Кајгана Медиа вработува PHP Developer

Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кајгана Медиа има потреба од веб дизајнер за полно работно време. Новиот член кој ќе му се придружи на нашиот тим во Скопје го гледаме како креативна, одговорна и мотивирана личност.

Одговорности:

* Креирање веб страници, како и извршување на задачи поврзани со веб продукција кои ги доделува Менаџерот на тимот.

* Работа како член на тим на поголеми проекти, како и индивидуална работа на помали проекти и задачи, со однапред прецизирани рокови.

Клучни квалификации:

* Најмалку 3 години работно искуство.

* Одлични веб дизајнерски вештини, со импресивно онлајн портфолио.

* Способност за извршување специфични улоги во тим, или да работи самостојно, во зависност од потребите на проектот.

* Способност за работа и балансирање на повеќе задачи истовремено, справување со задачи во кратки рокови.

* Одлични комуникациски способности во пишана и вербална форма.

* Познавање на PHP и Drupal се предност.

Како да аплицирате?

Сите заинтересирани кандидати за работното место може да ни го испратат своето резиме на contact at kajgana.com со назнака „За оглас за вработување“.

Огласот трае до 15.04.2011 год.

Огласот е затворен.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Огласот за вработување погоре е затворен одамна, така да игнорирајте го.
Сега има нов оглас за PHP Developer. Има ли јунак кој ќе се пријави? :)

http://it.com.mk/kariera/?job_listing=php-developer

Опис на работа

Кајгана Медиа има потреба од PHP Developer за полно работно време. Новиот член кој ќе му се придружи на нашиот растечки тим во Скопје го гледаме како сериозна, одговорна и мотивирана личност.

Опис на работното место:
* Креирање и развој на веб страници и веб базирани апликации, како и извршување на задачи поврзани со веб продукција кои ги доделува Менаџерот на тимот.
* Работа како член на тим на поголеми проекти, како и индивидуална работа на помали проекти и задачи, со однапред прецизирани рокови.

Клучни квалификации:
* Најмалку 2 години работно искуство.
* Способност за извршување специфични улоги во тим, или да работи самостојно, во зависност од потребите на проектот.
* Способност за работа и балансирање на повеќе задачи истовремено, справување со задачи во кратки рокови.
* Одлични комуникациски способности и солидно познавање на англиски јазик во пишана и вербална форма.
* Познавање на Drupal е предност.

Како да аплицирате?

Сите заинтересирани кандидати за работното место може да ни го испратат своето резиме на contact at kajgana.com со назнака „За оглас за вработување“. Во резимето задолжително наведете проекти во чија реализација сте учествувале и наведете ја вашата улога во нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom