Dream girl
Singer
- Член од
- 11 јануари 2015
- Мислења
- 60
- Поени од реакции
- 17
Кадаиф
Дали и како го правите?
Дечки се решив да ја отворам оваа тема по тоа што мајка ми за Божиќ направи кадаиф.
Еве ја рецептата:
Содржината на 1/2 кг. кадаиф изронете ја и поделете ја на два дела. Премачкајте го дното на тавчето со маргарин и нанесете го првиот дел од кадаифот, врз него се става фил од ореви, фстаци, суво грозје по желба. Потоа се нанесува и вториот дел од кадаифот, целиот се прелива со 150 мл. масло.
Се пече на 250 степени околу 10 минути, потоа се намалува рерната на 180 степени и се пече додека не се добие бакарна боја.
Шербетот се подготвува во 900 мл. вода се раствора 1,1 до 1,3 кг шеќер (не препорачувам многу шеќер околу 900 грама се доволни) на одредена температура по растопувањето на шеќерот се вари 3-5 минути и се додава сок од половина лимон. Се остава 1-2 минути само да здишне и потоа се прелива кадаифот, при што кадаифот да биде ладен додека шербетот топол. Се остава да искисне потоа се сече и сервира.
Добар апетит.
Еве ја рецептата па како го правите вие?

Последно уредено од модератор: