Канцелариски психопати

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Koрпорациската етика поттикнува психопатско однесување - позади амбициозноста всушност се крие безобразност. Доколку сте жртва на психопат, сменете ја работата, бидејќи тој никогаш нема да се смени.
Психопатите нема да ги сретнете само по судниците и затворите, туку и во канцелариите, предупредува др. Џон Кларк, доктор по психологија на Универзитетот во Сиднеј, кој објави водич за препознавање на психопати.
Др. Кларк предупредува дека најмалку еден процент од вработените го имаат ова пореметување, што и не е толку многу, но проблемот е што "корпорациската етика" поттикнува вредности кои водат до психопатско однесување. Тој вели дека позади "амбициозноста" всушност се крие безобразност и желба за успех по секоја цена, а водечките луѓе во деловниот свет таквото однесување го поттикнуваат и наградуваат.
"Доколку видите оглас кој вели: 'Знаете дека сте најдобри, можете да влијаете на другите, одлучни сте на својата организација да и осигурате победа по секоја цена', тоа е повик за психопати" вели др. Кларк.
Според неговата книга, психопатите на работното место можат да се препознаат по следното:

1. Безгрешни - психопатите на работното место не чувствуваат вина, без обзир на тоа колку злоупотребуваат, подметнуваат и го нарушуваат кредибилитетот на другите соработници.

2. Заводници - имаат речник и повеќе се склони кон разговори во четири очи, отколку учествување на состаноци.

3. Манипулатори - системот и правилата ги сфаќаат како им одговара, се хранат со туѓите слабости, посебно со недостатокот на самодоверба.

4. Наметливи - присвојуваат заслуги за туѓи успеси.

5. Патолошки лажговци - не се добри лажговци, но постојано смислуваат "добри приказни".

6. Непредвидливи - чувствуваат само примарни емоции (радост, тага, бес...) и многу бргу менуваат расположение.
Др. Кларк вели дека канцелариските психопати многу често се спријателуваат со некој на висока позиција кој може да ги заштитува, а тогаш почнуваат да го поткопуваат и својот заштитник за да се искачат на "корпоративната скала".

За оние кои се погодени од ваквиот начин на однесување, др. Кларк вели дека последиците најчесто се катастрофални. Жртвите на ваквите психопати стануваат ладни, цинични, ја губат самодовербата и довербата во другите луѓе, стануваат огорчени и неспособни за делување.
Против канцелариските психопати се бори со тимска работа и слога. Кога ќе сфатите зошто некоја личност ви го прави тоа што ви го прави, знаете дека не станува збор за ваша грешка.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Можеби решението на проблемот би било ние да станеме макијавелисти, се дури не дојдеме до повисок степен на "канцелариски психопатизам" од нив.

Ако сепак, моралот и етиката не ни го дозволуваат тоа, и притоа веруваме во сопствените вредности и можности, нема потреба да се чувствуваме како жртви на некој канцелариски психо. Или пре би рекол, фотеља addict.

Aко пливам на отворено море,ќе бидам подготвен за ајкулите. Ако не ми е гајле или не размислувам дали можам бидам гризнат...тогаш, тоа е само мој проблем. Јас ќе ги сносам трошоците за лекувањето. И понатаму ќе верувам дека со чесност, труд и знаење можам да бидам почитуван и награден. Ако не од некој друг, тогаш од себеси. :)

Нормално, секогаш постои опцијата ако некој сака да се насладува со мене, на мени да му понудам жилаво месо...

Корпорациска етика... my ass :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom