Како до карта за Манаки?

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Прашањето ми е многу едноставно: Како да дојдам до карта за Манаки во Битола, се купува негде, преку спонзори или?

Однапред фала
 
Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Па нели се продаваат така во продавници како Тобако, Тугедер...?
Инаку на самото место каде што ќе се одржува на влезот продаваат!
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Прашањето ми е многу едноставно: Како да дојдам до карта за Манаки во Битола, се купува негде, преку спонзори или?

Однапред фала
Не е малку рано за Манаки? Инаку карти имаш на шалтерот во Домот на Културата во Битола, јас бев на 2-3 проекции и скоро никогаш салата не беше полна, освен за отворањето и затворањето, каде што картите беа по 300 денари а и не даваа на секој.
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Па и не е баш рано, оваа година 33-тото издание на Манаки под мотото "Продолжи да создаваш" ке биде од 15 до 21 Септември (15 Септември отворање со Трето Полувреме на Дарко Митревски, а 21 Септември затворање со Балканот не е мртов на Александар Поповски)
Картите може да се купат на шалтер во Домот на Културата, цената неколку години наназад е 50 ден (освен на отворањето и затворањето), а за студенти е бесплатно :)
Минатата година имаше добри филмови, ги гледавме Melancholia, Buried, Rango, ќе видиме како ќе се покажат оваа година
 
Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12

Истово се прашував!

Како сега некои карти 50 а некои 300? Не верувам да има толкава разлика во цените, ипак е реномиран фестивал али не би требало?! А може ли некаде да се прочита детален распоред кога започнуваат проекциите? За студенти од УКИМ бесплатно ли е? Сериозно прашувам :cautious: треба ли легитимација и индекс да се понесе?
 
Ееее сега ај да нема разлика, отворање на фестивал е, имаш премиера, црвен тепих, камери ова она, не можи да е 50 денари и тогаш :) Не знам точно колку ке бидат картите за отворањето, и првата проекција на "Трето Полувреме" ама за втората проекција во 23:00, истиот ден, цената е 150 денари. Понатаму најверојатно ке тераат со 50 ден картата како и секоја година и да, неколку години наназад за студенти е бесплатно, требаше да носиме индекс, најсериозно, како е можно сега прв пат да слушате дека е слободен влез за студенти :confused:
Официјална страна - http://www.manaki.com.mk/
и програма - http://www.manaki.com.mk/web PROGRAMA manaki 210x240_150 dpi koregiran.pdf
 
(y) за програмава. Прв пат идам, затоа не знаев дека е слободен влезот за студенти. Тоа значи дека и за претставите и за сите други настани во склоп на Домот за култура, е бесплатен влезот за студенти? И бидејќи идам со намена да го посетам фестивалов, дали некој имал искуство со одложување на проекции, технички проблеми и слично изминативе години? Се може да се случи, но да знам како да си го испланирам излетот у случај нешто да тргне удоле. :D
--- надополнето: 7 септември 2012 во 22:49 ---
Кога нарачувам карта за некоја од проекциите, само и подметнувам индекс на тетката на шалтер? :cautious:
 
Стварно LIKE за официјалната програма, а Вардар филм слави 65 годишнина, ќе ги има и Тетовирање, Црно Семе и Преку Езерото, па и детската програма ме бендиса мене Transformers ќе си го гледаат, на работа сум инаку и јас ке си го гледав :icon_lol:
Се беше бесплатно, се надевам дека и оваа година исто ке биде за студентите, или ај вака ќе прашам и ќе пишам за некој ден. Никакви проблеми немаат со одложување, но забелешка ми е слабиот квалитет на снимка на 2-3 од филмовите лани, како CAM верзија да гледавме на Buried, друго се ОК беше.
Ако си со индекс - нема карта, не одиш на билетара туку си чекаш во холот на Домот на Културата пред вратите на киното и кога чичковците ке ги отворат вратите им го покажуваш индексот и си бараш место, ама ова ден после отворањето почнува.
Сега пак видов за отворањето и од денес 07.09 ќе може да се купуваат карти за "Трето полувреме" проекција во 23:00 - 150 ден, мислам дека сепак овде нема да има место за бесплатно влегување, заради поголемиот интерес, а за 20:00 не се обидувајте ни да барате...
 
Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
Не ме интересира отворањето, велат у Скопје поголем дел од картите биле, па полесно можеме да дојдеме до нив, ама за среќа зафатена сум таа вечер, па нема да се бркам да ги купам и последните. Иако, негативен поен за организаторите што повторно се на наша страна а не ги распределуваат картите за премиерата подеднакво. (n) Убаво би било да пишеш кога ќе дознаеш за слободниот влез. :icon_lol: Квалитет на снимка ќе поднесувам како и да е, да се напраи една екскурзија патем фестивалот и низ Битола.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Карти ќе можат да се купат за втората проекција на “Трето полувреме“, а прочитав некаде и на официјалната нивна ФБ страница дека ќе делат две гратис карти за премиерата.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Ок, каде можат да се купат карти (било да е Скопје или Битола) и дали важи гага влезот за сутденти. За све на сајтот напишале само за најважното не напишале. Шупци.
 
И јас ги очекувам истите одговори :LOL: ќе не известат за скоро.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Добив информации дека и за втората проекција на Трето полувреме карти нема од луѓе кои карти добиле преку врски. Ако некој чуе нешто нека пише.

Едит: Еве што добив од нив на мејл:

"Karti mozat da s ekupat na biletarata vo odmot za kultura,,,Za site proekcii...Osven za otvoranjeto, nema veke..No, za vtorata proekcija na istitot film od 11 caost slobodno kupete si...Pozdrav i ubav den, ICFF TEAM "
 
За студенти важи бесплатниот влез или се нема информација сеуште?
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
нема информација сеуште
 
Kajgana Shop

На врв Bottom