Како е местен тендерот за изградба на ХС "Злетовица"

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Извор, mkdlife.com

Премиерот Груевски и неговите најблиски соработници, по доаѓањето на власт во ниту една прилика не пропуштаат да нагласат дека оваа Влада нема скандал. Сепак нашето истражување на задкулисните игри околу тендерот за изградба на ХС "Злетовица" покажаа нешто друго.

Однесувањето на клучните играчи во овој скандал води кон заклучок дека прогласувањето на понудата на "Гранит-Бетон" за најповолна, од страна на актуелниот министер за земјоделие Ацо Спасеновски, води кон заклучок дека Владата на Груевски е исправена пред крупен корупциски скандал со меѓународни импликации. Комплетното "подземно" сценарио е подготвено од претставници на Владата на Владо Бучковски.

...... детали ......

>анализа

Ова што погоре го прочитавте е најдобар доказ дека оваа Влада е исправена пред крупен корупциски скандал. Социјалистичката партија на Љубисав Иванов, преку министерот Ацо Спасеновски и новиот директор на ХС "Злетовица", Стојан Миланов, веќе труби на сите страни со пофалби за начинот на кој "Гранит-Бетон" ја отпочнаа изградбата на ХС "Злетовица". Во периодот зад нас, откако на сите можни адреси упативме прашања за прекршувањата на тендерските правила и начинот на кој е решено "Гранит-Бетон" да го добие тендерот, во Македонија доаѓаше и консултантот Мицуо Миура. Даде серија неуверливи изјави за тоа како Јапонците се презадоволни како се одвиваат работите!?

Во меѓувреме менаџментот на "Бетон" брза оваа градежна компанија под итно од домашна да ја трансформира во странска, со итна продажба на контролниот пакет акции. Во сите медиумски најави на скорешниот влез на моќна странска градежна компанија во "Бетон" постојано се истакнува дека фирмата како главен адут ги има вносните зделки како што се ХС "Злетовица", ХЦ "Матка 2" и др. Дури е пресметано дека контроверзниот Зоран Азманов (сопственик на 37% од "Бетон") од оваа берзанска трансакција ќе инкасира 6,2 милиони евра. Сличен процес е во подготовка и во "Гранит". Само што е забавен од проблемот со околу 1,000 вработени кои Страшо Милковски ги "пакува" за на улица, заради "намален обем на работа". Откако ќе се ослободи од нив и "Гранит" ќе дојде на ред за продажба на странски инвеститор. На тој начин, за извесно време, домашниот конзорциум "Гранит-Бетон" ќе се трансформира во странски.

Практично, ќе се заокружи целиот едногодишен криминален процес. Со местењето на двата тендери, за изградба на ХС "Злетовица" и ХЦ "Матка 2", во корист на "Гранит" и "Бетон", вредноста на акциите на овие две градежни компании расте преку ноќ. Во тендерската постапка за изградба на ХЦ "Матка 2", конзорциумот "Рико-Маврово-Бетон" имал најдобра понуда. На незаконски начин пред потпишување на договорот со ЕЛЕМ, управниот одбор на незаконски начин ја сменил одлуката на тендерската комисија. "Маврово" како подизведувач бил исфрлен, а на нивно место е уфрлен "Гранит".

Автор: Зоран Божиновски (кој е авторот?)
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Иако апсолутно не верувам во ниту една најава за преиспитување на случаи на корупција во неговата Влада, сепак решив да почекам да видам како нашиот (не)корумпиран Премиер Никола Груевски, ќе се справи со апашлакот во “Злетовица”. Со месеци наназад истражував, прибирав документи и во соработка со моите колеги од “Фокус” стигнав до научно докажан школски пример на корупција. Случајот “Злетовица” сепак е во нешто посебен. Спасеновски и неговите помагачи успеаја да ги искорумпираат и Јапонците. Што е речиси невозможно и неизводливо.

Ама, кога е Ѕинго во прашање, се е можно? Доказите за корумирање на Јапонците ги има и во “Фокус” и на овој портал. Нешто има и во “Време”. Па нема да ве заморувам во овој текст со тие детали. Битно е нешто друго. Пред неколку месеци пишував дека ова е ова е ПРВИОТ корупциски скандал на оваа Влада. И тука нема бегање. Може Груевски денес да покренува колку сака истраги и да испитува и преиспитува што се случува со кешот од “Злетовица”. Но фактите се непобитни.

Ацо Спасеновски како министер во ресорот надлежен за “Злетовица” минатата есен ги проби сите можни рокови за донесување одлука за најдобриот понудувач. Одлуката ја донесе во момент кога Страшо Милковски (“Гранит”) и Зоран Азманов (“Бетон”) го “убедија” Газда Ѕинго дека тие се “најдобри”. Е тогаш падна одлука – “Гранит-Бетон” да гради огромен хидросистем за само 33 месеци, за најминимални пари. Нормално, во нашите ненормални услови на стопанисување е тоа што Газда Ѕинго по донесување на одлуката и по спроведување на подготвителните активности, прво на челната функција во “Злетовица” постави проверен криминалец и битанга, Стојан Миланов. Човекот уште од 1998. година чека почеток на судски процес врз основа на поднесена кривична пријава против него. Последната “фактура” Газда Ѕинго преку Спасеновски ја испорача на 02. јули о. г. Со ДЕКРЕТ, без почитување на Законот за јавни набавки, министерот Ацо Спасеновски ја внесува фирмата “Силекс Неметали” во бизнисот со “Злетовица”.

Оваа одлука колку е криминална и незаконска исто толку е и невкусна. Дека се работи за обична селска багра, која го познава јазикот кој го зборуваат коњокрадци и дрвокрадци, убаво се чита од одлуката на Спасеновски, која пак така читко ја потпишал и ја заверил со печат од министерството со кое раководи. Во неа, во 9 (девет) редови, чисто “спортски” ја прогласува фирмата “Силекс Неметали” како подобна да извршува подземни ископи, бушење, инјектирање, итн. Во тие 9 (девет) редови, (ПОЛУ)ПИСМЕНИОТ Ацо Спасеновски, дури 3 (три) пати фирмата на Газда Ѕинго, “Силекс Неметали”, ја именува како ПРОИЗВЕДУВАЧ. Барем еднаш во животот да го прочитал Законот за Јавни набавки, Спасеновски би знаел дека станува збор за ПОДИЗВЕДУВАЧ. Од ПРОИЗВЕДУВАЧ до ПОДИЗВЕДУВАЧ има една голема и битна разлика. Подизведувач е фирма одбрана од изведувачот и предложена во тендерската документација, која ја разгледува тендерска комисија и ја оценува нејзината подобност.

ПРОИЗВЕДУВАЧ е фирма која се внесува на наместен тендер, со одлука донесена од корумпирана Влада, од (ПОЛУ)ПИСМЕН министер за земјоделие, кому ич не му чуе за јавното мислење и високиот рејтинг на Премиерот Груевски. Битно е дека на Газда Ѕинго му обезбедил пристап до многу кеш и дека Газдата ќе го награди со некоја трошка. Ако ништо друго, барем му обезбеди функција од која Спасеновски додека не биде сменет може да си обезбеди мирна старост. А скоро нема да биде сменет, бидејќи Груевски е заложник на ептен гледаната и влијателна “ТВ Сител” и на нискотиражниот “Вечер”. Дека работата станала врвка доказ е дека лично Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска тргнаа во оперативна одбрана на вистината на проектот “Злетовица”. Ако на Латас и на Ивона се им е во ред на “Злетовица”, тогаш работата ептен не чини. Како одминува времето, така налозите на Груевски за преиспитување на околностите под кои се одвива криминалното одлевање на кешот од “Злетовица” кон сметката на Газда Ѕинго, ќе добиваат трагикомични димензии.

Во меѓувреме, Ацо Спасеновски и неговата екипа ќе го бараат “кртот” во министерството за земјоделие кој доставува информации и документи до медиумите. И оваа “истрага” има свои трагикомични елементи. Спасеновски заборава дека во министерството има кадри на НСДП кои се екскомуницирани од “Злетовица”, оддалечени од кешот и намерни да си го сочуваат образот. Па изигруваат “извори кои сакаат да останат анонимни”. Спасеновски заборава дека има и кадри на ДПА, алергични на селски мангупи и инструирани од Мендух Тачи да немаат работа со луѓе на Ѕинго. Заборава Спасеновски дека во министерството има и службеници кои со години чесно живеат од плата и не сакаат да имаат работа со министри-криминалци дојдени да се “наполнат” со кеш и да заминат во дипломатија. Сите тие, и кадрите на НСДП и ДПА и чесните службеници познаваат една одлична дисциплина – одлично ракуваат со фотокопир машини и извонредно тајно знаат да ги достават до медиумите фотокопираните материјали.

На крај, има и една посебна сорта на вработени во министерството. Тие се слободни уметници, алергични на министри со херпес на долната усна . . .

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom