Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.795
- Поени од реакции
- 34.046
Нема подобро време од сега... Особено кога непријателот е со смолкнати гаќи на неколку фронтови, истиот непријател кој лани проба да организира оружен бунт во северот на Иран и пред некоја недела/месец истото се обиде да го направи на југоисток во Балочистан. Сега после последниве две напади против Кудите и Балочите, сите сегашни и идни (потенцијални) амерички проксија добро ќе размислат дали да извршуваат американски наредби - посебно штом очигледно америте не можат да ги заштитат. САД побрзаа да кажат дека немале жртви, што од дипломатски аспект значи „во моментов нема да направиме никаков агресивен потез“.Потврдија дека удриле во Пакистан.
Изгледа Иран или има нјукс или отидени се скроз со мозокот.
Потезите на Иран изгледаат ризични, и секако има ризик во нив, но да не заборавиме дека САД активно работат против нив. Два атентати на видни ирански фигури, пред пар години генералот на гардата, пред нецел месец главниот во Сирија. Потоа два обиди за организирање активен оружен бунт (и несомнено со амбиции да прерасне во цивилна војна и/или државен удар)... Сегашниве потези на Иран во основа се дефанзивни, и одмерени. Исто и во Либанпотезите им се целосно дефанзивни (Хезболах напаѓаат само набљудувачка инфраструктура во израелските погранични региони).
Офанзивни се само потезите во/со Јемен, преку нивните прокси Хутите. Тоа е најагресивниот потег и таму ќе биде најинтересно во наредниот период.
И нешто многу многу важно што од синојќа чекам некој нешто да каже, колку да видам колку се следат работите... Но да не пишувам, еве го Дима од милитари каналот (првите ~7 минути):