Каков фотоапарат имате?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Штотуку ми јави другар ми из иностранства дека ми стигна апаратот и објективот, од среќа само одам дневна - WC, днeвна - WC
се работи за Fuji E-X1 со Fujinon 35mm 1,4
Постојат разни тела и разни објективи но за она што јас сакам да го сликам ова е најдоброто улични фотографии, портрети, фотографирање при слабо светло..... Фуџи е револуционарен во областа на фотографијата (на овие простори не е многу познат и застапен нарочно во ДСЛР или мирорлес апарати, првиот ДСЛР беше Никон - Фуџи, ЦЦД сензорот - Фуџи, едни од најдобрите објективи па и тела се произведени во Фуџи иако носат и други брендови, еден модел на Хазелблад е всушност Фуџи. Тие имаат уникатен сензор (ЦМОС) кој се разликува по матрицата од останатите на Никон, Канон... и кај овој модел можеа да го остранат low pass филтерот пред сензорот и да добијат фантастична острина на фотографијата, објективот е одличен, има отвор од 1,4 и остар е од почерток, обично кај фиксните објективи со голем отвор потребно е 2-3 стопа погоре за да се добие пристојна острина но не и кај Фуџи, намести на 1,4, ИСО на 6400 и сликај свирки по клубови без бнлиц без додатно светло .... Бокехот му е одличен... мал е и не привлекува внимание кога се слика на улица како она годзилата сега шо ја имам (ко ќе сликам со него ѓупците од баиро слегувааат в град да ми бараат пари) се расприкажав али ако некој го интересира еве подетално за апаратот и за објективот:

За апаратот
http://www.dpreview.com/reviews/fujifilm-x-e1

http://www.kenrockwell.com/fuji/x-e1.htm

http://www.cameralabs.com/reviews/Fujifilm_X-E1/verdict.shtml

http://www.ephotozine.com/article/fujifilm-x-e1-review-20751

За објективот
http://www.ephotozine.com/article/fujifilm-fujinon-xf-35mm-f-1-4-r-lens-review-18773

http://www.photographyblog.com/reviews/fujifilm_xf_35mm_f1_4_r_review/conclusion/

http://kenrockwell.com/fuji/x-mount-lenses/35mm-f14.htm

Се надевам дека ќе стигне во ред (некаде средина на мај би требало да го имам), до тогаш ќе пијам и се трудам да не мислам многу на тоа.....
еве го кај другар ми :
10000424_10202074786576438_788498141_o.jpg

ПС
да не испадне дека совршен апарат зедов (пошто јас сум совршен) да напоменам и неколку “мани“ на апаратот
му се замера слаб квалитет на видео, тој си е ХД но не на ранг на КАанон ДСЛР, а пошто не ме привлекува видео ниту снимам видео - тоа не ми пречи, му се замера аутофокус побавен од другите, причината е што фокусот кај фуџи е контрастен и тој во принцип е побавен, но не очајно бавен (кај предходните модели беше позизразен но кај овој модел е веќе добар, не е одличен и знае да се мачи по малце (ретко и понекогаш) но секогаш треба да се знае зошто се зема апарат, ако е за сликање на акции спорт - сигурно аутофокусот ќе е битен, во мојата фотографија - не ми смета и да не е муњевит фокусот, исто така фуџи дава повремено и апгрејт на фирмверот и за објективи и за тела и по она што го видов на интернет и јутуб, со новите апдејти автофокусот ми изгледа сосема добро и доволно, батериијата изфржува околу 300 фотки (то е малку за разлика од досегашните 500-600 со канонот (башка батери грип и до 800) но тој проблем се решава со земање на додатна батерија од 15-20 долари.
Сума сумарум кога ќе ги споредам добрите и лошите особини на апаратот, мислам дека направив вистински избор.... АМАН БЕ ТОЈ МАЈ КОГА ЌЕ СТИГНЕ !!!
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
АБДЕЈТ!!

Стигна машинчето !! ми се мели в ум од неверица, од среќа комшијата го избацив надвор пред куќа, а децата од восхит ги натепав (ко им кажав оти ги тепав - престанаа да плачат)

Се јави приателот кој ми го носеше апаратот и рече “ела слези кај шехерезада за едно 10 минути“
слегов за 3... онака неизмиен разбушавен, долу тренерки горе пиџама и со пластичните влечки од купатило, шибав како виор со точакот низ битолските сокаци пратен по пат со копнеж и скриени слатки желби во погледите од невестите и младите моми
Влегов само да се испофалам по пат во еден кафиќ (мислев ќе ме частат за апаратот али ништо... циции) и сликав 2-3 фотки ме интересираше на високо ИСО како ќе се покаже и ова е една од тие:

ISO 4000, f2,5 1/50sec (само е намалена дупло фотката за да може да се прикачи)
 
Attachments

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.551

Ајде со здравје да се користи новата машина, и чекам повеќе фотки штом има време :).
Инаку и јас сум многу изненаден он квалитетот и острината на фотката што ја прикачи особено на 4000 исо. Дефинитивно наредно земам фуџи.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Ајде со здравје да се користи новата машина, и чекам повеќе фотки штом има време :).
Инаку и јас сум многу изненаден он квалитетот и острината на фотката што ја прикачи особено на 4000 исо. Дефинитивно наредно земам фуџи.
ова е исто сликано со фуџи али постар модел сликана 2007... првиот мој дигиталец беше фуџи:

6409
by Let 3 on Кајгана форум
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.239
Поени од реакции
4.413
Ај честички и поздрави Лет3. Со големата моќ доаѓа и голема одговорност. Само ако видам некоја фотка од тебе што не ми се допаѓа, палам шкодилакот, доаѓам во Битола, ти удирам една клоца во газ како на старо куче и се враќам назад во Миладиновци.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Ај честички и поздрави Лет3. Со големата моќ доаѓа и голема одговорност. Само ако видам некоја фотка од тебе што не ми се допаѓа, палам шкодилакот, доаѓам во Битола, ти удирам една клоца во газ како на старо куче и се враќам назад во Миладиновци.
Ја само уметнички фотографии прам, таков сум роден - уметнички, ова година има мои 2 фотографии на меѓународната изложба Streets, 4 ќе има на изложбата на UNESCO во Париз, очекувам деновиве резултати од конкурсот во Истанбул... до сега се собраа некаде околу 30 изложби кај што бев присутен, значи фотографирам чисто од задоволство не за заработка. Фуџито ме бендиса , баш е онаков како и очекував, мал неприметен а моќен.
 
Нuкола

I simply love her *
Член од
24 мај 2005
Мислења
4.749
Поени од реакции
11.965
Фуџито ме бендиса , баш е онаков како и очекував, мал неприметен а моќен.
Brat mi go koristit vekje godina i nesto, i e prezadovolen. Jas ne se razbiram mnogu, ama mi rece deka kje zemal uste pojak objektiv, za da dobiel vo brzina na fokus, demek samo to mi bilo poslaba strana (ako go razbrav dobro)

p.s So zdravje da si go sluzis.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Brat mi go koristit vekje godina i nesto, i e prezadovolen. Jas ne se razbiram mnogu, ama mi rece deka kje zemal uste pojak objektiv, za da dobiel vo brzina na fokus, demek samo to mi bilo poslaba strana (ako go razbrav dobro)

p.s So zdravje da si go sluzis.
Прашај го брат ти како фокусирале на времето кога не постоеше аутоматски фокус? еден куп врвни уметнички фотографии настанале последните 100 и кусур години без брз фокус
ПС
Фала поубав да ти се врати !
 
PurplePuma

Somewhere, over the rainbow...
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.063
Поени од реакции
8.177
Ајде едно прашање, малце оф топик :)

На моево Canon-че а2300 како да му одредам lens големина?

Пишува: 5.0 - 25.00мм 1:2.8-6.9
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
3.791
Поени од реакции
5.521
дечки да не знаете сајт од кај што можам да нарачам полароиди, ама да не коштаат 30 (ебани) евра за 8 фотки?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
3.791
Поени од реакции
5.521

порано ги земав едно евро една фотка :( сеа многу стварно...али и 23 е подобро од 31, после коа ќе ми се пружи прилика ќе нарачам од америчка да ми донесат.
фала и ако случајно налеташ на уште мааалку поефтино супер :P
 
На врв Bottom