Се мислев дали да се пријавам со пита со спанаќ или со чорба од спанаќ, но бидејќи сликата со питата ми излезе поубаво од онаа со чорбата, се пријавувам со пита со спанаќ
Тестото е од брашно, вода, сол, шеќер и квасец, сето тоа се замесува и се остава да отстои за тестото колку толку да порасне. Кога тестото ќе стаса се дели на повеќе еднакви делови кои се расукуваат, помеѓу нив се става растопен маргарин и пак се расукуваат со цел да се добие еден вид на грубо лиснато тесто. На намастена тепсија се става првото тесто/кора, врз него се нанесува филот, т.е. спанаќот кој претходно е пропржен со малку зејтин и од озгора се става и другата кора/тесто. Вака тепсијата оди во рерна и се пече. По печењето питата се јаде и ништо не останува
Бонус во позадина имате и пита со зелка и со праз, а мистериозната тревка за декорација е магдонос
Па пријатно јадење Кајганџии....................
Пита со спанаќ 2 by
Sungerot Bob on Кајгана форум
Пита со спанаќ by
Sungerot Bob on Кајгана форум