КАДЕ Е СОФТВЕРОТ, ЗА КОЈ ВРЕДНИОТ ВАНЧО КАРГОВ ПЛАТИЛ 150.000 ЕВРА ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ?

Член од
19 септември 2009
Мислења
139
Поени од реакции
3

Петок, 25 . 03 . 2011 Колумна, Јанко Бачев, „Фокус“




Државата мора да ја водат високо компететни, способни и чесни луѓе. Наша цел е успешна Македонија. Ако Македонија е успешна, успешно е и ВМРО-ДПМНЕ. Од идната недела најмалку еден ден во неделата секој министер, функционер и директор ќе биде со граѓаните на теренот, со народот ќе ги посетувате вашите подрачни единици, институциите од вашата област, здруженија и групации, луѓето од чии пари земате плата.

Ќе ги слушате проблемите на граѓаните на отворени трибини, ќе ги слушате нивните маки, изблици на бес и нервоза и разговарајќи со секого, гледајќи го во очи ќе барате решенија за нивните проблеми. Вака беседеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање на 14. конгрес на партијата што се одржа на 5 и 6 март во во Битола.
Речено - сторено. Предвремените избори, иако се уште е неизвесно кога ќе се одржат, ја поттикнаа ВМРО-ДПМНЕ да го почне предизборниот карван, и на тој начин да ги спроведе во пракса споменатите заложби на Груевски од партискиот Конгрес во Битола.

ХУМАНИТАРНА ВИКЕНД - МИСИЈА!

Имено, изминатиот викенд владините функционери се растрчаа низ земјава за да делат донации од запленета стока на царината, која е дел од акцијата на Владата за донирање на шверцувана стока во 17 социјални центри низ земјата и резултат на борбата против корупцијата и криминалот. Во рамките на оваа владина акција, дел од владините функционери донираа предмети и стока во Скопје, а дел од нив и во градовите низ земјата. Се разбира, од име на владата беше порачано дека во овој потег воопшто не треба да се бара политичка заднина, туку единствено да се сфати како хуман гест. Затоа, големата количина шверцувана стока запленета од македонската царина и понатаму ќе се распределувала на социјалните категории во рамките на владините напори за подобрување на условите за живот на ранливите категории. Не изостанаа и фалбите дека сето тоа е заслуга на Царината, пропратено со тврдењето дека Владата преку Царинската управа, не го дозволува и го спречува криминалот.

Значи, според владините функционери, во основата на дарежливата владина акција лежи успешната работа на Царинската управа на Македонија. Меѓутоа, доколку се ѕирне поблиску одвнатре во работата на Царинската управа, се гледа спротивното - комоција и неодговорност во трошењето на буџетските пари. Бидејќи премиерот Груевски од партискиот конгрес во Битола порача дека владините функционери ќе ги слушаат проблемите на граѓаните, нивните маки, изблици на бес и нервоза и ќе разговараат со секого, гледајќи ги во очи ќе барат решенија за проблемите, ете, во оваа прилика како граѓанин на оваа држава сакам да ја слушнат мојата мака, мојот изблик на бес и нервоза поради луксузирањето и расипничкото трошење на народните пари од страна на Царинската управа со благослов на директорот Ванчо Каргов!

Затоа, во продолжение на текстот ќе се осврнам на неколку примери за незаконско и неодговорно работење во Царината. Имено, во рамките на владината акција за донирање на запленета стока од македонската царина, владиниот функционер Каргов го посети домот за деца без родители „11 Октомври„ каде на децата им додели облека, обувки и играчки. Притоа изрази задоволство од посетата на домот за деца без родители и голема благодарност за добиената благодарница што му ја доделија дечињата во таа пригода. Каргов им возврати дека ова е само дел од она што е запленето и доделено на оваа институција, а во наредниот период ќе бидат донирани и останатите предмети.

Инаку, вкупната вредност на запленетата стока од Царината што беше донирана од владините функционери во нивната хуманитарна викенд - мисија низ државата изнесува 4,7 милиони денари. Меѓутоа, преку расипничкото трошење на народните пари во Царинската управа се извлекоа неколку пати повеќе од споменатите 4,7 милиони денари. Можеби затоа во некоја наредна прилика дечињата од домот без родители „11 Октомври„ треба да му доделат на Каргов не благодарница, туку неблагодарница, бидејќи од една страна се прикажува за дарежлив, а од друга страна дозволува расипничко трошење на буџетски пари. Колку што дозволува просторот, да го илустрирам ова со најмалку четири примери.

ДОГОВОР СО МАКПЕТРОЛ

Прво, недозволиво е преку одредени махинации во Царината да се обезбедува гориво за партиските возила на власта низ земјата. Дотолку повеќе што, премиерот Груевски од Конгресот во Битола порача дека Македонија е пред сериозен предизвик - да излезе како победник или како поразена во борбата против корупцијата и криминалот. Така, на 2 февруари 2009 година е склучен Договор за набавка на горива за возила, сукцесивно за период од една година, со број 05-290/5, помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Макпретрол АД Скопје. Согласно член 2 став 3 од договорот, Царинската управа можела да набави горива најмногу до износ од 19.620.000,00 денари со сите вклучени давачки. За ненавремено плаќање се засметува законска затеза камата. Овој договор е со важност од 12 месеци, односно, до 2 февруари 2010 година. Поради вредносно неискористување на договорот, склучен е Анекс на постоечкиот Договор, со број 03-


004410/10-0001
од 2 февруари 2010 година, со кој се продолжува важењето на договорот за уште 6 месеци, односно, рокот на договорот е продолжен до 2 август 2010 година.​

Меѓутоа, по истекувањето на важноста на Договорот на 2 август 2010 година, внимавајте добор, во периодот од 3 август 2010 до 3 октомври 2010 година, платени се фактури на добавувачот Макпетрол во износ од 770.032,00 денари. Ова се прави спротивно на Законот за јавни набавки и член 4 од Упатството за ликвидирање на сметководствени документи во Царинската управа број 01-24839/1 од 19 септември 2008 година. Односно, извршено е иницирање и одобрување на фактури за кои не е спроведена постапка согласно Законот за јавни набавки.

Значи, иницирани и одбрени се фактури по временското истекување на договорот, но, внимавајте добро повторно, овие фактури не се пријавени во Министерството за финансии - Трезор за плаќање. А вкупно неиницирани фактури заклучно со 31 октомври 2010 година се во износ од 1.405.095,00 денари, од кои само 2 фактури со број 445180 и 145887 во вкупен износ од 87.522,00 денари се однесуваат на периодот во кој важел договорот, а другите во износ од 1.317.573,00 се обврски кон добавувачот во периодот по временското истекување на Договорот. Дури, Царината недозволиво си дозволила и таков луксуз да плаќа и затезна камата на добавувачот во износ од 314.898.00 денари.

Значи, регуларноста на превземањето и плаќањето на обврските согласно Договорот за набавка на горива не е спроведена согласно Законот за јавни набавки и Упатството за ликвидирање на сметководствените документи на Царинската управа. А не треба некое посебно правничко знаење да се знае што значи превземање на нешто што не во согласност со законот. Поточно, спротивно на Законот за јавни набавки не е склучен договор за јавна набавка на гориво во периодот од 2 септември до 3 ноември 2010 година, иако во тој период е набавувано и плаќано гориво. Со тоа, од страна на Царинската управа иницирани, одобрени и платени се фактури кон добавувачот Макпетрол во износ од 770,032,00 денари, без спроведена постапка за јавна набавка. Не е вршено одобрување на влезните фактури во поглед на вредноста на склучениот договор, односно, иницирани и одобрени се фактури за набавка на горива, за период, за кој Царинската управа нема важечки договор за јавна набавка и преземани се обврски поголеми од вкупната вредност на Договорот. Што е најинтересно, сето тоа е криено, односно, истите не се пријавени во Министерството за финансии - Трезор за плаќање. Така, еден дел од горивото набавувано и плаќано од Царинската управа завршувало по патиштата низ Македонија, со цел, партиските активисти на власта да можат, нели, да го ислушаат народот и неговите проблеми и притоа да ги претстават решенијата содржани во Преродбата во сто чекори.

