Кастинг Талент Шоу ,,Тајно моја"

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Веќе два дена поминаа од кога започна шоуво, ама гледам никој не отворил тема:D

,,Кастинг талент шоу" е Македонско шоу чија цел е да се изберат најдобар женски и машки пејач кои ќе го изведат мјузиклот ,,Тајно моја" во чест на Тоше Проески, чие финале ќе се одржи на денот на роденденот на Тоше, 25 јануари.

Освен тоа што во ова шоу ќе се избираат најдобар машки и женски вокал, ќе се бара од нив да покажат и актерски способности, поточно она што ќе го отпеат ќе треба и да го одиграат. Целта на ова шоу е да се пронајдат и направат нови Македонски музички ѕвезди.

Шоуто е од типот на ,,Идол" и ,,Икс Фактор", а (ќе) се одржува во Македонска Опера и Балет. Жирито е составено од Игор Џамбазов, Сара Мејс и директорот на МОБ, Игор Дурловски. Шоуто е организирано од страна на МОБ во копродукција со 3D продукција. До сега се пријавиле 500 кандидати, а шоуто започна на 28 ноември и ќе се емитува секој ден на Канал 5 со почеток во 21:30 часот.



Јас искрено сум среќен што конечно на нашиве телевизии има Македонско талент шоу и што оние што знаат да пејат ќе имаат шанса да се докажат и покажат во својата држава. Иначе до сега ги гледав и двете епизоди од аудициите и морам да кажам дека ми се свиѓа шоуво, а и стварно строги критериуми имаат. Ми се свиѓа тоа што имаат вложено во сцена, осветлување, озвучување, организација и камера.


Ваше мислење?:)
 
Последно уредено:
Ми капеа очи првата епизода, незнаев дали е комедија или е трагедија :(... Незнам само како не им е срам да се пријават... :sick::sick::sick:
 
Шо ќе пееш?
-Саша Ковачевиќ
Неможе бирај друга :D
 
Среќа отвори тема, незнаев кои се тие со Џамбазов во жирито.
Една епизода гледав, 10мин и исклучив. Чисти глупости.
 
Македонска работа. Пијаничиште ќе бира пејачи.
Пијаничиште, коцкар, курвар, наркоман... Како сакаш наречи го, реално има поголема музичка култура од цела македонска сцена моментално, подобар писател од сите македонски писатели, моментално.
 
Пијаничиште, коцкар, курвар, наркоман... Како сакаш наречи го, реално има поголема музичка култура од цела македонска сцена моментално, подобар писател од сите македонски писатели, моментално.
хахахахаха не. Очигледно немаш прочитано ништо македонск, поново од 1945. :tapp:
 
Не е лошо но МОБ мислам дека не треба да се замара со вакви работи и премногу да навлегува во комерцијални работи. Мислам дека вакви шоуа не се за културни установи како МОБ и МНТ.
 
Кај не утепаа нас со турските серии па и се утепаа самите. Нормално дека новите продукции ќе се лоши кога 10год ништо не работеа и сега од еднаш сакаат да создадат нешто. Ова му доаѓа исто како некој да не возел 10год и од еднаш седнува зад волан, педалите нема да знае за што се. Така и овие сега.
Еден Идол кој реално беше лош личи едно 10x пати подобро од ова, а да не збориме за М2 продукција на времето.
 
Катастрофа!
Прво учеснициве се кој од кој. Во претходните две епизоди, дали двајца беа океј. Жириво е многу лошо. Воопшто не се искрени кон кандидатите. Гледам дека не сакаат да ги навредат учеснивите, ама тоа така не се прави. Ниту знае да пее, ниту има убав глас... Музикален си, имаш талент, ама не е тоа што го бараме... Е како не. Да ги прашаш искрено и тие не знаат што бараат. Сцената и организацијата исто така им е лоша, ама со оглед на тоа што се само аудиции, ќе им простиме. Да се надеваме дека понатаму ќе се потрудат повеќе.
 
Најакото од се е кога ќе се појават старци или мали деца и после има кажуваат не е тоа што го бараме. Можеле да одредат годините од колку до колку да се пријавуваат а не вака да се малтретираат деца и старци безвезе.

Покрај годините пред почеток на шоуто во рекламата и во листот за пријавување требало да напишат каков жарн смее да се пее.
 
Последно уредено:
Први сме ние македонците за вакви шоуа и емисиите на драган вучиќ
 
Први сме ние македонците за вакви шоуа и емисиите на драган вучиќ
први сме да тепаме сеир на антиталентиве што се пријавуваат. :pos:
Следниов сега е Маџар од Србија што дошол во шугаво македонско шоу. :tapp: Бар у Пинк да си отишол човекот, до овде се малтретирао.:busi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom