Калиопи

Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи Букле: Не им го потценувам трудот на оние што пеат во бурекчилници!



Напаѓана, оспорувана и озборувана од последниот македонски “Евровизиски фестивал“, Калиопи Букле покажа дека и на тој начин не и дава спокој на нацијата, која повеќе од три децении е ненаситна за нејзината песна. Хит до хит, како што љуби да каже секој нормален што ги препознава нејзините музички вредности, песни за сите времиња и глас што ќе ве крене и “од мртвите“. Со Калиопи секогаш отворено и “без влакно на јазикот“ само за “Свет“.
Со оглед на тоа што сите го почнуваат интервјуата со тебе за твојот најнов проект со Един Карамазов, јас на прашањата за албумот ќе им се навратам подоцна, зашто на почетокот на муабетот ме интересираат некои други работи, а тие се: дали Калиопи и по толку години присутност на естрадата може за себе да каже дека на ова парче земја се чувствува холивудски?
И тоа како! Се чувствувам како македонска Ава Гарднер или подобро како Марлен Дитрих...не, не! Мерил Стрип би била посоодветен пример за тоа како се чувствувам... Или можеби сепак како Ал Пачино е она со што треба да се идентификува мојата холивудска самочувственост. Само за разлика што мојот Холивуд во себе го живеам на Балканов, а тоа и не е секогаш гламурозно. Единствената разлика меѓу мене и гореспоменатите високопочитувани имиња е тoa што искрено не верувам дека кој било од нив би уживал толку долго во балканскиве средби, колку што уживам јас.
И што всушност успеа да ќариш од големото музичко име Калиопи, за себе и своите најмили, сопругот, за потесната и подалечната фамилија, а можеби и за татковината Македонија кога настапуваш во странство?
Уф! Ќарив само големи нешта! Име, репутација, слава, почит, пријатели, непријатели, обожаватели, озборувачи, критичари, писмени и полуписмени, неписмени... И сето тоа е само за мене! На своите најмили им ги дарив мојата неизмерна љубов и доверба, како и мојот успех што го споделувам со нив. Секако, ќарив и големо богатство... убавина од богатство... но, за тоа не ми се зборува!
Можеме да разјасниме - дали Калиопи, како докажан естраден уметник, има нешто против колегите на естрадата, кои многу, многу и не ја мирисаат или против песните што активно се пеат и што најчесто се со сомнителен квалитет, а стануваат доста слушани, но и колку ти би можела да се пронајдеш како изведувач на една песна од типот на песните на Цеца Ражнатовиќ или на Лепа Брена?
Секој докажан уметник нема време за интриги, мирисање или немирисање на туѓи животи. Мојот живот е исполнет со работа до таа мера, што понекогаш ми фали време за себе и за мојата приватност. Единствено нешто што ми преостанува е да го почитувам нивното постоење, како и нивните одлуки, па дури и на оние кои, како што велиш ти, не ме мирисаат... а знам дека постојат! Па, ако се вратиме на почетната реченица од мојов одговор, ќе мораме да констатираме дека токму таквите имаат време за интриги, бидејќи немаат доволно работа. Инаку, има многу песни во кои се пронаоѓам себеси, а кои жанровски се далеку поразлични од она што јас го работам. А доказ дека за мене не постојат граници и предрасуди е токму моментот кога пред извесно време снимив песна на Мили, авторот кој ги направи најголемите хитови на Цеца и на Брена. Таа убава песна ќе се најде на неговата компилација “Милиграм“, која сега нема да ја коментирам, туку ќе оставам допрва сами да ја чуете.
Да си селектор на некоја си “македонска музичка репрезентација“ дали со “црвен картон“ би ги накитила прво пејачите од фолк-музиката или пејачите од забавната и поп-музика, бидејќи ако сакаш да бидеме искрени, и во попот и во шлагерот има многу кич последните неколку години?
Не дај Боже да бидам во една таква ситуација. Тоа дури и како сон ми изгледа кошмарно. А, бидејќи само судиите делат црвени и жолти картони, однапред морам да се дистанцирам од една ваква идеја, бидејќи мое животно правило е – никому да не судам. Секој си одговара сам за своите постапки. А што се однесува до кичот, тој е присутен секаде. Но не е кичот најтемната дамка во шоу-бизнисот. Неискреноста е таа што прави најголем јаз меѓу нас колегите. Што се однесува до мерата, мислам дека лицемерието е поприсутно во нашава бранша, отколку во светот на фолкерите.
Зошто “евровизиската“ песна “Рум дум дум...“ не стана слушана во Македонија, туку по се она непријатно што ти се случи по македонскиот евровизиски настап, оваа мелодија како да падна во заборав?
Сигурно не заради тоа што јас згрешив во мојата проценка, бидејќи и денес тврдам дека Македонија со оваа песна ќе си обезбедеше не само влез во финалето, туку и пласман меѓу првите десет песни. Пред се, заради нејзината необичност и оригиналност, ќе го привлечеше европското внимание, она внимание што во својата земја песната не го доби, а надвор од неа беше наградувана и многу слушана... Но од самиот старт на фестивалот, на песната и беше изрежиран неславен крај, се што отпосле се случуваше беше направено со тенденција луѓето што побрзо да заборават како на песната, така и на сите доблести и убавини на двајца уметници-интерпретатори на песната, кои на својата земја не и подариле ништо друго освен чесна работа и љубов. За жал, тоа ќе остане црна дамка во историјата на македонската музика.
Беше повредена и многу разочарана, бидејќи добар дел од новинарите по тој македонски избор едноставно те дочекаа “на нож“ со грст невкусни и примитивни коментари, а силно ракоплескаа по твојата изјава “дека заминуваш од Македонија“?
Да, бев разочарана, но не и лута, како што многумина од нив коментираа уште истата вечер. А веќе утредента истапија со измислени наслови по насловните страници, со цел да продадат поголем тираж. Подоцна ме лажеа со некоја си уредувачка политика! Замисли, еден угледен дневен весник има уредувачка политика да продава лага, без разлика на тоа што целата јавност ќе ја доведе во заблуда. При тоа, ќе го уништува мојот углед и името што со децении наназад го градев со многу труд!
Зошто кај нас сите пејачи обожаваат да претеруваат со силни самопофалби дека се со големо музичко образование, а кога пеат надвор најчесто во дијаспората поради парите, тогаш сеедно им е дали настапуваат во гостилници, бурекчилници, ќебапчилници...?
Не знам за тоа, но еве ти еден контрапример. Јас никогаш не го завршив факултетот и се откажав од него во име на својата музичка кариера надвор од класичната музика. Но никогаш нема да заминам да пеам во дијаспората, доколку тоа не им соодветствува на стандардите што јас ги поставив во својата земја. Значи, едно правило важи за сите и доколку не е така, не одам. Никогаш не сум го потценувала туѓиот труд и за тоа кој каде пее, зашто и тоа каде пее е вложен труд!
Колку другаруваш со колегите од македонската естрада и со оние од естрадата на поранешна Југославија?
Досега во мојот живот се имам нагледано се и сешто на музичката сцена, кај нас и надвор од земјава. Секогаш велам, ретко е во нашава бранша да се најдат здрави луѓе без искривени критериуми. Постојат луѓе со кои соработувам, постојат и такви со кои одвреме-навреме се наоѓам на кафе, постојат такви што се мои пријатели. Но веќе сум уморна да глумам луда и збунета, заради нечие ненахрането его.
Калиопи е дволична или се тоа само надуени приказни произлезени од твојата преголема доза срдечност, љубезност и воопшто едно фино домашно воспитание, кое те научи при секоја средба со некој познат да го прашаш “како си“?
Ова сигурно го коментирале оние што ракоплескале или оние што не ме мирисаат! (Се смее)... Според нечии “стандарди“ излегува дека дволичноста е резултат на доброто домашно воспитување и култура! Бог да чува!
Кога си почесто во Скопје, можеби сега во деновите пред Нова година, што е тоа што Калиопи купува низ продавниците, дуќаните, шопинг-центрите, опуштено, без страв дека ќе бидеш сликана од некој наш папарацо, дури и ако влезеш во некој бутик за интимна облека?
Кога одам во шопинг, воопшто не ми е гајле дал‘ некој ме гледа или не! Јас сум тогаш дел од светот меѓу кој сум излегла да прошетам и сеедно ми е дали некој ќе ме слика, ќе ме гледа, ќе ме озборува. Не само што не ми пречи, туку нареден пат ќе ве викнам со мене во шопинг на интимна облека, бидејќи гледам дека тоа е она што ве интересира. Така вашиот папарацо нема да се мачи да ме “лови“ по бутиците. ОК?!
Колку Калиопи живее од продажбата на своите цедеа, од своите концерти, од појавувањата во весниците, на телевизијата или сето тоа мора да е “покриено“ од некој си добар спонзор?
Живеам одлично, со оглед на тоа колку многу вложувам во својата работа, иако музичарите во нашава земја се уште се неоправдано обесправени во однос на наплатата на нивните авторски и изведувачки права! Тоа е нешто што под итно треба да се среди кај нас. Спонзорите, исто така, се уште се важен дел во процесот на мојата работа. Кога државата Македонија ќе ги среди горенаведените проблеми, музичарите ќе имаат далеку поголема мотивација за работа, а и помалку ќе зависат од пронаоѓање други извори за финансирање на нивните проекти.
Од што стравува Калиопи - дека можеби ќе остане без публиката, без симпатиите од најблиските, без љубов од сопругот, без контактите со синот Пако, кој остана да живее во Швајцарија со татко му Ромео?
И Ромео и Пако остануваат да бидат дел од мојот живот, без разлика на тоа што моментално животот најмногу го делам со музиката, публиката, новинарите, со Васил, со пријателите. Не тагувам веќе по она што го носам во себе, како љубовта кон моето дете или на мислата на една земја Југославија која веќе не постои, а сепак е жива слика во моите сеќавања.
Дали стравуваш како ќе помине твојот најнов проект со Един Карамазов за кој завидливиот дел од конкуренцијата “пушта гласини“ дека Калиопи нема ништо со тоа цеде туку само се прави важна, па важна ли си?
(Се смее)... Да, да, УМИРАМ ОД СТРАВ! Оххх... што ли да одговорам на ова, а да не испадне глупаво, кога и самиот ти, како врвен новинар, знаеш се! Ај, поарно ќе си премолчам! Тоа се истите тие “загрижените“ што пишуваат разни коментари по форумите и го валкаат моето име. Додека со Един го работевме албумот, пишуваа дека нема ништо да биде од долгонајавуваниот албум со светски познатиот Карамазов. Кога се објави веста дека албумот е готов, молчеа како риби! А кога го објавивме албумот и помина неговата промоција, повторно се огласија, ама сега со промашени изјави и критики. И да биде уште потрагично, мислат дека под псевдонимите го кријат својот вистински идентитет, а самите веќе оддамна си ги имаат симнато маските од лицата. Сите ги препознав!
Зошто токму Един, а не да речам и Есма Реџепова, твоја кумашинка, која можевте да ја ангажирате во некоја од песните, а со која сега многу ретко се појавуваш во јавноста за разлика од порано, кога бевте неразделни?
Со Есма ме врзуваат три нешта што се најмалку врзани за каков било интерес. Најпрво музиката, потоа кумството и како трето почитта кон делото на Стево Теодосиевски, кое датира одамна и кое за мене е големо наследство за македонската музика. Се останато, без разлика на тоа од чија уста ќе излезе, а е врзано за мене и за мојот однос кон неа, ќе биде чиста шпекулација и невистина. Така што мојот проект со Един не е замислен како проект на кој ќе гостува трето или четврто лице, тоа е приказна помеѓу нас двајца, исто како што ни во мојот дует со Есма не гостуваше Карамазов!
http://www.svet.rs/
_________________________________________________________________________

Среќа и тага - нов сингл на Калиопи


Среќа и тага е новиот поп-сингл на Калиопи на македонски јазик, кој синоќа беше ексклузивно промовиран на Метрополис радио. Музиката и текстот за песната ги напиша Калиопи, а арaнжманот е на Дарко Димитров.

Среќа и тага е најава на новиот поп-албум на македонската поп-дива, кој ќе излезе до крајот на следната година.

Албумот ќе има македонско и хрватско издание кое ќе биде наменето за музичките пазари во целиот регион.

http://mmm.com.mk/default.asp?ItemID=EAD02D7E7BB9A9499F986C5B986FAE9C
________________________________________________________________________
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Опи & Едо и го претставија Oblivion на Хрватска


Оваа среда во Загреб, во познатиот Куклен театар, Калиопи и Един Карамазов го претставија албумот Oblivion за хрватските медиуми, пријатели и фанови.

Албумот во Хрватска е во издание на Хит рекордс и веќе е во продажба долж дистрибутивната мрежа.

Промотивниот концерт започна со Melodia sentimental, по што Калиопи ги поздрави сите присутни, меѓу кои беа и Данчо Марковски, македонскиот амбасадор во Хрватска, др. Изет Агановиќ, советник во кабинетот на хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, протојерејот Кирко Велински, како и музичарите Арсен Дедиќ, Аки Рахимовски, Алка Вуица, Теди Спалато, актерките Ања Шоваговиќ Деспот, Миа Беговиќ, Костадинка Велковска, и многу други кои уживаа во прекрасната вечер.

Како и во Скопје, Калиопи & Карамазов секоја песна ја претставија посебно, оти секоја има своја приказна.

Затворете ги очите и препуштете и се на прекрасната музика – кажа Калиопи на почетокот на промоцијата...


На бис повторно беше изведена насловната тема Oblivion, а најтрогателен момент на промоцијата беше кога Калиопи ја пееше песната Hallelujah, на Леонард Коен, која ја посвети на синот Пако.


По промоциите во Скопје и Загреб, Калиопи & Карамазов се подготвуваат Oblivion да го претстават и во Љубљана, Сараево, Белград, Подгорица (или Цетиње)...


http://mmm.com.mk/default.asp?ItemID=7DBEDB2EFCE1474ABDDC1915EEECAF69


________________________________________________________________________
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи 2009-ретроспектива

2009 година за Калиопи е повеќе од успешна и плодна година на награди и признанија, многу концерти и настапи во целиот регион и нов албум неменет за светскиот музички пазар.

По извонредната промоција на хрватскиот албум "Желим ти реќи" во 2008 година, Калиопи ја стартуваше 2009 година со спектакуларниот солистички концерт во Метрополис Арената на Денот на вљубените. Во стилот на светските музички ѕвезди, за прв пат во Македонија, на концертот беше промовирана и колекцијата сувенири со ликот и потписот на Калиопи. Заедно со светските музички ѕвезди Стинг, Рене Флеминг и Андреас Шол, Калиопи се најде и на последниот албум на Един Карамазов кој излезе под етикетата на светската дискографска куќа DECCA. Калиопи беше наградена и со наградата "Царица Теодора" за успешност на естрадата во Србија за 2008 година. За влакно и избега победата на домашниот Евросонг, а со истиот дует со Наум Петрески победи на "Сунчане скале" во Херцег Нови. На истиот фестивал ја зема и "Принчевата награда" за најдобар фестивалски настап. Во Сараво на наградите "Даворин", Калиопи ја прогласија за најдобар женски вокал од екс Југославија. Одржа и хуманитарен концерт во Тиват и настапи на Хрватскиот радиски фестивал во Опатија. На фестивалот во Будва ја доби наградата "Даворин Поповиќ" за најдобра интерпретација, а во Сараево го одржа и својот прв солистички концерт. Летото беше претседател на жирито и специјален музички гостин на "Европа пее" во Бања Лука, а настапи и на "Руњиќевите вечери" во Сплит. Настапуваше на концертите посветени на "Индекси" низ цела екс Југославија. Во ноември, со Един Карамазов го промовираше албумот "Обливион" со концерт во МОБ , а иста успешна промоција имаше пред две недели во Загреб. Калиопи настапи и на традиционалниот Божиќен концерт во ХНК-Загреб, хуманитарниот концерт на фондацијата Ана Рукавина, како и концертот на плоштадот во Скопје по повод визната либерализација за Македонија. Годината поп дивата ја заврши со синглот "Среќа и тага" кој е радиски хит и најава за следниот поп албум на македонски јазик, како и синглот "Невиност" од компилацијата "Милиграм", кој е веќе мега-хит на просторите на екс-Југославија.

