ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Во Македонската мисија на ОН во Њујорк до неодамна била ангажирана Иранка со американско државјанство. Во МНР велат дека таа била ангажирана како секретарка во Македонската мисија при Обединетите нации, бидејќи била потребна помош во ова дипломатско претставништво.
Таа не задоволила и не се покажала во извршувањето на обврските и од понеделник ќе биде ангажирана нова секретарка.
Завчера во редакцијата на "Вест" стигна писмо во кое наша државјанка што работи во Њујорк реагираше дека во Мисијата во ОН на телефонот одговора лице кое не знае македонски и е од Иран, земја која е на црната листа на САД.
"Поради зголемениот број активности и обврски пред претстојното Генерално собрание на ОН закажано за 22 септември, нашата мисија морала да ангажира лице за помош. Споменатата девојка е со американско државјанство и била на проба. Во Мисијата има секретарка која знае македонски, но таа овој месец има премногу обврски", ни изјави портпаролот на МНР(кој друг ако не) Шпреса Јусуфи.