Каде и колку често одите на фризер?

  • Креатор на темата Креатор на темата setaj
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знае некој број од фризерката Тања што работи или работеше кај Филип кај тобако 2 по што не можам да ја најдам ептен ми ја трефнува фризурата......
 
Еднаш неделно одам на фенирање и еднаш во 4 недели одам за фарбање.
Одам кај Диме, кај Универзитетот за туризам и менаџмент.
Презадоволна сум, никој не ми ја погодува косата како што он ми ја погодува.
 
На фризер одам кога сакам да се видам со фризерката...инаку сама се шишам,имам кратка коса и нај задоволна сум кога сама се шишам и тоа на секое ,отприлика 3-та недела;)
 
Сега си купив машинка и сам се шишам. Косата ми е подобро ишишана од што на фризер/бербер ме шишаа. Иначе секој месец се шишам:)
 
Со машинка на кец, сам дома, секоја втора недела, за 5 минути фризура лудница :icon_lol:
 
Ne se sisam. Ne davam posrani 30-40 evra za eden prst.

Ја сама се шишам. И си праам подобра фризура од фризерката која ми става триста срања демек за сјај и курци палци, а ми ја мие косата со шампон од едно евро за литар.
 
Ne se sisam. Ne davam posrani 30-40 evra za eden prst.
Не лажи дека е до парите. Мене прееска ми рече дека сега Рапунзел ќе се правиш:D

Иначе прееска не пишав......, одкога прекинав до одам на фризер/бербер, а си купив машинка можам слободно да кажам дека е поисплатливо сам да се шишаш.... ќе заштедиш некој денар ако не друго.........., башка можеш и да се ишишаш кога сакаш, а не да мислиш кога да идеш на фризер/бербер:)
 
Последно уредено:
Најрано на месец дена, најкасно на два. Двојка од страна, ножици горе. 130 денари, поскапе последнава година иначе беше 100ка кај бербер Деко :)
 
Иам една на 2-3 минути од дома, така што, таму. :D

На три-четири месеци одам за кратење, и тоа на едвај сантим, два, колку да не почне да се двои влакното.
Не се фарбам, од таа страна неам замарање. Фризури 2-3 пати во живот иам правено, едноставно ништо не стои на косава, локни за 10 минути ми паѓаат.
 
На фризер?!! Од 2010 не бев била на фризер до пред една недела кога ме ишиша :facepalm: то не се опишува.
НИКОГАШ ПАК!! јас сум осетила разочарување од квази неартикулирани со ножиците фризерки без познавања од влакно,облик на лице или форма ама ко последниов пат шо ме ошишаа...
Никогаш пак на фризер макар ми расцветала ко самопраечка метла! :cautious:
 
Каде? :D Едно време одев кај Диме во Бутел. После тоа во Диор во Автокоманда, последен пат бев во Волково негде и така. :ROFLMAO: За нареден пат планирам во Аеродром. :icon_lol:
Со оглед на тоа што не ризикувам и не експериментирам многу со косата, и не му ја мислам толку. Ретко кога не ми се свиѓа. И да има утка, ќе порасне, шо? :D А бе јас си барам друштво, уопште не ми е битно каде ќе се шишам, битно да не идам сама. :X3:
Колку често? :D Се шишам двапати во годината. :D Најчесто кратам од 5 до 10 сантима. После таа си расте уште толку, и пак си ја кратам, и пак си расте и така. :pos:
 
Абе се скапав пари давајчи за стрижење, а то косата ми расти ко ненормална,на 2 недели одам ... Ќе земам една машинка сам ќе се шишам кец... па шо сака нека биди :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom