ЕК се заканува
Бугарија ќе изгуби 500 милиони евра
Европската комисија најверојатно ќе и скрати на Бугарија 500 милиони евра од фондовите на ЕУ и ќе ја предупреди Софија дека и во иднина би можела да остане без помош, доколку поодлучно не се справи со корупцијата, соопштија извори во седиштето на ЕУ. На 23 јули ЕУ ќе усвои три извештаи за проблемите во правосудството, криминалот и корупцијата во Бугарија и Романија, и за ракувањето со фондовите на ЕУ во овие две држави. Истрагата на ОЛАФ покажа дека Бугарија злоупотребила 32 милиони евра помош од ЕУ наменети за проекти во земјоделството. Во извештајот е посочена "криминална мрежа" од над 50 бугарски компании и странски фирми, како и двајца бизнисмени со наводни врски со водечки бугарски политичари.
Бугарија ќе изгуби 500 милиони евра