- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.812
- Поени од реакции
- 1.082
Како ќе изгледа новиот најголем аеродромски терминал во светот?!
17.04.2014
Турција постојано е дел од листите на Топ 10 најпосетувани туристички дестинации во светот, а сигурно е и дека оваа земја ќе остане на првите позиции, ако се има во предвид дека наскоро во Истанбул ќе биде изграден и најголемиот аеродромски терминал во светот.
Имено, само во последните неколку години Турција забележа голем скок на листите за најпосетени туристички дестинации, искачувајќи се веднаш зад Франција и Шпанија.
Така, повеќе од 35 милиони странски туристи ја посетиле Турција во 2012 година.
Секако, и авиокомпанијата "Turkish Airlines" вложува голем труд и инвестиции, се со цел да стане најдоминантна светска авиокомпанија, што воедно ќе го направи аеродромот во Истанбул и главна станица во источно-западниот коридор.
Со оглед на тоа што Турција планира во претстојниот период дополнително да го развие својот туризам врз база на инфраструктура која што ќе може да одговори на зголемената побарувачка, турските власти ги претставија своите планови за изградба на најголемиот аеродромски терминал токму во Истанбул и истиот ќе може да прими повеќе од 150 милиони патници во текот на една година.
Моментално, титулата за најголем светски аеродромски терминал ја поседува Големиот терминал 3 на аеродромот во Дубаи, а истиот ги отвори своите врати за патниците во 2008 година и за неговата изградба беа потрошени повеќе од 4,5 милијарди долари.
Сепак, оваа титула наскоро ќе му припадне на новиот терминал од аеродромот во Истанбул, а крајот на градежните активности е планиран за во 2019 година.
Триото од компании "Grimshaw", "Nordic Office of Architecture" и "Haptic Architects" ќе работат заедно за дизајнот на новиот аеродром и тие се убедени дека нивното дело ќе стане "најголемиот светски аеродромски терминал под еден покрив", простирајќи се на површина од речиси 1 километар квадратен.
Аеродромот ќе биде оддалечен 32 километри од центарот на градот, на брегот на Црното Море, а неговата изградба ќе биде спроведена во четири фази.
Се очекува терминалот за првпат да ги отвори своите врати за патниците во 2018 година и се проценува дека низ истиот во претпоследната фаза од изградбата ќе може да патуваат околу 90 милиони патници во текот на годината.
Се со цел да се интегрира со железничките и автобуските линии, како и со метрото, аеродромот ќе поседува голем плоштад и транспортен центар.
Секако, новиот аеродром ќе има и голема улога во зајакнувањето на кандидатурата на Турција како домаќин на Олимписките игри кои ќе се одржат во 2020 година.
http://zazabava.com/kako-kje-izgleda-noviot-najgolem-aerodromski-terminal-vo-svetot