e pa aj da vi kazam kakov covek e Imer Selami,
Имер Селмани
Градоначалник на Општина Сарај
Градоначалник на Општина Сарај
Имер Селмани е Градоначалник на Општина Сарај од 03 Октомври 2000 год. како кандидат на Д.П.А Демократската Партија на Албанците.
На изборите доби 4 938 гласа.
Градоначалникот на Општина Сарај, вториот мандат го доби од 19.03.2005 год.
Од овој датум продолжува вториот мандат на Имер Селмани како Градоначалник кој е предложен од Д.П.А и П.Д.П
На локалните избори 2005 година , г-динот Селмани Имер, обезбеди победа во првиот круг со 11368 глас.
Биографија
Роден е на 20 Февруари 1968 година во Скопје, Р. Македонија.
Основно образование завршил во с. Глумово, додека средно образование во Средното училиште НИКОЛА КАРЕВ во Скопје.
Високо образование го завршил на Универзитетот Кирил и Методи во Скопје - Медицински Факултет.
Од 1992 година го менаџира успешно приватна компанија ,,Бис Оил,, која важи за една од најугледните и најпрофитабилните фирми во Градот Скопје со над 70 работници. За време на првиот мандат се покажа дека е човек со големи менаџерски способности, знае да се снаоѓа и справува, со различни моменти и ситуаци. Војната во 2001 година го затекна во функцијата Градоначалник на Општина Сарај при што докажа дека е успешен менаџер и раководител и во тешки вонредни околности. Како едиствен легитимен орган на граѓаните, заедно со другите органи на Општина Сарај го имаа во контрола севкупната состојба предизвикана од борбите во нејзина територија. Неговата зрелост за управување во тешки услови го сватија и го прифатија сите националности кој живеат во територијата на Општина Сарај. Штабот што го водеше во овие услови успеа да го извлече максимумот за доброто на граѓаните така што во територија на Општина Сарај што значи и на поранешната Општина Кондово не се случи инцидет или били какво нарушување кое би ги загрозило интересите на населението. Оваа се должи и на успешната кординација со меѓународниот фактор кој дејствуваше во тоа време на Република Македонија.
Остварувања
Како најзначајни остварувања во мандатот 2000 – 2004 се:
* Изградбата на Канализациониот ситем Сарај - Лубин со вредност од 1.0.28000,00.DM
* Урбанистичките планови за скоро на сите населени места,
* Двете економските зони за развојот на Општината,
* Ревитализација и реконструкција на С.Р.Ц. Сарај 37000.00 долари,
* Изградба на Мостот Сарај – Крушопек во вредност 500.000,00 ?,
* Изградба на Основно училиште во с.Грчец 84.000,00 ?
* Целосна реконструкција на Локалниот пат Сарај – Матка 25.000,000 den.
* Изградба на Локалните Патишта во с.Бојане, с.Копаница, с.Буковиќ, с.Арнакија, с.Семениште, с.Грчец,
* Изградба на Водоводна мрежа во с.Копаница, с.Арнакија,
* Функционирање на Ј.К.П.,, САРАЈ ,, - Сарај,
* Компјутеризација на сите органи на Оштината,
* Изградба на Сала на Советот на Општина Сарај и други работи
epa, citaj i gleaj dali do sea nekoj GRADONACALNIK naprail kolku ovoj, i toa so negovi pari !!!!!!
ima use eden projekt so go imam citeno, ama ne mozam da go najdam linkot ..
Pozdravv!!