Интернет вести и информации

Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Вести за и од Microsoft

Бил Гејтс погрешил во предвидувањата



Пред две години Бил Гејтс (Bill Gates) предвидел дека до овој момент проблемот со spam пораките ќе биде решен. Во прашање е предвидување за кој многу e-mail експерти изјавиле дека е погрешно исто колку и предвидувањата на Нострадамус. Скот Чејсин (Scott Chasin) директор за технологија во фирмата за e-mail безбедност MX Logic Inc. со седиште во Денвер изјавил дека компаниите имаат голем пат пред себе пред да го решат проблемот со spam-от. Предвидувањето на Гејтс не се остварило, со тоа ќе се согласи секој корисник на интернетот. Чејсин додал дека Гејтс имал премногу оптимистички поглед на светот. Иако Mirsosoft користи свој посебен протокол за автентикација на ID-ата на испраќачите на Hotmail сервисот, Sender ID не доживеа широко прифаќање од страна на интернет провајдерите и останатите компании.


Проблемите на Micorosoft со Европската Унија



Прв пат во последните 12 години, Micorosoft има проблеми од дветестрани на Атлантикот, од исти причини во исто време затоа што не дал доволно информации за да престане со прекршување на анти-монополистичкиот закон. Европската комисија реагирала на непокорување на Micorosoft и му се заканила со казна од 2 милиони долари дневно. Сега затоа што Министерството за Правда на САД оваа недела по прв пат изразило слично незадоволство, на судиите е да одлучат дали се потребни нови мерки против Micorosoft. Генералниот советник на Micorosoft Бред Смит (Brad Smith) планира во среда (01-02-2006) да одржи конференција за новинари во Брисел како би изнел подетални информации во врска со случајот. САД и Европската Комисија имаат различен пристап во врска со решавање на проблемот со софтверскиот гигант, но почнуваат да применуваат слична стратегија.


Windows Vista ќе има подобра заштита



Соочен со опасноста од kernel-mode rootkit-овите кои се наоѓаат во пораст, Микрософт планира да направи значаен чекор во политика како би спречил драјверите што се без нивниот сертификат да се инсталираат на нивната x64 верзија на Windows VIsta. Почнувајќи од Windows VIsta и Windows Server (Longhorn), kernel-mode софтверот мора да има дигитален запис во него како би можел да се инсталира на x64 компјутерските системи. Одлуката да се блокира инсталирањењто на драјверите без тој потпис преставува директен обид да се ограничи ширењето на моќните rootkit-ови кој директно манипулираат со структурните податоци на Windows. Преставникот за медиуми на компанијата Microsoft изјавил дека промената на долгорочната политика е дел од SDL (Security Developement Lifecycle) на компанијата.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Нови функции во Windows Live



Microsoft оваа недела најави подобрување на својот Windows Live портал, стартна позиција за корисниците кои сакаат да им пристапат на веб серверите на компанијата. Новите можности вклучуваат gadget-и кои овозможуваат телевиски шоу емисии и интеграција на слика во Live.com RSS стримовите. Microsoft го користи терминот gadget да би ги означил мини апликациите кои обично се појавуваат во вид на мало екранче и може да се најдат на декстопот или на вебстраниците и обезбедуваат корисни информации или други корисни подобрувања на апликациите или сервисите. Блогерите пишуваат дека Microsoft исто така планира да издаде update за Windows XP кој ќе овозможи gadget-тите да комуницираат помеѓу Live.com и Windows XP десктопот. Оваа опција ќе постои и во Windows Vista кој се очекува да биде пуштена во продажба до крајот на годината.


Microsoft припрема firewall за Windows Vista



За својот нов Windows Vista оперативен систем, Microsoft припрема нов, полн со можности firewall кој е направен така да на администраторите им овозможи значително поголема контрола над тоа кои апликации може да работат на системите кој ги управуваат. После само месец дена тестирање од страна на Community Technology Preview (CTP), firewall-от е скоро готов и спремен да се имплементира во финалната верзија на Vista која се очекува да излезе во втората половина на 2006 година. Новиот firewall е наречен "two-way" затоа што го филтрира и влезниот и излезниот мрежен сообраќај, така да ќе може да ги блокира надворешните машини што се обидуваат да се приклучат на Windows компјутерот исто како и апликациите на локалната машина кои се обидуваат да се поврзат со други компјутери во мрежата.


