Каде може да најдам - Здравје edition

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ако можеш малку подетално објасни сепак за дете се работи(има проблем со коски,зглоб на колено и повремено му паѓа калиумот
Прашокот е како Цедевита, се раствора во вода, има вкус на лимон (ако на тоа мислеше подетално). Се смета речиси како додаток во исхраната, а не лек. Сигурно има кај нас друга замена со истата концентрација. Зема ли детето некои други лекови кои би можеле да предизвикаат пад на калиумот?
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
346
Поени од реакции
404

хмм барам подетално објаснување а јас не се објаснив,правам услуга на пријател,негово е детето и се нервирам кога гледам како мака мачат да го набават овој лек во Германија преку разно разни шофери,јас лично верувам дека мора да има некоја замена за леков поефтина варијанта ама докторот инсистирал токму овој од оваа фирма да го купувааат..во секој случај благодараем.
Утре ќе се распрашам убаво и за дијагнозата па ќе напишам поопширно.
 
Еве од тука можат да го порачаат, германскиот Амазон има достава и во Македонија.
Во принцип германските лекови се далеку поквалитетни од оние што ги продаваат кај нас, веројатно затоа и докторот им го препорачува овој калиум. Нека се распрашаат, и во Бугарија ги има речиси сите лекови кои се продаваат во Германија.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.376
Поени од реакции
5.468
Некој лек за херпес ? Ми се направи вчера на долниот дел на устата, вчера поќе ме печеше, денес немам гајле ама е прилично голем, знам дека се продаваат секакви креми во аптеките за херпес, но дали знае некој лек против херпес од природна база
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935

Убиј го вирусот со лук :D Вирус е то, само гледај да не заразиш друг со него. Имаш фластерчиња за херпес, се продаваат на парче.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.376
Поени од реакции
5.468
Со то сакаш да кажиш дека јас сум заразен од претходно од некој друг? Пример како можи друг да заразиш? Пиење од исто шише/чаша, бакнување ? Моментално со тие што сум во контакт никој немаат херпес чудно :unsure: Чудно ми е оти прв пат херпес ми се појавува...
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Со то сакаш да кажиш дека јас сум заразен од претходно од некој друг? Пример како можи друг да заразиш? Пиење од исто шише/чаша, бакнување ? Моментално со тие што сум во контакт никој немаат херпес чудно :unsure: Чудно ми е оти прв пат херпес ми се појавува...
Тоа не значи дека сега си се заразил, херпес симплекс 1, има скоро секој човек, е сега во зависност од имунитет и самиот организам, стресни ситуации, лоша исхрана знае да излезе херпесот што не е ништо страшно, откако ќе помине акутната фаза, т.е. раничката ќе помине вирусот во ремисија и до следечи пут. :icon_lol: Инаку да, кога имаш таква раничка може да заразиш женска со бацување, или ко што рече со чаша, флаша и тако даље.
Земи си фластерчиња за херпес во аптека и залепи преку раничката и готово.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Некој линк од македонско - англиски медицински речник?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.187
Поени од реакции
8.924
Еве од тука можат да го порачаат, германскиот Амазон има достава и во Македонија.
Во принцип германските лекови се далеку поквалитетни од оние што ги продаваат кај нас, веројатно затоа и докторот им го препорачува овој калиум. Нека се распрашаат, и во Бугарија ги има речиси сите лекови кои се продаваат во Германија.
Аман бре луѓе зарем во Македонија да нема калиум таблети кои ќе бидат ефективни?

Не ми се верува.

Варијациите на калиумот можат да бидат опасни поради опасноста од срцеви аритмии, со тие таблети нема играчка, не ми се верува да не се ефективни!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Аман бре луѓе зарем во Македонија да нема калиум таблети кои ќе бидат ефективни?

Не ми се верува.

Варијациите на калиумот можат да бидат опасни поради опасноста од срцеви аритмии, со тие таблети нема играчка, не ми се верува да не се ефективни!
Тажно, но вистинито. Ниедна таблета не е со ист квалитет како оние правени за ЕУ, баш ниедна, без разлика дали се работи за вакви додатоци како калиум, магнезиум, што и да е, или посериозни лекови.
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
346
Поени од реакции
404
Нема во Македонија од овој лек,има некој ,,варијации,, во Србија но тоа не тоа,конкретно станува збор за Kalliumcitrat со овие карактери препишани од паковката

Kalium Verla 20mmol granulat zur Herstellung einer LOsung zum Einnehmen
Wirkstoff Kalliumcitrat
1 beutel zu 5,4 g enthalt
kaliumcitrat 1 H2O 2157,8mg
Kaliumgehalt 20 mmol 780mg
Kohlenhydrate 1,64g 0,14BE

На amazon не можеме да се снајдеме така да опцијата Бугарија останува
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Абре луѓе се шмрка метаамфетамин се шиба метадон, трава а вие се ЗАМАРАТЕ за иста супстанца но под различни генерички имиња.

Де не се замарајте.

After all факт е дека имаме високоразвиена Фармацевтска индустрија.

Него кадаифе имам прашање до тебе:)

Имам пријател кој има проблеми и отоци, е сега отоците ги решив со Хепарин Натриум но дали мислиш дека ќе треба и антибиотик на пример вибрамицин??

Инаку Омега 3-6-9 исто така му давав за да се опорави кардио системот.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.187
Поени од реакции
8.924
Тажно, но вистинито. Ниедна таблета не е со ист квалитет како оние правени за ЕУ, баш ниедна, без разлика дали се работи за вакви додатоци како калиум, магнезиум, што и да е, или посериозни лекови.
По таа логика, во македонските болници пациентите со низок калиум се осудени на смрт. o_O
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Некој лек за херпес ? Ми се направи вчера на долниот дел на устата, вчера поќе ме печеше, денес немам гајле ама е прилично голем, знам дека се продаваат секакви креми во аптеките за херпес, но дали знае некој лек против херпес од природна база
Можеш да ставиш измешано мед со сода бикербона и тоа помага.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Largactil од 25 mg?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom