Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а ти прекуписмена,зошто не одговараш на прашањата?
На кои прашања? Дека земаш 5000 евра плата? Дека жена ти, мајка ти и татко ти земале плата на која се расплакуваш? (4 плати дома) Треба на ова да ти одговорам или и јас да ти се расплачам на судбината која ја имаш? Не ти е срам бе?
Што ги боли каков е просекот на плати, дрн дрн јариња, нека гледаат нека си најдат добра работа која е платена. Што им е гајле Франц или Трајче од Сујаклари колку земале во Германија? Бруто или нето, немој те молам. Бруто ќе кажуваш кога ќе си отидеш у Македонија пред комшиите, овде само за нето збориме.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

те читам и ти се чудам од каде ги имаш овие 5 000 евра ископано,100% си сонувала некој сон?
изгледа тебе морам секој ден да ти спомнам,повторно мене ми е преубаво !!!
од каде доаѓа тој просек од 1300-1400 евра од небо?
не се сите образовани како ти...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
те читам и ти се чудам од каде ги имаш овие 5 000 евра ископано,100% си сонувала некој сон?
изгледа тебе морам секој ден да ти спомнам,повторно мене ми е преубаво !!!
од каде доаѓа тој просек од 1300-1400 евра од небо?
не се сите образовани како ти...
многу повеќе од Леандра,иначе работам во авиоиндустрија;)
но кога ќе ја видам наплатната листа на татко ми,мајка ми,жена ми да заплачеш
Измислувам остај.
 
W

Werther

Гостин
И?
кај се тие 5000 евра,што ти цело време ги спомнуваш?
те оставам и понтаму да измислуваш;)
Добро бе Буби, еве ако не е премногу лично колку зараборуваш ?

Па ќе се разбереме, дали е тешко или не е, со толку пари.

Бива ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Дали знаеш дека со новиот закон секоја компанија што сака да учествува во некаков локал треба да плати 10.000 евра... Ми зборуваш сега за пиварите, а појма немаш од овие работи... Па со тоа се направи еден вид на монопол за ситните риби да неможат да влезат во економијата... Го сваќаш ова или сакаш да ти нацртам?
Што имаат врска пиварите со локали? Гранапчињата не подобруваат економија. Гранапчињата идат сами по себе, откако ќе се стабилизира индустријата.
За прилепска пивара да го пушти во промет новото шише на златен даб со новиот отварач дали знаеш колку финансиски средства се вложени? Тука збориме за милиони ! Овие пари не се направени туку така... Овие пари се вртат кај истите големци што ги донесуваат законите... Кога ќе видиш од страна тоа е едно тркало што постојано се врти... па преку 80 % од вработените во 2те пивари се вмровци, донеси искусен менаџер што ќе го замени некој.. Абе ме чепкаш за работи што со свои очи ги гледам и знам што све не се дешава... И после успешно работела.. Па како нема да работи бе кога ВМРО е на власт кажими?
Милијарда евра им требало за новото капаче. Можеби и повеќе... Зошто некој би менувал вработени во успешна компанија? Што ако менаџментот е вмровски? Компанијата е успешна. Може ВМРО им има обезбедено и извоз во Австралија и низ цел Балкан на Скопска пивара. Такво е ВМРО, сегде е моќно. Истите компании работеа успешно и кога ВМРО не беше на власт.
Цитирај ме и сега како ЕВН работи... Нели остваруваат промет ама како народот живее тоа не е битно... А да дознаеш дека пола од компанијата ја држат македонци пак ќе негираш...
ЕВН си работи одлично. Остварува профит, вработува луѓе. Тоа што е монопол е олеснителна околност. Ќе бевме многу посреќна држава да имавме повеќе компании како ЕВН и пиварите.
Тогаш зошто ВМРОвците уште ја држат? Што не ја срушат и го продадат местото како државно земјиште? Или немаш одговор на ова... Да не беше профитабилна зошто се става на тендер да ја купи друг?
Затоа што се популисти. Ако се паметни ќе го продадат. Се става на тендер затоа што е загубар. А никој не ја купува затоа што е нерентабилна. Охис бил профитабилен... Мајко мила.
И што ако извезува кажими мислиш има успех?
Ма јок. Скопска пивара успешна...
Од каде да ги тргнат? Па од тие позиции што ги набројуваш ти... Скоро сите менаџери се луѓе бутнати од партија... Зошто бе некој со завршена гимназија да работи во ЕВН еве конкретен пример ти кажувам, нема да спомнувам име, зема 60.000 плата а некој што цел живот учи се труди, го насочил своето образование кон тоа, завршил факултет да не може да стане менаџер... Ајде објаснимиго тоа... Како ти знаењето ќе го вметнеш во нашите компании... Мислиш толку нема способни млади кај нас? Зошто тогаш кога ќе заминат во странство стануваат дел од нив големци? пошто таму има можност ! Нема ограничувања како тука ! ете затоа...
Зошто да тргнат успешни менаџери? Менаџерите на Скопска и Битолска пивара, на ЕВН треба да се наградат, а не да се сменат. Ако се од ВМРО, се најдобра реклама за партијата, а не нешто од што треба да се срамат. Вработените се небитни и глупо е да се дискутира за нив. Ниту еден од топ менаџментот на ЕВН не е со средно. И каде тоа реков дека во странство има помала можност за напредување од овде? Јас само кажав дека нам ни треба повеќе способни луѓе, независно каде се произведени. Ама ете и со странство немаме доволно. Сигурно некој и таму не кочи, а ние многу способни...
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Добро бе Буби, еве ако не е премногу лично колку зараборуваш ?

Па ќе се разбереме, дали е тешко или не е, со толку пари.

Бива ?
ќе се извинам прво,но што користиш ако не тајна?
нели ме читаш дека мене ми е преубаво,но неможеме тоа да го генерализираме.
многу фамилии познавам кои одвај месецот го крпет иако двајцата партнери работат(мали плати),но има и други кои живеат без грижи(поголеми плати)
затоа и погоре спомнав дека просекот е 1300-1400 евра НЕТО плата,од тоа можеш да заклучиш колку има испод што заработуваат
 
П

Пепси_

Гостин
За во германија за 1 човек сам да живее (за почеток пример), колкава плата треба да зима за да има нормален живот (да има да јаде,да се облече пристојно,да има скромна кола,и да шетнува по малце) ?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
За во германија за 1 човек сам да живее (за почеток пример), колкава плата треба да зима за да има нормален живот (да има да јаде,да се облече пристојно,да има скромна кола,и да шетнува по малце) ?
Земи ДЕ плата и поделија со 3 и добивал куповна моќ во МК. Ако се земе сооднос на БДП дефлатори треба да е 4 ама мислам дека тоа е премногу зошто таму влегуваат работи кој не се користат многу често. Додуше зависи што ти е мерак. Ама толку е соодносот 3-4.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.812
ќе се извинам прво,но што користиш ако не тајна?
нели ме читаш дека мене ми е преубаво,но неможеме тоа да го генерализираме.
многу фамилии познавам кои одвај месецот го крпет иако двајцата партнери работат(мали плати),но има и други кои живеат без грижи(поголеми плати)
затоа и погоре спомнав дека просекот е 1300-1400 евра НЕТО плата,од тоа можеш да заклучиш колку има испод што заработуваат
Nemozes taka da gi generalizrash rabotite i da davas prosek. Ti moze da znaes za 3-4 familii koj kolku zima...neznaes za site...Ima mnogu nasi sto zimaat ogromni plati koi ti uposte ne gi poznavas... i ako gi stavis niv vo prosekot cifrata odi nagore...Sekoj so svoja sreka i pamet. . Za nasive imam edna prosta forumla (podeli so dva) Ja upotrebuvam koga se falat koj kolku potrosil imal ili zemal....nikad ne me izneverila...
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
47
Поени од реакции
13
1.Гранапчињата идат сами по себе, откако ќе се стабилизира индустријата.

2. Jас само кажав дека нам ни треба повеќе способни луѓе, независно каде се произведени. Ама ете и со странство немаме доволно. Сигурно некој и таму не кочи, а ние многу способни...
1, Премногу оптимистичко гледиште. Кога ќе се подразвие индустријата малку повеќе од ова што е денес значи за едно 10-15 години ако продолжат странските инвестиции ќе влеземе во middle income trap. Со оглед на задолженоста и демографската ситуација може ова да ни се случи и порано. А тогаш Госпот нека ни е напомош за развој. За жал не верувам дека имаме институции и терцијарен сектор кој после тоа ќе ја влече економијата напред. А немаме ни време и пари за тоа го средиме.
2. Во странство има голема бројка на способни и успешни луѓе. Но нема што да им се понуди. Треба услови за работа, плати итн.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
За во германија за 1 човек сам да живее (за почеток пример), колкава плата треба да зима за да има нормален живот (да има да јаде,да се облече пристојно,да има скромна кола,и да шетнува по малце) ?
1 човек=1 200 Нето но нема ништо да ти остане за стари денови;)
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.558
Поени од реакции
22.250
1 човек=1 200 Нето но нема ништо да ти остане за стари денови;)
Ија би ја рекол таа сума за еден човек така спонтано за некој основен живот. 500 ЕУР стан (може и помалце), 350 ЕУР за храна и 350 ЕУР за се друго. За сиромав во Германија важи човек со примања помалце од 940 ЕУР (вклучително и социални примајна од државата) или статистички кој има помалце од 60% од просечните примања во Германија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
1, Премногу оптимистичко гледиште. Кога ќе се подразвие индустријата малку повеќе од ова што е денес значи за едно 10-15 години ако продолжат странските инвестиции ќе влеземе во middle income trap. Со оглед на задолженоста и демографската ситуација може ова да ни се случи и порано. А тогаш Госпот нека ни е напомош за развој. За жал не верувам дека имаме институции и терцијарен сектор кој после тоа ќе ја влече економијата напред. А немаме ни време и пари за тоа го средиме.
2. Во странство има голема бројка на способни и успешни луѓе. Но нема што да им се понуди. Треба услови за работа, плати итн.
Целта на Македонија е да стигне баш таму. Ние никогаш нема да бидеме ни Германија, ни Сингапур, ни Кореа. И од економски и од геополитички причини.

Не зборувам за успешни со плата. Успешни менаџери кои ќе говорат за профит, а не за плата. На таквите треба да им се направи простор. Од тоа би имале корист и тие лично и државата.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Nemozes taka da gi generalizrash rabotite i da davas prosek. Ti moze da znaes za 3-4 familii koj kolku zima...neznaes za site...Ima mnogu nasi sto zimaat ogromni plati koi ti uposte ne gi poznavas... i ako gi stavis niv vo prosekot cifrata odi nagore...Sekoj so svoja sreka i pamet. . Za nasive imam edna prosta forumla (podeli so dva) Ja upotrebuvam koga se falat koj kolku potrosil imal ili zemal....nikad ne me izneverila...
многу сте чудни,тоа е просек во цела Германија не сум го дал јас тој просек:confused:
а за тоа што викаш подели со два 100% е точно,затоа што некој намерно или ненамерно е заменуваат БРУТО со НЕТО плата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom