[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Со оглед на тоа што се Велигденски пости може да ставиме еден рецепт кој е посен, но ако не постите одлично оди и како прилог на месо.
Оваа недела ќе правиме Рататуј. Јадењето е многу едноставно за правење, а многу вкусно.
Изгледа вака:


За да го направите ова јадење потребни ви се (кој не го прочита ова со гласот на Валентин немал детство):
2 главици кромид
2 пиперки
400 грама тиквички
1 голем модар патлиџан (околу 350 г)
5 лажици маслиново масло
3 чешниња лук (ситно исецкани)
400 г конзервирани домати
1 ловоров лист
малку оригано за зачин
сол и бибер (по вкус)
по желба може да додадете и свежи печурки

Исецкајте го кромидот на подебели парчиња. Исецкајте ги пиперките на парчиња од 2-3 цм. Тиквичките и модрите патлиџани исецкајте ги на коцкички од по 2-3 цм.
Прво запржете го кромидот во едно поголемо тавче со капак, потоа додајте го модриот патлиџан, лукот, па пиперката и на крај тиквичките бидејќи им е потребно најмалку време да се запржат.
Откако ќе се потпржи зеленчукот додајте ги иситнетите конзервирани домати. Зачинете со оригано, ловоров лист, сол и бибер.
Поклопете го тавчето и оставете го да се крчка на рингла најмалку четириесетина минути. Зеленчукот треба да биде мек и сочен.
Се служи додека е уште топло.

Bon appetit!
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Поќе од ракијата за да легнит мезето убо после:)
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
@Agda Beata ауууууу перверзии...Како што не сум по месово, јадењево е перфекција..имаме победник нека се затвори темава..BTW Мarry me please :трепка:
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2014
Мислења
28
Поени од реакции
68
Специјалитет од зеленчук од Прованса Франција...бич плииис :D
Ова ти е главно јадење на сиромаштијата кај нас во Мк, прашајте ги бабите или мајките колку го готвеле ова јадење и дали рецептот го добиле од Франција :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Го правам со сите состојки - свежи.

Прегледај го приврзокот 90169

И на крај сакам кашкавал одозгора, да се растопи.

Прегледај го приврзокот 90170
Ме шмекна со ова Рататјуто.... си кладела црвен, црн патлиџан, лук, магдонос........ абе мераци...... за тебе ќе гласам :)
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Ајде нова тема. :pipi:
Искрено се двоумев меѓу две теми. Едното е солено, а другото благо.
Во целата претходна историја во натпревариве, имало сaмо пет благи теми.
Ама се решив за... панцероти!
Ваш избор е дали ќе бидат пржени или печени.
Рецепта за пржени:
Се меси тесто од 800 грама брашно, 1/2 л млеко, 6 лажици зејтин, 1 квасец. Но! Претходно се загрева млекото, а потоа се додава во смесата. Се остава да стасува. Се премесува и се прават топчиња. Се сукаат и на средина се става од филот, се затвораат и се притиска со виљушка за убаво да се спојат. Се пржат на загреано масло. Фил по избор.

Рецепта за печени: (или фактички затворена пица)
Во сад сееме 500 гр. брашно, на средина ставаме 40 гр. сув квасец, 1 лажичка шеќер, 100 гр. стопен путер, 1 лажичка сол сипуваме по краевите на брашното и полека со 100 мл кисела вода и 100 мл јогурт замесуваме средно меко тесто. На тестото му ставаме најлонска кеса и добро го покриваме да стаса. Стасаното тесто го делиме на мали топчиња, од секое топче развлекуваме кора и ја полниме со филот. Полека ги затвораме со вилушка нежно стискајќи по краевите. Панцеротите ги ставаме во плех обложен со хартија, матиме едно јајце му капнуваме малку зејтин и ги премачкуваме панцеротите. Фил по избор.

И зачини по избор. Сусам, оригано, ким... :)


Досегашните теми:
Потпечени макарони
Домашен бурек
Медено срце
Тавче - гравче
Селско месо
Солени мафини
Полнети тиквици
Тава ориз со пилешко
Летен пинџур
Пилешки прсти
Мусака од модар патлиџан
Палачинки
Мрзлива баница
Лазањи со бешамел сос
Пица со готово тесто/стар леб
Нудли со морски плодови
Кајгана
Фахита
Полнети компири
Плескавици од тиквички
Домашна пилешка супа
Домашни јуфки
Ролат со ајвар
Чоколано/лимон СУФЛЕ
Полнети пиперки
Шпагети Карбонара
Цезар Салата
Ладен сендвич
Јајца на око
Новогодишна трпеза
Зелник
Пастрмајлија
Чоколадни шишарки
Крофни
Помфрит
Потпечени лепчиња
Прекрасна марула
Макарони салата
Похована даска
Топено сирење
Проја
Бомбици
Пилешко во кари сос
Рататуј
 

Kajgana Shop

На врв Bottom