Кабелски интернет во студентски домови

Член од
8 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Дали може некој да ми каже зошто кабелските оператори ги избегнуваат студентските домови?

Исто така препорака за добар интернет во Кузман.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Теоретски студентските домови што ги знам, треба да имаат бесплатен жичан интернет.

Кабелските оператори избегнуваат студентски домови затоа што потребно им е склучување на договор со сопсвтеник кој што има постојано место на домување, кое што се поклопува со локацијата каде што треба да се инсталира пасивна опрема.

Практично кажано, немаат дозвола да бушат од управата на студентскиот дом.

Како за студент, земи си го Mobile Surf Basic пакетов за 120МКД месечно http://www.t-mobile.mk/public/mobile-surf-paketi.nspx барем нема да те кошта многу, нема да му ја мислиш за покриеност со сигнал и 64/64Kbps колку за проверка на меил и сурфање без мултимедија во секое време ќе имаш, мобилен телефон верувам дека веќе имаш, спроведи преку него интернет.

Немаш многу избор...
@SunWireless ако им фаќа сигналот кај тебе едино... Ама пази, ти треба и добра корисничка опрема.
Можеби ќе можат да ти завршат работа, можеби не. Можеби финансиски ќе ти одговара, можеби не.

PS: Истото важи и за луѓе под кирија што живеат некаде, ти ќе си ја плаќаш сметката, но договорот мора да биде склучен со газдата на живеалиштето.
Монтерите работат по работен налог, а ако нема важечки тековен договор со сопственикот, нема основа за налог.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom