Како започна мојата приказна ?

Дискусија во форумот 'Навивачки групи' започната од Комита Ултрас, 22 декември 2012.

  1. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Ајде навивачи, раскажете ја вашата приказна како се започнало :)

    Прв пат на трибина: Пошто сум од помладите генерации првата утакмица со Комити ми беше 2003 заедно со татко ми против ЦСКА, фатив барем колку толку добро време :)
    Првпат запалено пиротехничко средство: 2007 година на Вардар - Работнички кога се запалија душеците на атлетската патека, не го погодив јас :D
    Ултрас или кежуал(и зoшто): Ултрас, затоа што сакам да ги носам клубските бои на мене, а воедно не се ни пронаоѓам во Кежуал културата, а и доста е скапа па затоа и кежуалци во нашава држава речиси и да нема.
    Најдобро гостување за тебе: Има повеќе не ми текнува во моментов али како најпосебни би ги издвоил со Милано кога имаше инциденти т.е. цела трибина ни се пушти на нас а ние 100 души преку сила, али тогаш имаше најјака екипа после догло време, легендарни ликови имаше па им се држевме по што моравме да го напуштиме стадионот. Исто така би го издвоил и гостувањето во Куманово на ракомет кога отидовме 3 автобуси и пак имаше ептен јака екипа многу постара. Чекавме сите дуел со Кумани после акцијата на Комити и ФА во Јане кога беа нападнати, па сите сакаа ваљда да се пресметаат пак, и џандари како џандари не вртеа низ цело Куманово, али немаше инциденти освен некои ситни закачки со обичната публика и Делије Куманово кои се избација на полувреме. И уште едно тоа е последното гостување во Охрид. Топ ни се погоди и времето башка летно време беше отидовме екипа ден пред утакмица па искористивме бањање, скара, а и вечерта имаше добра дружба со членови на Рибари.
    Најдобро навивање за тебе: Тешко е да се издвојат некои али мене најдобар впечаток ми оставија пред неколку години со Динамо Минск, Колдинг и утакмиците во Маџари што ги играме.
    Придобивки од трибината: Многу нови другарства, одлична дружба, заборавање на секојдневните проблеми, и да не набројувам :)

    Ако ви текнат некои други работи слободно споделете ги, вие сте на ред :)
     
    На Azriel, DejV', Клипче и уште 15 други им се допаѓа ова.
  2. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    41.676
    Мислам дека има една ваква тема некаде во подфорумов :D
    Ќе пишам подоцна, и само да те поправам бевме 5 автобуси во Куманово, а не 3 :)
     
    На Комита Ултрас му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FARANG

    FARANG Гостин

    Прв пат - Вардар - Приштина 85-86 со татко ми на јужна. Се секавам после утакмица беше брканици низ град. На запад прв пат 1989/90 со тетин ми и некој негови другари. Вардар - Хајдук. Изгубивме. :( Торцида ја чекавме на ридчето пред исток. ;) Скопје беше незгодно гостување за сите.

    Пиротехника - Престон Македонија - Хајделберг Александрос 94та мислам. Кај нив, добро гостување на крај со тепачка позади гол, го јадеа дома.

    Ултрас - Другото е шминкерство на стадион. Метросексуалци :pos:

    Гостување - Хм има повеќе. Ко копиљ Раднички Ниш - ВАРДАР. Километарска колона, меч на сезоната. Со победа сме блиску до титула. На крај заврши нерешено, чаир крцаше од Македонци од цела Македонија. Имаше и со БТ регистрации. Во понови времиња БТ и Саут Мелбурн Хелас - Престон Македониа 2005. Манчевски во 90та минута за 0-1. Хаос на трибини цела утакмица, влетување на терен. Забрана за публика наредните 3 години на дербињата и дома и гости и рекордни казни. 4 полицијаци повредени, еден коњ, гагање со бакљи и пикада. Најдобра акција до сега што сме им направиле дожд од пикада фрливме накај 200 кон нив од еднаш.
    http://www.youtube.com/watch?v=7IxnebIhY_4
    http://www.youtube.com/watch?v=2iMJk5qga84

