- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Економистот стана лекар[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Имер Селмани, кандидат за министер за здравство, пред три месеци кога пријави кандидатура за пратеник беше економист, сега тврди дека дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Имер Селмани, кандидатот за министер за здравство и вицепремиер за Рамковниот договор во новата влада на Никола Груевски, до пред три месеци се претставуваше како економист, а сега веќе стана лекар.
Градоначалникот на скопската општина Сарај и заменик на градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, Имер Селмани, кога во јуни ја поднесе својата кандидатура за пратеник од листата на ДПА во својата биографија, која се уште стои на партискиот веб сајт, напишал дека е економист.
Сега само после три месеци, кога стана кандидат за министер во новата влада, тврди дека има завршено Медицински факултет на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје. Овој податок може да се види во предлогот на мандатарот Груевски за состав на новата влада, кој е поднесен во Собранието на Македонија.
Селмани веќе два дена е недостапен за нашиот весник да објасни дали различните податоци во неговата биографија во врска со завршеното образование се грешка или пак дека ќе биде единствениот министер во новата влада со два завршени факултета. Неговите соработници во Општина Сарај тврдат дека нивниот градоначалник постојано е зафатен по состаноци.
По објавувањето на партиските листи за пратеници за парламентарните избори од страна на Државната изборна комисија, ВЕСТ сакаше да ги потврди наводите изнесени во биографиите во врска со завршеното образование за неколку кандидати на ДПА, меѓу кои беше и Селмани, но портпаролот на партијата Имер Алиу не сакаше да каже каде и кога дипломирале тие. Кратко ни изјави дека новинарите сами треба да копаат и да ги најдат информациите.
Имер Селмани пред да влезе во политиката се занимаваше со бизнис. Неговата фирма беше генерален претставник на Кастрол во Македонија, БП и Бош автоделови. Во 2001 за прв пат беше избран за градоначалник на Сарај, а во 2004 се реизбира на истата функција. Г.Т. [/FONT]
Еве какви се кадрите на коалиционерите на ВМРО-ДПМНЕ.