Меѓутоа сигурно првото запознавање е преку филмови и останати “туториали“ кои искрено според мене можат често да создадат искривена перцепција во сексот.
Најдобро се учи во пракса, се друго е споредно.
Еј, да туторијалите ги забораив, туторијалите се топ! Едно клипче со една баба која објаснуваше како се праи фелацио, како ме просветли да знаете, кога ги применив финтите нејзини, резултатите беа експлозивни. И текстуални туторијали не беа лоши, у времето кога немавме бродбенд интернет.
Се се сведува на тоа што постојат луѓе го читаат упатството од шпоретот, и други луѓе кои сакаат сами да се упознаат со функциите. Ај, шпорет е класика, сите имаме дома и моделите не можат многу да се разликуваат еден од друг, ама шо кога ќе ни дојде до раце некој егзотичен уред за кој сме чуле, ама не сме го користеле до сеа? Јас си читам упатства, шо е сигурно, сигурно си е.
Да појаснам уште малце: најверојатно и без упатство ќе успееш да го вклучиш уредот, пошто си има ознаки на него. Арно ама, додатните функции, подобрувањата на функционалноста и начините да се заштеди на енергија .. со ваков пристап постои опасност и никогаш да не ги откриеш.