    Навивање - Варадар - Сараево 87ма. 0-2 на полувреме. Панчев на почеток на второ и последниве 30 мин беше цел стадион на нозе. Јужна грмеше ко запад. Цела сезона дома бевме непобедливи а во гости највечи малери. Се знаеше дека ќе биде блиску за титула па секој бод ни требаше. Савевски ги реши на 2-3 мин пред крај за потполен дилириум. Вака да грми градски никогаш повеќе. На светското 2006 ќе ги памтам кореанците во Лајпциг против Франција. Толку извежбано навивање немам видено. Остај тапани дојдоа со гонгови и чуда. Фанатици.

    Придобивки - пријателства и мемории. Денес и бизнис контакти.
     
    На DejV', superstarpizza, Тетоец и уште 6 други им се допаѓа ова.
  4. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    3.748
    442 до Београда...
    Прва утакмица ми беше дерби, изгубивме. Тогаш одев Индијански, не со екипа, со малце познавање на ултрас културата. До душа бегав од дома бидејќи далеку е Београд и не ме пуштаа средно бев се уште. На првата утакмица бев со другар кој е за Партизан, се разделивме пред Маракана и се споивме подоцна :D.
    Послем се спојив со луѓе кои одат редовно, со нив прва утакмица ми беше Звезда-Металац (5-0), мала бројка на север, но одлично навивање.
    Првпат запалена пиротехника: Со оглед н тоа дека на Маракана се тепаат за палење пиротехника, а и ризично е преку граница сам да си носиш, мојата прва запалена бакља на утакмица беше на КК Куманово - КК Црвена звезда, додуша во кортеото.
    Ултрас или кежуал: Ултрас, се осеќам поубаво додека носам обележје на клубот или групата.
    Најдобро гостовање: Раднички Ниш-Звезда, многу работи го направија ова гостовање најубаво.

    Тргаме две комбиња и една кола, шоферот малце ни забега и по грешка улетавме кај Мераклије во кортео, ние во обележја :D Јас веќе излезен само што слушнав „раднички оле“ си влегов, добар беше другар ми кој немаше време да се врати па глумеше искулиран онака опуштен тип пред нив :pos: Не не нападнаа, а беа 2000 скоро, можам да замислам што ќе се десеше. Послем немавме карти, па некако преку џандари си ги подававме џиткавме во вид на авиончиња. Јако у секој случај. Трибината крцаше навивањето одлично иако куп утакмица, гол дадовме во 90та.
    Најдобро навиање: Ах, многу се. Обично ги сакам оние утакмици со пиротехника многу, така да ајде да речам со Рад, бакљите креваат адреналин. Се сеќавам дека примивме гол и почнавме со навивање што би рекле „да пукну гласне жице“.
    Би ја издвоил и со Војводина последно коло оваа полусезона, очајни бевме за време на 90те минути, ама кога останавме 3 000 после утакмица уште 45 мин, тоа беше навиање(y)
    Придобивки имам многу, пред се пријателства низ цела Србија, каде ида заглавам имам луѓе кои би можеле да ми помогнат, на кои им идам и на гости и они кога доаѓаат во Скопје знаат каде да вртат. Снаодливоста исто така, една од работите што се битни за навивач, посебно за вакви не локал патриоти ко мене е да се снаоѓаш. Не е се во тоа да знаеш дека ќе стигнеш, треба да знаеш и малце на стоп, кои фор палат кај камионџиите итн. :D Треба и цел ден да помине со малце храна и то.


    Убаа тема.
     
    На DejV', ultras1988, pixa и уште 7 други им се допаѓа ова.
  5. VardarVoSrceto

    VardarVoSrceto

    Член од:
    7 август 2011
    Мислења:
    3.159
    Допаѓања:
    4.287
    Прв пат на трибина:
    На јужна со татко ми 2003 против Спарта Прага. Имаме и претходно одено ама оваа е прва на која се секавам. Сум имал 7 години и еден месец. Ми текнува дека кога го примивме педерскиот гол од слободен имаше ,,бранови'' , па ја повеќе бев фокусиран на ,,брановите'' одколку на утакмицата и не ни го видов голот.
    На запад 2010 со Пелистер. Прва утакмица и одма инцидент. После оваа утакмица скоро и да не сум пропуштил утакмица на домашен терен.

    Прво запалено пиротехничко средство:
    /
    Ултрас или Кежуал:
    Ултрас. Зошто сакам на стадион да си бидам во клубските бои.

    Најдобро гостување:
    Во Штип оваа година. Гостовањево почна во Сабота, а утакмицата беше во недела. Интересен викен, а воедно и прво мое гостување ( и засега единствено :( )

    Придобивки:
    Многу нови пријателства :) .
     
    На DejV', Тетоец, Dr. Gonzo и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. Змејко и

    Змејко и Гледачот Дуле од Велес

    Член од:
    10 април 2005
    Мислења:
    1.104
    Допаѓања:
    1.419
    Брату Ози, дај кажи Андон Дончевски дали јаваше таму, и како се покажа? Имаше ли изјави за медиуми, ги мотивираше ли фудбалерите со слики од Гоце, Даме и компанија? Има ли нешто од ова на нет да се види?
     
  7. FARANG

    FARANG Гостин

    Дончевски на двапати беше тренер на Престон Македониа. Првиот пат откако освои титула со Вардар во 80тите и успеа да ја спаси Престон Македониа од испаѓање (не бев тука тогаш па знам само од што ми кажувале) а вториот пат во 90тите кога веќе Престон беше во втора лига на Викторија. Тогаш не врати во Премиер лигата, остана тренер уште една две сезони па се спука со управата која пробуваше да му подметне играчи.

    За мотивација си беше истиот. Ги мотивираше со приказните за комитите и за егзодусот на егејците. Во тој период имавме голман од Егејска Македонија :D кој гинеше на терен против грчките клубови. Знаеше и разбираше фудбал, јас не се сеќавам со него Престон да купил играч едноставно вадеше добри младини (и нив ги тренираше), имаше чуство за добри млади играчи. Со добрите младинци работеше и одвоено на отстранување на нивните слабости. Се на се Дончо е ЦАР таков човек тешко пак се раѓа. Прав генерал за кого гинеа играчите на терен. Иако веќе стар до ден денес си остана доследен на идеалите на ВМРО и Македонија па и сега повремено кога ќе се јави на радио програма или кога го бараат да искоментира некоја политичка случка се гледа дека емотивно зборува.

    На нет нема баш. Еден од тие што му правеа проблеми во Престон беше главниот спортски новинар овде па долого време не ни даваше изјави. Пред некое време зборевме со него да ни ги позајми неговите фотки, видео ленти и се што има зачувано па да се направи една збирка. Ќе гледам деновиве да ги земам работите од него па ќе ставам на нет. Би било добро тој човек да напише книга, мислам ќе има што да каже.
     
    На VardarVoSrceto, Randy и V.E.N.0.M им се допаѓа ова.
  8. vojvodi_tetovo

    vojvodi_tetovo

    Член од:
    10 април 2010
    Мислења:
    320
    Допаѓања:
    58
    Прв пат - Тетекс - шкендија хб 3 мај 2000 година знам тогаш сакавмо да влеземо без карта на стадион па имаше големи нереди се гаѓавмо со цела главна трибина па после се фативмо и со џандарите пред стадион и знам оштетивмо многу коле што беа паркирани пред стадионот исто таке скршивмо и 3 возила од КФОР од германскиот контигер на војници.