http://kaliopi.com.mk/
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Концерт на Калиопи ексклузивно на Сител 3

По повод Божиќните празници, на 7 јануари, со почеток во 20 часот, ексклузивно на Сител 3 Телевизија, за прв пат ќе биде емитуван големиот концерт на Калиопи од Метрополис Арената.

Ова е официјална телевизиска премиера на спектакуларниот концерт на Калиопи, кој што се одржа минатата година по повод Денот на вљубените во Метрополис Арената во Скопје.




http://kaliopi.com.mk/
 

Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
Калиопи и се е можно.Се на се добра певаљка.
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи и Карамазов освоија со „Обливион“

На комерцијалната сцена најзабележлив успех и прием кај публиката има албумот на Калиопи и Един Карамазов насловен „Обливион“, според истоимената композиција на Астор Пјацола, во издание на „Калиопи мјузик продакшн“, кој светлото на денот го здогледа на два месеци пред крајот на годината. Овој албум кој беше дочекан со срце од многу љубители на музиката на Калиопи, иако е ставен во листата на забавни комерцијални изданија, ги преминува границите и слободно може да биде класификуван како етно-џез поради тоа што на него се содржи филмска музика на композиторот Виља Лобос, Енио Мориконе, но и композиции од Бах, Качини, но и македонски и руски изворни песни.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1039&ArticleID=40235
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
14
Поени од реакции
1
Супер си е Калиопи , одлични песни и ептен добар глас , само шо ете незнаеме да си цениме шо иаме , увек ќе постојат некои шо ќе кажат дека една Елена Ристевска , очајно глупо суштество и со никакви гласовни квалитети ни е кралица на музиката у Македонија :pos2: Збориме кој какви песни има и како пее не кој поише се соблекол :tapp:
 
Член од
11 јануари 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
браво за информираност на селотејп! и браво за Калиопи! некогаш знае да забега ама тоа и се простува бидејќи е целосен уметник!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Калољопи е пеачка и некаа пее а не да тресе глупости оти глупа е ко гуска, вика мажите се плешеле од успешни жени, прво нека дефинира што е тоа успешна жена (мисли на себе, демек другите гуски се што имаат деца и фамилиа без кариера) а второ одма таа знае дека се плашеле мужите од успшешни жени, како да не, на прави мажи не им требаат успешни жени што ќе им се, им треба домакинка дома да седи да чисти да пере и да готви и да ќути!!!!!
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Калиопи порано имаше поубави песни и повеќе ја сакав, а за нејзините гласовни способности нема многу што ние да збориме....
Последен пат ја видов на настапот на денот за визна либерализација на плоштад и ептен ми беше бедно кога буквално ја тераше публиката да и ги пее песните и да аплаудира.Дали тоа се должи на опадната популарност или нешто друго...:toe:
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калољопи е пеачка и некаа пее а не да тресе глупости оти глупа е ко гуска, вика мажите се плешеле од успешни жени, прво нека дефинира што е тоа успешна жена (мисли на себе, демек другите гуски се што имаат деца и фамилиа без кариера) а второ одма таа знае дека се плашеле мужите од успшешни жени, како да не, на прави мажи не им требаат успешни жени што ќе им се, им треба домакинка дома да седи да чисти да пере и да готви и да ќути!!!!!

леле колку простотилок собран во неколку реда... жалосно.... живееш ти едно 50 години во минатото....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom