Како да го унапредите правењето склекови?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Склековите претставуваат одличен начин за стекнување на добра мускулна кондиција и секако дефиниција. Тоа е вежба со која се активираат сите мускули и се обликува целото тело. Сепак постојат неколку начини да го искористите вежбите оптимално кои ви ги пренесува нашата инструкторка Марија.

Склекот претставува комплетна вежба на целото тело затоа што, при правилно изведување, се активираат голем број на мускули. Првенствено, мускулите на рамената, градните мускули, рацете, потоа стомачните мускули, грбните и на крај, мускулите на долните екстремитети. Едноставниот склек би требало да биде дел од секоја вежбачка рутина за одржување на телесната тежина и обликуваната фигура. Подеднакво е значаен и за мажите и за жените, а се изведува само со сопствената тежина.

Склековите можете да ги изведувате било каде, и после било која спортска активност (кошарка, фудбал, џогирање, велосипед) за да го заокружите својот тренинг со комплетна активација на сите скелетни мускули. Меѓутоа, и покрај тоа што е најцелосниот покрет (движење) за стекнување снага, едноставниот склек може да стане досаден и заморен и по извесно време неделотворен. За среќа, постојат неколку модификации на склековите, кои по стекнување на општата кондиција и снага, можете да ги воведете со по неколку повторувања и да ја унапредите вашата вештина во изведувањето на склековите.

Почетничка варијанта - склекови на колена
Рацете треба да бидат поставени 5 сантиметри повеќе од ширината на рамената, додека пак врвовите на прстите треба да бидат во иста рамнина со рамената. Доколку во оваа позиција можете да направите 50 склекови, тогаш може слободно да вежбате од позиција на стандарден склек, со испружени и споени нозе.

Стандардни склекови
Ова е стандардна позиција на телото, а спуштањето на телото надолу го правите со целосна тежина од горниот дел на торзото. Ако сакате да ги оптоварите дополнително мускулите на рацете во однос на градните, намалете ја ширината на позицијата на рацете. Од оваа позиција обидете се да направите 20 склекови, спуштајќи се во две секунди, додека градите да го допрат подот.

Склекови со широк размер на рацете
Доколку ги раширите рацете повеќе од 7 сантиметри во однос на ширината на рамената, дополнително ќе ги активирате градните мускули. Финтата во изведувањето на овој тип на склекови е да се спуштате кон подот полека со броење до 4 секунди, а потоа оттурнете се во почетната позиција. Ако сакате да напредувате, направете по 15 склекови.

Склекови на стиснати тупаници
Овој начин на изведба внесува поголем предизвик, бидејќи рамнотежата на телото ќе биде значително нарушена. Заштитете ги тупаниците на комфорна подлога, а рацете поставете ги во ширина на рамената. Спуштајте се 3 секунди, со по 1секунда пауза, а потоа оттурнете се во почетната позиција. Доволни се 10 склекови за да го поместите прагот на сопствената издржливост.

Склекови со пренос на тежината
Овие склекови се ултимативни, наречени уште и склекови на една рака. Раширете ги нозете пошироко од рамената и концентрирајте се на преносот на тежината на една страна (на онаа рака на која се спуштате). Обидете се неколку пати да се спуштите во оваа позиција. Доколку успеете да направите по 10 склекови на двете страни , сметајте дека припаѓате во елитната класа на силни момци :)

И да не заборавите дека женските срца не се освојуваат со бројот на склековите кои можете да ги направите, туку со јачината и топлината на вашата прегратка! :)

виа Кајгана
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
И да не заборавите дека женските срца не се освојуваат со бројот на склековите кои можете да ги направите, туку со јачината и топлината на вашата прегратка! :)
...што ти се вика искуство

...одлична теорија....само треба дополнување од практичарите со некој полезен совет
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Порано правев доста склекови.. Можете да правите 2 начина за да зголемите број на повторувања...

1 начин да правите голем број склекови преку цел ден.. 400-500 не е битно колку серии и колку повторувања.. Нареден ден одмор.. и се така..

2 начин правиш секој ден склекови но само 1на серија максимум повторувања.. И ќе гледаш секој ден да зголемуваш.. ма да е тоа доста тешко
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Порано правев доста склекови.. Можете да правите 2 начина за да зголемите број на повторувања...

1 начин да правите голем број склекови преку цел ден.. 400-500 не е битно колку серии и колку повторувања.. Нареден ден одмор.. и се така..

2 начин правиш секој ден склекови но само 1на серија максимум повторувања.. И ќе гледаш секој ден да зголемуваш.. ма да е тоа доста тешко
Или ги варираш двата начина еден ден едниот систем па ден пауза па вториот систем па пауза па пак првиот и се така наизменично зашто ми се чини првиот начин е повеќе за издржливост а вториот за маса и може таква комбинација ќе го фати од двата најдоброто.

Ова на теорија на пракса не знам како ќе биде ама секако ќе пробам.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Или ги варираш двата начина еден ден едниот систем па ден пауза па вториот систем па пауза па пак првиот и се така наизменично зашто ми се чини првиот начин е повеќе за издржливост а вториот за маса и може таква комбинација ќе го фати од двата најдоброто.

Ова на теорија на пракса не знам како ќе биде ама секако ќе пробам.
Да : ) Пробај види кое повеќе ти одговара..
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
52
Поени од реакции
26
da pravis sklekovi cel den nema efekt taka koga ke pocnes so trening doma ,ke si napravis programa kako i kolku ke pravis za da vidis i kakov e efektot jas licno pravam u serija po 30 skleka so odmor 45 sek do 1 min,(znaci odmorot pomegu serii e mnogu vazen treba da bide kratok ne da bide 3 ili 4 min zasto ke ti se odmorat muskulite premnogu u nema nisto efekt )potoa odmor eden den drgiot trening mi e drug vid na sklekovi ke vi postiram na kraj link ovie sklekovi na izgled ke si recete mnogu se lesni ama batka i jas milsev taka ama koga napraviv 2 serii mi se tresea racete i od ovie sklekovi imav najvise efekt duri i ne mise veruvse deka moze za tolku vreme da se razvujat gradite za 1 mesec evekt imav 150 posto i trtiot trening mi e pak preku eden den i vezbam so tegovi imam 2 tega 8 Kg +2kg vezbam ramo grb,i bicebs ( http://www.youtube.com/watch?v=jWc8gHlAkoM) eve link za tie sklekovi za vtoriot trening ima mnogu efekt vredi da probate so ovie sklekovi bidejki teloto ti e ispraveno ,vitkas kolenici i teloto ima poveke otpor i podobro se oformuvaat gradite

ako imate prasanja pisete mi ke vi objasnam so adovolstvo ,imam i vezbi za stomacni koj saka imaat super efekt ,ama ne zaboravajte i pokraj vezbive treba i isharanata da vi e na nivo :cuc:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Пред да одам во теретана стигнав до 45 скелкови но достигнав плато. Од како тргнав во теретана го пробив платото и сега правам 65 склека. Инаку последнава година воопшто не вежбам склекови туку класичен сплит за теретана (цело тело во тек на една недела). Пропорционално со раст на тежината која можев да ја дигнам на бенч се зголемуваше и бројот на склекови и без воопшто да тренинрам склекови (правам само еднаш месечно чисто да се пробам).
 
Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9

65 склека скроз правилни? без паузи без одмарање на горна позиција, со вдишување на секој склек?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
65 склека скроз правилни? без паузи без одмарање на горна позиција, со вдишување на секој склек?
Да, последните десетина се мачни до немај каде. Инаку склековите доста лесно се прават ако имаш доста ниско ниво на масти што би те дополнително оптоварувале и општа кондиција. Јас сум моментално на 13% масно ткивo.
 
Iµµortal

사범님
Член од
26 јули 2011
Мислења
711
Поени од реакции
387
се е до психата,повеќето се ограничуваат на одредена бројка и кога ке стигнат до неа се изморуваат единствен начин за унапредување на склековите е да се ослободиш од границите во својата глава :)
 
M

Muranyi

Гостин
Има добра програма за зголемување на бројот на склекови за 6 недели.Програмчето е за андриод платформа,се вика 100 Pushups и можете да си ја симнете преку некој блек маркет,зашто на Play Store се наплаќа.Јас ја правев три недели,од 20 стигнав на 55 склекови одеднаш но во меѓувреме почнав теретана и се откажав.Како и да е планирам пак да ја почнам напоредно со теретаната,само да ми помине иницијалното воспаление и ви ја препорачувам и на вам,нема да згрешите.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 16:25 ---
се е до психата,повеќето се ограничуваат на одредена бројка и кога ке стигнат до неа се изморуваат единствен начин за унапредување на склековите е да се ослободиш од границите во својата глава :)
Не е баш психа,туку за голем број на склекови е потребно учење на мускулот.Инаку склековите ако знаете не се никаков показател за сила и издржливост,се е во тренингот на мускулот.
 
П

Пепси_

Гостин
По 20 склека у серија ги ропам,а на вратило едвај се кревам dafaq ?! :D
Повеќе ги практикувам со по раширени раце.
 
Член од
19 јануари 2013
Мислења
59
Поени од реакции
9
Dobar tekst. Skelkovi porano pravev ama sega nemav sila da napravam ali ova tekstov mnogu mi pomogna povtorno da pocnam da pravam sklekovi
 
Kajgana Shop

На врв Bottom