    Прво запалено пиротехничко средство: Teтекс - слога 2007 :D

    Ултрас или Кежуал: УЛТРАС

    Навивање - Најдобро навивање според мене Тетекс - Кожуф 2008 прослава 20 години Војводи натпреварот се играше во 13:00 мислам а ние се собиравме од 10 часот големо кортео низ Тетовските улици потоа на трибина навивање прејако запалени голем број бакли,димни со еден збор феноменално после утакмица инцидент со група албанци и потоа враќање сите заедно до Тетовската чаршија вечерта прослава во АРМ и во клубот Midnight едноставно цел ден се лудуваше

    Гостување - Секое гостување си има своја приказна и нешто ново се случува али како најдобро би го издовил гостувањето во Кавадарци 2010 Тиквеш - Тетекс полуфинале куп на Македонија тргнавме 5 комбиња од Тетово бевме негде околу 120 души претежно сите бевме 18+ и бевме страшно добра екипа кога стигнавме таму интересна случка прв пат некој со комбето те вози низ стадионот и те носи до трибината нашето комбе каснеше 20 мин поради тоа што имаше многу алко и др работи :) во комбе па шоферот го утна патот место во Кавадарци не однесе на друго место Неготино мислам :D Па во 20 мин улетавме со комбе во терен :) бидејќи незнаевме што не очекува во Кавадарци затоа што прв пат гостувавме кога запеавме Абре Македонче бевме поздравени од целата трибина и од Лозарите после запаливме многу бакли a навивањето беше ФЕНОМЕНАЛНО на враќате влегување по бензиските и се знае :P а после цела екипа кога стигнавме во Тетово отиднавме на одбојка на Бами Кор


    Придобивки од трибината: Пред се стекнуваш нови пријателсва, Има многу дружби на трибина, Таму сме сите заедно сложни нема делење на маала,групи или слично забораваш на секојдневните проблеми,обвски едноставно тие 90 минути ништо друго не ти треба
     
    На DejV', Тетоец, Dr. Gonzo и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. Near

    Near Рандом лик од соседството

    Член од:
    26 март 2009
    Мислења:
    3.776
    Допаѓања:
    4.932
    Прв пат на трибина: 2002-3,Тиквеш-Цементарница со таткоми. Тиквеш само шо влегоа прва лига,губеа на полувреме 0-2,а на крај победија со 4-2. Гроздановски играше тогаш за Цементарница мислам,ни збрца еден страшен гол.

    Првпат запалено пиротехничко средство: 2008 година,јуни месец...кошаркарите ја освоија титулата на гости кај Струмица,такво славје неам видено...преку 10.000 луѓе на плоштад,јас 7 оделение качен на кола и бакљата во рака :D


    Ултрас или кежуал: Ултрас,нема кежуалци кај нас у Македонија...како прво скапа е гардеробата,а како второ воопшто ја нема оригинал или многу ретко да се најде некое парче.

    Гостување: Првото гостување ми било 2008 година,март месец во Струмица. Имаше само 3 автобуси за тоа гостување,а преку 500 луѓе сакаа да одат. Се пикнав со еден другар у автобусот,и ние најмали идеме таму. На полувреме главниот транс ни го собраа :pos:. Од тогаш неколку јаки гостувања сум имал...2009 година у Охрид кога јадевме ќотек ко магариња,2011 у Автокоманда кога не бркаа со секири и со вили :D Aли најјако гостување ми беше у Миравци,април месец годинава. Решивме да идеме со воз,возот у 12 саат од Неготино у 12:45 у Миравци,а утакмицата у 4:30. Отидовме до Неготино со такси околу 25-30 луѓе,таму му напраивме кортео,се сликавме со семафорите(кој што не работат),се качивме на воз и стигнуваме у 12:30. Таму-лудница,се паркиравме на едно ко паркче на сред село,сите дававме пари за пиење,мезење..Таква дружба сум видел првпат у животот. На утакмицата ни се придружија уште 30-тина луѓе од Кавадарци,бевме 60 ама стварно многу јако грмевме,после за враќање немаше како да си одиме па дел си отидовме со играчите,заебанции,смеи...

    Најдобро навивање за тебе: Е сеа стварно незнам...имаше годинава неколку навистина добри. Со МЗТ март месец кога првпат ја видов трибината у сала толку полна,со Охрид и 11 Октомври фудбал у август,па и претпоследнава со Лирија у Кавадарци.

    Придобивки од трибина: Прво загуби да кажам...хектолитри плунка,шлајм и се останато,изгубен глас,изгубени живци,скратен живот за десетина години и тоа...Но добив фамилија,луѓе со кој сме како браќа,со кој се дружам секојдневно,со кој делам многу добри и лоши работи,луѓе шо знам дека ќе застанат позади мене за било која глупост и акција да ја направам.. :)
     
    На DejV', ultras1988, Тетоец и уште 6 други им се допаѓа ова.
  10. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    На RedStarFan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ТетексФан

    ТетексФан

    Член од:
    8 април 2007
    Мислења:
    16.034
    Допаѓања:
    9.122
    ^ Одамна беше, а богами ептен сум слаб со меморија :D Така да не лупам на празно, затоа и решив да не пишем ништо :)

    Ама за гостување, за тоа сигурно знаем кое било најлудо :D Охрид - Тетекс, 2009 мислим дека беше. Кој бил знае што се дешаваше :)
     
    На acereal му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    3.748
    И ја ги чекам :D на сличнава тема се испукале симпатизери шо ми кажуваат на Македонија Чешка колку сончоглед изгрицкале. Бриши ги таквите ако пробаат и тука :)
     
  13. RedBlack

    RedBlack Grof

    Член од:
    28 март 2008
    Мислења:
    4.193
    Допаѓања:
    1.809
    Прв пат на трибина: Далечната 1997 година со двајцата мои братучеди едниот истакнат член на Комити. Чуство фантастично, дерби Вардар-Силекс, прв пат на тирбина и инцидент, сител, силекс се демолирано...Се она што го гледав од Јужна го осетив токму на запад

    Првпат запалено пиротехничко средство Па сум дрзжел бакља после тоа ама веке запалена не е тоа тоа филмот, прв пат запалена бакља ми е на Вардар-Пелистер 28.18.2010

    Гостување: Тука исто бев мал , гостовањето мирно без тензии само незнам точно у пм...


    Ултрас или Кежуал: Ултрас-начин на живот!

    Најдобро навивање за тебе Аууу кое ли беше... можам да го одвојам Вардар-Тетекс 2009та , истураше али навијање топ од срце , на стариот запад, ааах тој стар запад, спомени у пичку матер



    Придобивки од трибина Другари, доволно е што ги класифицирам како такви , се е јасно
    --- надополнето: 24 декември 2012 во 18:22 ---
    Ne sum videl be cekaj natamu navamu celo vreme :D
     
    На DejV', Kire Ultras, Тетоец и уште 5 други им се допаѓа ова.
  14. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.835
    Допаѓања:
    41.676
    Треба да стои дека се работи за навивачки приказни, за другото има и друга тема :)

    Прв пат на трибина: Значи не зборам за утакмици гледани од јужна, мада и немало многу утакмици на Вардар кои сум ги гледал од други трибини пред да стапнам на запад, (иако на Цементарница-Слога цело време бев со Комити, исто како и на некои ракометни мечеви во Расадник на Вардар Ватростална). Прва утакмица на запад бев Вардар-Спарта Прага, со татко ми ама неможам да кажам дека тогаш сум навивал којзнае колку пошто цела трибина беше мешана навивачи и дерби навивачи :D.Прв пат почнав да одам на западна во таа сезона 2003/04 но не многу редовно со оглед на тоа што никој од моја околина не одеше на утакмици, за конечно после Вардар-Шалке да станам редовен бар на домашните мечеви. Од 2006 некаде, ретко пропуштам домашен меч, а сигурно сум одработил и едно 40-тина гостувања од тогаш. За жал кога бев основно и почеток на средно го фатив времето кога во Комити немаше воопшто нови генерации, беше распад систем, затоа ретки се оние на моја возраст :) Бев меѓу помалите, е после од 2008 работите целосно се средија.​

