевме да се гледаме. Така да ... тоа е.
Каде се стекнуваат пријателства ... најчесто во образовниот систем. За жал, како што поминува времето, станува чудно да сакаш да запознаеш некој рандом од истиот пол заради пријателство. Онака да не го знаеш "од никаде" ама да сакаш да го/ја запознаеш (а да е ист пол).
На пример на фб имам додадено другарка на една другарка што живее во странство. Само еднаш се имаме запознаено во живо на кратко и да не ѝ беше сe` јавно на фб, немаше да знам дека сакам да се спријателам со неа. Али вака на фб делува доста интересно. Па веројатно би чекала некој евент на кој она ќе пише дека ќе присуствува, за да се убацам и јас демек немам со кој да одам. Или поверојатно би ѝ рекла на другаркава од странство да не` викне и двете на исто излагање, кога ќе биде во Мк.
Иначе, таа финта со одењето на евент ја имам употребено со една друга познаничка што ја имав аднато на фб. Ја приметив на некој евент за филмови каде што имаше дискусија отпосле и ми остави впечаток, ја аднав на фб, си честитавме низ годините по некој роденден ова-ова, лајкови ... и еднаш ја викнав така на евент, но ништо не ми одговори. Хахаха. Можеби ѝ делувало чудно.
Али за мене не е чудно. Сум видела дека имаме поклапање во интересите со некои девојки и сум сакала да видам дали може да се спријателиме. Од 50 луѓе да речеме, ја би одбрала така дали една или две пријателки, не е дека на сите им пишувам или ги аднувам. Значи, ептен сум пребирлива, а они си викаат "лол, која е оваа, што сака од мене". Toa e.