Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Прашањето ми е многу едноставно: Како да дојдам до карта за Манаки во Битола, се купува негде, преку спонзори или?
Однапред фала

Прашањето ми е многу едноставно: Како да дојдам до карта за Манаки во Битола, се купува негде, преку спонзори или?
Однапред фала
Па и не е баш рано, оваа година 33-тото издание на Манаки под мотото "Продолжи да создаваш" ке биде од 15 до 21 Септември (15 Септември отворање со Трето Полувреме на Дарко Митревски, а 21 Септември затворање со Балканот не е мртов на Александар Поповски)
Картите може да се купат на шалтер во Домот на Културата, цената неколку години наназад е 50 ден (освен на отворањето и затворањето), а за студенти е бесплатно
Минатата година имаше добри филмови, ги гледавме Melancholia, Buried, Rango, ќе видиме како ќе се покажат оваа година
Не е малку рано за Манаки? Инаку карти имаш на шалтерот во Домот на Културата во Битола, јас бев на 2-3 проекции и скоро никогаш салата не беше полна, освен за отворањето и затворањето, каде што картите беа по 300 денари а и не даваа на секој.
треба ли легитимација и индекс да се понесе?Истово се прашував!
Како сега некои карти 50 а некои 300? Не верувам да има толкава разлика во цените, ипак е реномиран фестивал али не би требало?! А може ли некаде да се прочита детален распоред кога започнуваат проекциите? За студенти од УКИМ бесплатно ли е? Сериозно прашувамтреба ли легитимација и индекс да се понесе?
Не знам точно колку ке бидат картите за отворањето, и првата проекција на "Трето Полувреме" ама за втората проекција во 23:00, истиот ден, цената е 150 денари. Понатаму најверојатно ке тераат со 50 ден картата како и секоја година и да, неколку години наназад за студенти е бесплатно, требаше да носиме индекс, најсериозно, како е можно сега прв пат да слушате дека е слободен влез за студенти 
Ееее сега ај да нема разлика, отворање на фестивал е, имаш премиера, црвен тепих, камери ова она, не можи да е 50 денари и тогашНе знам точно колку ке бидат картите за отворањето, и првата проекција на "Трето Полувреме" ама за втората проекција во 23:00, истиот ден, цената е 150 денари. Понатаму најверојатно ке тераат со 50 ден картата како и секоја година и да, неколку години наназад за студенти е бесплатно, требаше да носиме индекс, најсериозно, како е можно сега прв пат да слушате дека е слободен влез за студенти
Официјална страна - http://www.manaki.com.mk/
и програма - http://www.manaki.com.mk/web PROGRAMA manaki 210x240_150 dpi koregiran.pdf


за програмава. Прв пат идам, затоа не знаев дека е слободен влезот за студенти. Тоа значи дека и за претставите и за сите други настани во склоп на Домот за култура, е бесплатен влезот за студенти? И бидејќи идам со намена да го посетам фестивалов, дали некој имал искуство со одложување на проекции, технички проблеми и слично изминативе години? Се може да се случи, но да знам како да си го испланирам излетот у случај нешто да тргне удоле.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 22:49 ---
Кога нарачувам карта за некоја од проекциите, само и подметнувам индекс на тетката на шалтер?![]()
Ок, каде можат да се купат карти (било да е Скопје или Битола) и дали важи гага влезот за сутденти. За све на сајтот напишале само за најважното не напишале. Шупци.
ќе не известат за скоро.За студенти важи бесплатниот влез или се нема информација сеуште?Добив информации дека и за втората проекција на Трето полувреме карти нема од луѓе кои карти добиле преку врски. Ако некој чуе нешто нека пише.
Едит: Еве што добив од нив на мејл:
"Karti mozat da s ekupat na biletarata vo odmot za kultura,,,Za site proekcii...Osven za otvoranjeto, nema veke..No, za vtorata proekcija na istitot film od 11 caost slobodno kupete si...Pozdrav i ubav den, ICFF TEAM "