    Првпат запалено пиротехничко средство: Немам многу мерак за пиротехника, само еднаш сум запалил бакља и тоа на Вардар-Пелистер во 2008 кога тепавме 3-0.​


    Ултрас или кежуал: Ултрас, скап е животот кежуалски :D

    Гостување: За првото фудбалско гостување чекав до 16-7 години, со оглед на тоа што малце потешко одеше да најдеш место во автобус за гостување покрај постарите, а и ретко имаше некои 18- на гостување. Прво гостување Пелистер-Вардар кога изедовме пендреци како магариња... Прво па машко :) Најинтересно гостување... Што знам, гостувањата се интересни кога одиш со сопствен превоз, кога ќе останеш повеќе време кај противниците :) Со оглед на тоа што кубурам со средства, скоро во 90% од случаите одам на гостување заедно со целата група со автобуси, а не со коли/комбиња/воз. Во автобус имало милион смешни случувања, али ипак нема да зброам сега за тоа. Поинтересни гостувања:​
    -Металург-Вардар ракомет, кога израмнивме со голот на Гоце Макалоски во последната секунда. Не се дишеше во нашиот дел од салата, али која еурпција се случи копга израмнивме. Занемеа Автокомандоси, грмеше цела трибина :D Пред мечот кога се чекавме кај Континентал, имаше брканица со Шверцери, а медиумите јавија дека сме се тепале со Пирати. По мечот не вртеа по едни патчиња, дома дојдов во 12 вечерта :facepalm: А кога влагавме го внесував знамето Автокомандоси што им го украде еден наш член. Не претресуваа на 3-4 пати, ми вика отвори ранецот. Што е ми вика ова? Знаме... Го гледа го гледа, ајде вика влагај. Пола од Комити влегоа од влезот на Пирати, пошто немавме доволно карти, се шверцаа преку нив :icon_lol:
    -Пелистер-Вардар 0-0, морав да лажам дека сум отиден на роденден вечерта и дека ќе спијам кај другар, пошто ептен ми сереа после епизодата пендреци :D Уште во 6 бев на железничка :) Ми се јавува татко ми, кај си? Во Битола :D Многу малку фативме од мечот, навивањето беше доста јако, а после утакмица ќе се истумбавме, пошто сите сакаа да одиме и на ракомет, па се тегневме за воланот со шоферот :D Сепак кога се вративме, ни јавија дека има МРК Вардар утакмица со Филипос Верија. Едно 50-тина луѓе така утепани отидовме и на тој меч, се крена атмосферата до максимум. МРК тепаа, а по реваншот се пласираа понатаму.​
    -Напредок-Вардар годинава, гостување со воз од 8 сабајле,треба ли да кажувам што се се случуваше тој ден?:)
    -Куманово-Вардар кога за 2-3 дена се собравме 5 автобуси :D Моментот беше што имав закажано мал фудбал во Димитар Миладинов во времето кога се тргаше :D Изиграв едно полувреме, а еден сдругар требаше да ми јави ако тргаат. И му се јавувам, тој веќе отишол со кола во Куманово. Се јавувам кај друг, ми вика брат тргаме ние. Штоооооо??? Излагање од балонот, шпринт до зелен пазар да фатам некој бус за железничка, али финтата беше што на тоа ладното, трчав по фармерки и маица по прерамки, пошто немав време да си го облечам дуксерот :D Гледам 5-ка стои кај пазарле, мавнав шпринтот, кога се качив жива вода. Кој резил, ме сретна еден другар од ФА, кај идеш ваков ми вика :D Среќа имаше недостаток од автобуси, па чекаа да дојде уште еден. Едвај го фатив :) Таму кога стигнавме, се распеа ЕЕЕ ДА БИДЕШ ДЕЛ ОД НАС ЈУНАК ДА СИ МОРА, мислам дека ќе се урнеа скалите :D Влагаме во сала, специјалци не претресуваат како да сме терористи. Мислам дека ќе умрев колку беше загушливо, тоа ако го преживеав сегде на друго место ќе преживеам. Почнаа да попуштаат тоа дрвените клупи во Куманово. Па уште се зарчкавме со цела сала, особено со Делије куманово, долга приказна :)
    -Победа-Вардар 0-2 негде во 2007, касневме пола меч... Таму си игравме курот цел меч :D После оваа победа на гости, за следната чекав којзнае колку години :)
    -Силекс-Вардар 1-0 кога одевме пешки 20 километри:) каков ден беше тоа :D Тргаме од Скопје, и на неколку километри од Страцин, воџата вика абе дечки јас не ви кажав ама можно е да немаме дозвола да гостуваме денес :pos: Затоа бидете спремни, може ќе има по некој џандар, ќе ги отвоиме и продолжуваме. Доаѓаме на Страцин, и што да видиме, 10-тина дефендери со специјалци плус обична полиција:pos: Излагаме и вика ќе одиме пешки. Спремете се НИЗОК СТАРТ, се редиме сите и даваме шпринтот хахахаха Која смеа беше... По пат една баба ни мачкаше лебче со маргарин, јадевме сливи, еден се бањаше во реката. Типот тогаш прв пат го гледавме. Беше дојден во кошулче, дотеран целиот. И од никаде кога се залета, фрла кошулата и право во реката што беше длабока 20 сантими :LOL: После типот стана легенда, особено кога ја фрли патиката на терен на Вардар-(тимот од Луксембург) во ракомет.​
    Имало и други интересни гостувања, али овие ми притекнуваат како поинтересни.​

    Најдобро навивање за тебе: Неможам да одвојам... Особено ракометните мечеви Вардар-Динамо Минск, Вардар-Загреб во 2007, Вардар-КИФ Колдинг, Вардар-Металург неколку мечеви, Вардар-Магдебург, Вардар-Решица, Вардар-Копенхаген, сите кој од кој беа :cuc:
    На фудбал Вардар-Пелистер последниот првенствен беше фантазија, Вардар-Металург прослава на титула, Работнички-Вардар лани во Маџари, Вардар-Работнички на градски неколку мечеви, Вардар-Тетекс на дождот, Вардар-Бате...​

    Придобивки од трибина: Најдов место каде што за момент ќе бидам отргнат од монотоните случувања во државава, од политичките сцени и поделби и слично. Место каде што ја истураш сета негативна енергија. Многу нови познанства, луѓе кои сумги запознал на трибина, ми станале другари и во приватен живот. Којзнае колку генерации сум донел на Вардар, за жал повеќето со повремено одење. Криво ми е што многу луѓе се откажуваат кога ќе станат над 18-19-20 години :( Тие со кои почнав да одам во основно, сега се на друга трибина :) Ја заразив цела населба, излегоа доста навивачки едуцирани момци кои се редовни, а не некоја куртонарија, а може сме и единствена населба во која "нема место" за други навивачи :icon_mrgr: Што знам, како помал ми помагало и за бркање женски, сакал да признаам или не, се палеа девојчиња на навивачи, иако не се експонирам воопшто, одам за Вардар, не за куропецање. Ја прошетав целата Македонија, којзнае дали друг пат ќе видев некои градови во државава :) Е лошо е што гласот ми мутираше ептен лошо поради оставањето на гласните жици, погруб амин :icon_mrgr:
     
    На DejV', Kire Ultras, ultras1988 и уште 16 други им се допаѓа ова.
  15. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Абе па и тебе па што ти реков да пишуваш, ми одзимаш време само. Теее морало реферати да се пишуваат :D
     
    На ultras1988, RedStarFan и Colt Willcox им се допаѓа ова.

Сподели преку: