statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.617
За Калиопи одамна прекинав да се грижам дали ќе ја “навредам или понижам“. Поточно уше од моментот кога дознав дека се трескала од земја зашто да не иде таа место Тоше Проевски кога на ист начин (без гласање) беше избран да оди на евровизија со разлог дека не е праведно, а годинава коа она оди - и прија и си ќути.Е браво за сите што се испофалија дека знаат повеќе англиски од Каљопа, а и за оние кои ветија дека и да им се даде можност да ја претстават некаде земјава нема да одат или нема уста да отворат за да не не` посрамотат. Фала им на скромноста и свесноста.
Точно е дека женската прави смешни грешки и дека половина петтодделенци знаат десетпати поточно да зборуваат англиски. Но, таа разбра се` што ја праша новинарот и одговори соодветно и разбирливо, иако со граматика и вокабулар на женски Тарзан. Кој сака да ја сфати поентата, ќе ја сфати. Јазикот пред се`, служи за комуникација, а комуникацијата во интервјуто беше одржана скоро 6 минути без проблем. Калиопи не оди да импресионира со совршениот англиски на Англовизија (како што со право рече), туку да го прави тоа што најдобро го знае - да пее. Така и заврши интервјуто.
Тоа што е drama queen, што со тие емоциите претерува до посер и мене ме нервира, но кој е совршен? Сепак, не заслужува така да ја навредиваме и понижуваме, ние големите патриоти и полиглоти што сме силни само на зборови, фалење и плукање во далечина.
А коа више праќаме човек на ваков настан каде што англискиот е скоро задолжителен, зар идиотизам е да се знае англиски да се докаже дека иако народ со азбука од словенски корени и тврдо р, можеме да научиме и друг јазик и тоа перфектно? Боље е да се праеше дека воопште не знае англиски, него да се бламира со вакви ствари. Нека слуша (разбира) на англиски али нека одговара на македонски. Или и преведувач беше многу да се најми. Ако да ондак не ни е гајле за евровизијава и преносот (па и учеството) треба да е укинат. Коа више се штеди пари, нека биде до крај.