Како со наместени тендери се цица буџетот

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
kako spomenicite ?????
i ovie od mediumite (pogotovo alfa tv)odma da kazat za greskite ,i deka sega ke gi popraval serafimovski (ama pa i toj izdaica )i posle zosto samo firmi bliski do vlasta dobivale rabota ? pa eve gledate sto pravat drugive odma kritikuvaat ,i odma odgovornost da si prezemela ministerkata za kultura ,pa ona ne gi skratila nozete na skulpturata
bofdas cuva ni se vodite ni se terate ,samo kritikuvate
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Кој споменик е во прашање?
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Полициските панцири паднаа од бугарски „Марс“

Полициските панцири произведени во бугарската фирма „Марс Армор“ стигнале во МВР преку рекламната агенција „Линк медиа плус“

Бугарската компанија „Марс Армор“ ги произвела за „Линк медиа плус“ 500-те панцири за полицајците, за кои маркетинг-агенцијата добила 700.000 евра од МВР. Набавката била спроведена во екот на изборната кампања за локалните и претседателските избори во март годинава. Досега армијата и полицијата панцирите ги набавувала од домашниот производител „Еурокомпозит“ од Прилеп, фирма во државна сопственост.

Покрај оваа „набавка во четири очи“ фирмата „Линк медиа плус“ за околу една година сработила уште три други за МВР - две за маици и еден за ознаки - зделки чија вредност надминува еден милион евра.

„Дневник“ завчера објави детали од непосредната спогодба на МВР со фирмата „Линк медиа плус“ според која фирмата требало да „произведе“ и да испорача 500 балистички елеци и 1.000 заштитни плочи за МВР.

Од МВР потврдија дека во март набавиле заштитни елеци, но детали од договорот не откриваат бидејќи тој бил класифицирана информација.

-“Дневник“ ќе може да го добие договорот во оној момент кога ќе биде приложен соодветен безбедносен сертификат, според Законот за класифицираните информации. По целосно спроведената постапка, според процедурите пропишани за набавки од безбедносен карактер, избрана е најповолна понуда во однос на бараниот квалитет - соопштија од МВР.

Од таму нагласуваат дека пристапот до класифицирани информации на лица што не поседуваат овластувања претставува кривично дело за кое, според Кривичниот закон, е предвидена казна затвор до 10 години.

Бугарската фирма за „Дневник“ потврди дека за „Линк медиа плус“ ги работела панцирите за полицајците. Но, не ги открија ниту цената по која ги работеле ниту количината, бидејќи станувало збор за строго доверлива информација.

- Не можам да ви кажам цена, таа може да варира. Еден панцир може да чини 4.000 друг 1.000 евра, се' зависи од квалитетот. Никој не смее да ви открие цена за таква набавка. Панцирите за вашата полиција се целосно изработени кај нас. Испитани се во наша балистичка лабораторија. Тестирани се и од МВР. Имаат гаранција пет години и се според сите стандарди за квалитет. Една количина беше испорачана пред избори, а другата во мај - изјави Пламен Ташков, управител на „Марс Армор“.

Тој информираше дека фирмата, специјализирана за изработка на панцири, има 50 вработени и соработувала со бугарските министерства за одбрана и полиција, дека извезувале во Египет, Катар и во други земји.

Во домашниот производител „Еурокомпозит“ ни потврдија дека досега редовно соработувале со МВР и со АРМ, но не открија колку би чинела набавката ако би ја работеле тие.

Поранешни високи функционери во МВР тврдат дека панцирите за полицајците ги набавувале по цена од 650 до 850 долари.

Сопственикот на „Линк медиа плус“, Ѓорги Вуков, кој лани од финансиската полиција доби кривична пријава за затајување данок, извршил најмалку десетина набавки за државни или општински институции. Работел два проекта за Град Скопје за дочекот на Новата 2009 година за нешто помалку од 150.000 евра, набавувал униформи за вработените на аеродромите во Скопје и во Охрид за околу 38.000 евра, за 26.000 евра набавил брендиран материјал за Секретаријатот за европски прашања, бил ангажиран за билборди, табли, за хоризонтална и вертикална сигнализација за Гази Баба - за 46.000 евра.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A Marsoviot gazda??? facka neli??? :)

A be ova VMRO tri zivota da zivee , ne ke moze da se odkaci od bugarskive finansieri koi go napraija partija....vo vremeto....na Baj Ljubco..
 
B

Borg_Drone

Гостин
Сопственикот на „Линк медиа плус“, Ѓорги Вуков, кој лани од финансиската полиција доби кривична пријава за затајување данок, извршил најмалку десетина набавки за државни или општински институции. Работел два проекта за Град Скопје за дочекот на Новата 2009 година за нешто помалку од 150.000 евра, набавувал униформи за вработените на аеродромите во Скопје и во Охрид за околу 38.000 евра, за 26.000 евра набавил брендиран материјал за Секретаријатот за европски прашања, бил ангажиран за билборди, табли, за хоризонтална и вертикална сигнализација за Гази Баба - за 46.000 евра

:pos2::pos2::pos2:

Наместо парите да се вртат на нашиот пазар, парите одат кај Бугарите.Made in Bulgaria за всички добре.Инаку можам да замислам уште колку има вакви како арамијава кои затајуваат данок, а што е најжалосно тука во таа игра вмешани се и државните институции.Срамота!!
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Затоа пак Прилепчани ќе садат тутун кога ќе им се затвори веќе колабрираниот Еврокомпозит и ќе се шетаат крај фонтаните што единствено им ги направи градоначалникот од ДПМНЕ,освежувајќи се со вода од чешмата кај споменикот на Итар Пејо,за да ги потсетува колку биле глупи кога гласале за ваква власт,која наместо да создава работни места,таа ги затвора,за Бугарски и слични тендерски интереси.:pos2:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
jas se prasuvam a i logicno e stecajnite upravnici da bea soucesnici vo propaganjeto na firmite
Точно е дека беа учесници и пројдоа неказнето,а властите им помогнаа во тоа,и сеуште им помагаат.Меѓутоа сега доколку имаш фирма и доколку не добиеш некаков државен тендер,односно константно го добива оној кој нема никаква врска со работата за која учествувал и добил на тендерот,ти пропаѓаш како стопанственик,ги испушташ вработените да си одат дома,слично како што направив јас со мојата мала градежна фирма.
Би го навел примерот на еден од последните наместени тендери:

Во Прилеп,се распиша тендер за ревитализација односно реновирање на ОУ.Кочо Рацин,кое е едно од најстарите основни училишта во Македонија,порано познато под името Цар Самоил,и парадоксот да биде интересен,на тендерот добива фирма од Велес,се разбира со образложение дека тоа е најдобриот избор.Инаку ова е втор или трет тендер за истото училиште,каде секоја година нешто се реновира,ама никако да се дореновира.Најпрвин се сменуваше патосот,за следната година да им текне дека училиштето нема соодветен под,односно плоча,па се извади патосот за поново да се става плоча или соодветен под.Пред некој месец започна да се реновира веќе дотраениот кров и работата запре,како никогаш да не бил распишан тендер.Се чекаше всушност да дојде 1ви Септември,за да се продолжи со работа,или да се кандисаат мајсторите од Велес да го покријат училиштето на кое цело лето немаше никакви активности,па кој знае дали и ќе ги има во догледно време,откако малите деца кој таму требаше да посетуваат настава се префрлени “само“ неколку километри подалеку во друго училиште,со образложение дека уште се работи на старото.Трошоците што при тоа ќе ги направат родителите за да ги носат првачињата во друга школа ќе ги надминат трошоците за реновирање на училиштето или целокупната вредност на самиот тендер.Значи власта (овојпат локална),за да го намести тендерот како што сака,одбира изведувач на распишаниот тендер со “експерти“ кој секојдневно патуваат по 100 километри во еден правец,па работа која можеше и мораше да се заврши за 10-20 дена,сега ќе трае со месеци.Родителите ќе мораат да отсуствуваат од работа,за да ги носат првачињата по раскопаните улици,да им бидат стражари и да ги враќаат дома,само поради лудата замисла на градоначалникот да одбере фирма од друг град која не може да си ги исполни обврските пропишани со самиот тендер ама сепак успеала да го добие истиот ептен очигледно наместен тендер.:toe:
 
ama slusam ovie epten bile pametni.
ne se krivi firmite koi se izbiraat na tender za toa sto ne rabotat brzo i kvalitetno.jas imam soznanija deka otkako ke ja izberat firmata(koja normalno vo m.k. raboti po princip da i se dade 70% avans ,od prosta pricina sto nemaat sredstva za repromaterijal)no ovie i davaat nekoi 20-30% avans ,i lugevo ke pocnat da rabotat so tie sredstva ,i rabotat dodeka imaat pari za materijal,e posle prestanuvaat da rabotat zatoa sto odgovornite gi lazat deka ke im dadat pari ,i posto firmata nema pari normalno e da prestane so rabota.
i sega sledi nagradno prasanje za milion dolari:
koj gi ukral parite,koi normalno bile predvideni da se potrosat za izvedba na objektot?
firmata sto dobila na tender ne e sigurno,zatoa sto TAA ne gi ni videla!

Кој споменик е во прашање?
neznam tocno koja skulptura e vo prasanje posto od odgovorot na premierot na novinarsko prasanje ne mozev da zapamtam,no se raboti za nekoj sto java na konj. ,mislam,nesto so nozete na konjot,pa duri i todorovic (tineks) stanal strucen za spomenici ,i onaka nonsalantno im odgovori na novinarite :citiram "da nesto nozete na konjot bile pokratki,ama sega ke gi zgolemat,sakam da kazam ke gi popravat i nema da ima problem(on misli toa e plukni pa zalepi ,i zatoa ne e nekoja golema greska )
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во Прилеп,се распиша тендер за ревитализација односно реновирање на ОУ.Кочо Рацин,кое е едно од најстарите основни училишта во Македонија,порано познато под името Цар Самоил,и парадоксот да биде интересен,на тендерот добива фирма од Велес,се разбира со образложение дека тоа е најдобриот избор.
Фирмата не знам дали е од Велес, ама мајсторите се од таму.

Пред некој месец започна да се реновира веќе дотраениот кров и работата запре,како никогаш да не бил распишан тендер.Се чекаше всушност да дојде 1ви Септември,за да се продолжи со работа,или да се кандисаат мајсторите од Велес да го покријат училиштето на кое цело лето немаше никакви активности,па кој знае дали и ќе ги има во догледно време
,

Работат луѓето нон стоп месец и пол, ама само четворица се и не само за тоа училиште туку имаат работа и во Добре Јовановски затоа толку долго оди работата, колку што разбрав јас.

Значи власта (овојпат локална),за да го намести тендерот како што сака,одбира изведувач на распишаниот тендер со “експерти“ кој секојдневно патуваат по 100 километри во еден правец,па работа која можеше и мораше да се заврши за 10-20 дена,сега ќе трае со месеци.
Не патуваат луѓето секоја ден туку си одат во Сабота, а доаѓаат во Понеделник сабајле.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Фирмата не знам дали е од Велес, ама мајсторите се од таму.
Работат луѓето нон стоп месец и пол, ама само четворица се и не само за тоа училиште туку имаат работа и во Добре Јовановски затоа толку долго оди работата, колку што разбрав јас.
Не патуваат луѓето секоја ден туку си одат во Сабота, а доаѓаат во Понеделник сабајле.
Како и да е,најдобро ќе биде родителите да го тужат министерството за образование,за изгубените месеци работно време,200 деца по 500 евра,па штетата нека им ја надохнади тој што непромислено го дал тендерот на фирма која го пролонгира до недоглед.Само така ќе се справиме со наместените тендери и неодговорноста при нивната распределба,зошто се во спротивно изгледа ептен наместено,корумпирано и политички филувано.Мајсторите да патувале од Велес,а Прилепските мајстори да одат во заводот за невработени.:tapp:
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Како и да е,најдобро ќе биде родителите да го тужат министерството за образование,за изгубените месеци работно време,200 деца по 500 евра,па штетата нека им ја надохнади тој што непромислено го дал тендерот на фирма која го пролонгира до недоглед.Само така ќе се справиме со наместените тендери и неодговорноста при нивната распределба,зошто се во спротивно изгледа ептен наместено,корумпирано и политички филувано.Мајсторите да патувале од Велес,а Прилепските мајстори да одат во заводот за невработени.:tapp:
NA KRAJOT NAJLOSO E STO I EDNITE I DRUGITE KE OSTANAT SO PRSTOT VO USTA .
velesanite ke rabotat ,a nema da im platat ,a pak prilepcanite se em bez rabota em bez pari .
no toa kaj nas se vika PRERODBA VO STO CEKORI ,NADGRADENA I PROSIRENA DA TRAE USTE TRI I POL GODINI.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
NA KRAJOT NAJLOSO E STO I EDNITE I DRUGITE KE OSTANAT SO PRSTOT VO USTA .
velesanite ke rabotat ,a nema da im platat ,a pak prilepcanite se em bez rabota em bez pari .
no toa kaj nas se vika PRERODBA VO STO CEKORI ,NADGRADENA I PROSIRENA DA TRAE USTE TRI I POL GODINI.
Абе во вашиве општини нема некакви сомнителни тендерчиња или ви “прпа“ вака јавно да ги презентирате?:pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom