Се извинувам за превидот, не ни погледнав на аватарот
Ти одговориле веќе, агентката ја интересира нејзиното, т.е да си наплати што е можно побрзо и уште побитно да има што е можно поголем процент на успешност. Ако имаш искуство, и добар англиски, 491 виза ќе биде сигурица, дури и со 7ца англиски може да поминете комотно.
Ако веќе се одлучите за 491 гледај тоа да биде за Перт, единствениот главен град каде смееш да работиш со истата, и гледам конечно ја олесниле да не треба да имаш работна понуда:
https://migration.wa.gov.au/our-services-support/state-nominated-migration-program
Сепак направете добра анализа што и како е на понуда од поглед на работни места, Перт за инженери е рај, за ИТ послабо но сепак е подобар од другите градови во регионална.
Од другите градови единствени 2-3 каде може да се размисли колку-толку ти се: Gold Coast + делот до Logan, Adelaide, и евентуално Wollongong, но имај во предвид дека во овие градови нема да имаш ни 10% работни места од тоа што има во главните, а се натпреваруваш со талентирани луѓе кои исто како тебе по некоја случајност заглавиле таму.
Бидејќи сте со деца, да си направите сериозна анализа и план што би правеле и како би правеле тука. Кога би добиле виза, прво ќе доаѓа еден од вас и ќе отвора терен за другите, немој да сте се закренале сите заедно и да си ја чукате главата тука. Станува збор за голем и мачен пат, втора работа како што ти пишав погоре ќе треба да престојувате во Airbnb, или пак да делите соби со непознати, да трчате да барате работа и тн.
Во поглед на сопругот,
нека полага и тој англиски, може да добиете дополнителни поени.
Во меѓувреме нека научи занат затоа што јавните набавки од мкд нема да му се од голема корист тука. Има шанси да влезе во фирмите како набавки, но нека има во предвид дека за недостатокот на локално искуство/образование ќе треба да компензира со јазик/дигитални вештини.
За децата, имајте во предвид дека ако треба да ги носите во child care тоа ќе ве кошта по 100-170 долари/дневно по дете, ако се поголеми и одат на училиште е друга математика. Кога би биле permanent
државата ќе ви покрива дел од тоа, но првите 3-4 години еден од вас ќе треба да работи за нив/или да седи дома (за луѓе кои заработуваат помалку ова е поефтиниот начин), а вториот да ги покрива сметките и храната. Секој што има деца, или планира да има во првите 3 години кога ќе стапне тука треба да направи сериозен план бидејќи Австралија ви е далеку од социјална држава кога станува збор за мигрантите.