Во овој медиумски куршлус кој владее, Канал 5 е убедливо, убедливо, убедливо најлошата телевизија. А да бидеш најлош во ова друштво, треба да се надминеш себеси. Така тие се надминаа себеси у негативна конотација.
Да почнеме од информативната секција. Дека се провладина телевизија, јасно ни е. Али и како провладина телевизија се убедливо (ќе го прегорам зборов од употребување) најнетокму. Во споредба со нив, Сител изгледа ко да има умерена наклонетост. Значи не само што вестите се спинувани, пристрасни и полулистички, тику се и заблудни. Пред вестите (не знам у колку саат се емитуваа) горе врти телоп во кој има бомбастични најави (секој ден !!!) кои потоа немаат врска со тоа што ќе го има у вестите.
Пример: СТРАШНА СООБРАЌАЈКА, ЗАГИНАА 9 ЛИЦА!
Страшно популистички, несрочен и пред се неморален наслов, затоа што не е потенцирано каде е случена несреќата, што автоматски кај гледачот внесува сомнеж дека таа е во Македонија. Потоа ќе испадне дека таа се случила во Туркмекистан.
или пак,
НЕВРЕМЕ СО СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
кое ќе испадне дека е невреме од „неверојатни“ 7cm снег.
Понатака, забавно-играната програма, која нели се дели на: шоу емисии, музичка и играна.
Шоу емисиите и музичката, доминира спрска продукција, односно Гранд продакшн.
Без да навлезам во квалитетот на тие емисии, поточно Звезде Гранда, тотално убитачен е начинот на кој ја промовираат емисијата.
Целодневно се вртат најави од типот:
КОЈА Е ПРИЧИНАТА АНА БЕКУТА И БОСАНАЦ ДА ИГРААТ ВАЛЦЕР?
КОЈ ГО НАЛУТИ АЦА ЛУКАС?
па влегуваме во фаворизацијата на македонските претставници, односно:
ЧИИ МАКЕДОНСКИ МАЈКИ НЕПОТРЕБНО ЌЕ ПЛАЧАТ ЗАРАДИ НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ?
МАКЕДОНКАТА СО НАЈСИЛЕН ГЛАС НА ВЕЧЕРТА ГО ЗАШЕМЕТИ ЖИРИТО
НАШИОТ ПРЕТСТАВНИК ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ
и потоа испаѓа, дека нит некој плаче, нит нашата е најдобра, нит засениле некого. Па уште и коа приметив дека Ване гејот го зеле за спикерче, шта речи.
Немам ништо против дечките и девојките од Македонија што се пријавуваат на шоуто, зборувам за начинот на кој Канал 5 го пренесува, кој сигурно е поужасен и од тој на Пинк/Гранд.
Остатокот од шоуата се они чкљ емисии од типот „Прељубници“ и др. Коментар непотребен.
Играна програма - турско-индиски серии. Ај што се турски и индиски, туку се и со ужасна синхронизација.
Од домашната програма,
Сопствена продукција:
Овде е делот што мене лично најмногу ми пречи. Пази, снимаат приказни во нивна продукција со кои вршат неверојатно сквернавење на традиционалните приказни. Снимени се со аматерски актери (иако има една ептен јебозовна). Сценариото е никакво и изобилува со вулгарности. Барем да се еротски приказни и да ги прикажат ко такви. Овие се со „програма за сите гледачи“, нема ни 12+ барем ставено, а изобилува со експлицитни соджини. Нема допирна точка со оние приказни од МТВ на времето, па ни со новите приказни на МТВ.
Документарна програма:
Освен оние кратки документарни серијали за дејците од македонската револуционерна борба (кои знаеме од кого се нарачани), нема никаква друга. Странска документарна програма па ич.
Спортска програма - нема!
На Сител и Алфа барем има по некоја капка која е позитивна и привлечна за гледање, овде нема апсолутно ништо. Овде нема „колку пари толку музика“, туку „многу пари а нема музика“. Телевизија за која не вреди ни олку текст да се напише, али ајде, јебеш.