ДВА АНЕКСИ ЗА ЕДЕН ДОГОВОР!
Второ, Царинската управа била особено дарежлива и не се штедела при наградување на своите вработени со буџетски пари за научни ангажмани. Така, на двајца свои раководни службеници, П.Р. и В.З. им исплатила 388.570,00 денари на име авторски хонорар за некакво научно истражување, внимавајте добро, за потребите на самата Царинска управа како корисник. Значи, милина, ем како вработен во царината си примате плата, ем си терате наука за потребите на Царинската управа, за што повторно ве плаќа Царината и тоа за научно истражување што влегува во описот на работните задачи. Сигурно ви звучи премногу познато во контекст на аферата со некои други владини функционери, кои за својата работа ем примале плата, ем хонорари, заради што, засрамени пред извесно време ги враќаа примените хонорарни парични средства со каса прими. Се разбира, Каргов, како старешина во Царинската управа водел сметка за секоја ситница, па така, во авторскиот договор што го потпишал, во член 5 определил дека договорните страни одделно се спогодија за рамномерна поделба на авторскиот надоместок меѓусебно. За секој случај, споменатите П.Р и В.З да не се испотепаат меѓу себе кога треба да го поделат доделениот хонорар од 388.570,00 денари.

Трето, Каргов треба да одговори на прашањето, зошто Царинската управа потрошила 150.000 евра државни пари за набавка на непостоечки софтвер, кој се уште го нема во Царината. Царинската управа платила 8.917.500,00 денари за софтверот за единствен интегриран информациски систем, кој до ден - денешен не е набавен. Според документите, Царината во јули 2008 година склучила договор со фирмата „СРЦ системска интеграција„, но парите, иако се исплатени, Царинската управа останала без интегриран информатички систем. Дури, споменатата фирма „СРЦ системска интеграција„ како добавувач не доставила ниту банкарска гаранција на износ од 5 отсто од сумата, а која требало да ја достави веднаш по потпишувањето на договорот.

Четврто, на 30 јануари 2009 година е склучен договор за јавна набавка на систем за обработка на царински декларации помеѓу Царинската управа на Република Македонија претставувана од директорот Каргов од една страна како набавувач и италијанскиот конзорциум ИТЖМАЦ од друга страна како добавувач. Вредноста на договорот е 2.328.200,00 евра. Предмет на овој договор е јавна набавка на Систем за обработка на царински декларации и поврзани услуги. Покрај споменатиот италијански конзорциум, во игра за оваа јавна набавка била и Царинската управа на Република Естонија, која го изгубила тендерот за минимален број на поени. Меѓутоа, во случајов е интересно тоа што директорот Каргов после потпишувањето на договорот со италијанскиот конзорциум, дополнително со овој конзорциум склучува два анекси на Договорот. Со првиот анекс од 25 декември 2009 година, Каргов недозволиво ги менува условите од тендерот, односно, прави измена на договорот за да може да исплаќа авансно од постигната цена, иако таква обврска не постои во основниот договор. Со вториот анекс пак, од 21 мај 2010 година, Каргов го пролонгира рокот за примена на системот. Директорот Каргов не смее да го прави тоа, а дури има исплатено и 435.000 евра, иако банкарската гаранција на добавувачот во тој момент е истечена и воопшто ја нема во Царинската управа на Република Македонија!

За крај, да потсетам дека пред извесно време, ВМРО-ДПМНЕ ја информираше македонската јавноста дека започнале со подготовката на новата изборна програма во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори. Притоа ги повика и македонските граѓани да се вклучат со свои идеи и предлози во изработка на нивната нова изборна програма. Во оваа насока, како граѓанин на Република Македонија согласен сум оваа колумна да биде своевидна идеја до ВМРО-ДПМНЕ, односно, предлагам напишаното во колумната за расипничкото трошење на буџетските пари во Царината да се земе во предвид во контекст на запишаното на страна 67-69 од Преродбата во сто чекори дека владата на ВМРО-ДПМНЕ има три основни принципи во своето работење: чесност, транспаретност и одговорност и нулта толеранција за корупција на сите владини структури.

Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија која одговорно и пристапува на политиката да го прифати овој предлог кој е за општо добро. Доколу пак, не го прифатат овој предлог, како претседател на Народно движење за Македонија (НДМ) не гарантирам дека во догледно време нема да се појави некој член или симпатизер на НДМ со порака: „Јас не сум ВМРО-ДПМНЕ, јас сум НДМ, но, и јас сакам Царината да врши набавка на горива за партиските возила на НДМ во претстојната предизборна кампања„!
--- надополнето: Oct 10, 2011 10:23 PM ---
cita li nekoj od obvinitelstvoto kako se lapa honorari​
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
139
Поени од реакции
3
epa batka svrgo mesto da si ja raboti rabotata za sto e platen on si igra sportska cel den a ovoj kriminal ke pomine bez sankcii
 

Kajgana Shop

На врв Bottom