Европската Унија е внимателна во врска со понудата на Microsoft



Према изјавите на одговорното лице на анти-монополистичкиот закон во Европската Унија, изненадната понуда на Microsoft да им го покаже изворниот код од своите апликации на конкурентите може нема да биде доволно за софтверскиот гигант да го избегне плаќањето на казна од 2 милони долари дневно. Одговорната за конкуренција Нели Крос (Neelie Kroes) изјавила дека на корисниците им се потребни употребливи инструкции кој ќе им овозможи на конкурентите да развијат серверски софтвер за функции како што е управувањето на печатачите на начин на кој тоа го прават програмите на Microsoft. Европската Унија во 2004 година донесе одлука дека америчкиот гигант мора да ги сподели информациите како би ги поправил некоректните односи со останатите конкуренти. Крос изјавила дека Европската Комисија извршната рака на Европската Унија, никогаш не го барала изворниот код за кој Microsoft вика дека преставува ДНА на оперативниот систем Windows.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Намалени предвидувањата за продажбата на Xbox 360



Наведувајќи како причина недостигот на Xbox поради бавното производство, Microsoft во четвртокот ги смалил своите предвидувања во врска со продажбата на Xbox 360 во период од 90 дена. Компанијата сега очекува дека ќе продаде од 2,5 милиони конзоли до крајот на февруари, што преставува намалување во однос на почетната проценка од 2,75 до 3 милиони продадени примероци. Меѓутоа Microsoft остана уверен дека ќе продаде измеѓу 4,5 и 5,5 милиони примероци до крајот на јуни. Microsoft исто така објави дека до крајот на 2005 година продал 900 000 Xbox 360 конзоли во Северна Америка и уште 500 000 во Европа. Побарувачката била пониска од предвидувањата во Јапонија, каде компанијата продала само 100 000 примероци.


Пиратеријата во Азија ќе биде искоренета



Лесно е да се смеете со предвидувањата на Бил Гејтс (Bill Gates), а посебно со предвидувањата за говорниот интерфејс во рок од 5 години кој го изговараше во текот на последните 10 години. Но од друга страна лесно е да се смееш со предвидувањата на повеќето футуристи. На Гејтс често му се смеат не затоа што е премногу лош во своите предвидувања (сите се прилично лоши) туку затоа што е личност од висок профил. Бил Гејтс овој пат предвиде дека пиратеријата на софтверот во Азија во главно ќе биде ставена под контрола во текот на наредните 10 години. Гејтс исто така изјавил дека продажбата на софтверот во Кина и Индија расте секој ден и дека е оптимист во поглед на тоа дека на крајот овие две земји ќе ја прифатат исправната пракса на лиценцирање на софтветот, како што веќе направиле Тајван и Јужна Кореја.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Microsoft продолжува со подршката за Xbox



Microsoft за GamesRadar негираше дека престанал со производство на оригиналниот Xbox. Компанијата изјави дека продолжува со подршката на Xbox платформата и дека не се планира да се престане или намали со производството. Овој коментар на представникот за прес на Microsoft UK следуваше после гласините дека компанијата планира да престане со производството на оригиналниот Xbox како би можела да се концентрира на напорите за производство и маркетинг на новиот Xbox 360. Исто така представникот на Microsoft изјавил дека иако компанијата нема нови наслови која би можела да ги најави во овој момент, она и понатаму останува посветена за обезбедување на нови возбудливи играчки искуства на веќе постоечките сопственици на Xbox во текот на 2006 година. Постојат преку 200 наслови кој треба да се појавата во продажба оваа година.


Microsoft сака висок квалитет на Vista



Microsoft сака да биде сигурен дека издава квалитетен производ кога ќе ја издаде следната верзија на оперативниот систем. Windwos Vista е првото велико објавување на оперативен систем од страна на Microsoft уште од 2001 година така да сите очи ќе бидат свртени кон ова лансирање. Имајќи го ова во вид, компанијата попрво би го одложила издавањето на Vista, ако тоа значи дека со тоа ќе биде издаден поквалитетен производ. Microsoft непрекинато ја подобрува стабилноста и перформансите на Vista со секое ново Customer Technolgy Preview (CTP) издание, а компанијата планира да продолжи со додавање на нови функции на секоја нова CTP верзија. Тоа ќе и овозможи на компанијата да се фокусира на проблематичните прашања кој се веќе присутни во врска со новиот оперативен систем.


Давањето на изворниот код не е доволно



Wall Street Journal успеа да дојде до доверливиот документ на Европската комисија во која му препорачува на Microsoft понудата за издавање на изворниот код не е доволна да се избегне анти-монополистичката казна. Тоа објаснува зошто представникот на Европската комисија во изјавата за BBC на почетокот на оваа недела изјавил дека Microsoft одлучил да одржи прес конеференција, а не да се повлече и ги одржи правните разговори. Ексклузивното прикажување на документот покажува дека зад сцената се одвива права војна. Microsoft се соочува со можно плаќање на казна од 2 милиони долари дневно ако не се сложи со условите на комисијата. Додека Microsoft јавно кажува дека прави се што е во негова моќ како би ги исполнил условите, во документот до кој успеа да дојде Journal е прикажано дека сите информации и документација кои се доставени до комисијата се неупотребливи.


MBS почна да остварува профит



Microsoft Business Solutions, одделението за апликации на Microsoft испадна од црвената зона. Оваа група на 26 јануари објави приход од 242 милиони долари за второто тромесечје на фискалната година, односно профит од 10 милиони долари за одделението кое до тогаш носелно само губиток. Во текот на второто тромесечје на претходната година MBS изгубил 17 милиони долари на продажба која имала вредност од 207 милиони долари. MBS успеа уште еднаш да направи заработка пред што било планирано. Во својот извештај за фискалната 2005 година од минатиот јули, Microsoft објави дека очекува пораст на MBS приходите од 10 до 11% во текот на фискалната 2006 година, но дека не е извесно дека ќе се оствари профит. Профитот кој е објавен во четвртокот преставува пораст на приходот од 17% во однос на истото тромесечје во 2005 година.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Sony го напаѓа Xbox Live со полна сила



Sony се надева дека ќе успее да се позиционира на пазарот за online console gaming. Microsoft успеа да оствари голем успех со својот претплатнички Xbox Live сервис, а Sony нема намера да му го препушти пазарот на Microsoft кога се работи за online играњето на конзолите од новата генерација. Playstation Magazine известува дека Sony дал помпезна изјава во врска со својот нов online сервис. Компанијата најавила "напад со полна сила" на последната верзија Xbox Live. Дали Sony навистина може да го нокаутира Microsoft од првиот обид? Ни останува само да почекаме и да видиме.


Microsoft Office ги нарушил туѓите патенти



Microsoft им советува на новите корпоративни корисници да направат update на своите Office и Access пакети после пресудата во врска со нарушување на патентите од 2005 година во кој од Microsoft се бара да го одстрани патентираниот софтвер од своите производи. Microsoft во понеделникот почна да ги известува своите купувачи дека е неопходно да ги patch-уваат новите корпоративни инсталации на Office Professional 2003 и Access 2003 и да го инсталираат Service Pack 2. Корпоративните корисници со новите инсталации на Office XP Professional и Access 2002 мора да инсталираат специјален patch. Во јуни калифорнискиот суд му нареди на Microsoft да му плати на програмерот од Гватемала Карлос Армандо Амандо (Carlos Armando Amando) 8,9 милиони долари поради нарушување на неговиот патент од 1994 година кој се однесува за софтвер кој помага во трансферот на податоците помеѓу Microsoft Excel spreadsheet и Access-овата база на податоци со помош на само еден spreadsheet.


Microsoft најави нови развојни алатки



Microsoft цврсто го определи временскиот период за објавување на својот Team Foundation Server и планира да издаде preview на уште еден клучен дел од Visual Studio технологијата. Во своето клучно обраќање, Сома Сомасегар (S. "Soma" Somasegar) корпоративниот потпретседател за развојни алатки во Microsoft, изјави дека во текот на следната недела или малку покасно Microsoft ќе ја објави првата CTP (Community Technology Preview) на Visual Studio Tools for Applications. Сомасегар исто така изјавил дека TFS (Team Foundation Server) компонентата VSTS (Visual Studio Team System) ќе стане статус кандидат за објавување до крајот на оваа недела, а ќе добие RTM (release to manufacturing - од објавување до призводство) статус во март. Сомасегар ја дефинираше TFS како технологија која обезбедува соработничка платформа за интеграција на сите VSTS алатки.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Microsoft Windows Server 2003 R2



Долго очекуваниот Microsoft Windows Server 2003 R2, update за Windows Server 2003 со Service Pack 1 конечно стана достапен за широката јавност. Ова јавно објавување дојде после објавувањето на RTM верзијата на финалниот код за овој серверски оперативен систем. Купувачите на Microsoft сега ќе може да го купат Widnows Server 2003 R2 кој веќе е инсталиран на машините преку компании како што се Dell, Hewlett-Packard и IBM, а купувачите на Microsoft Software Assurance ќе може да ги добијат своите Server 2003 R2 update-ти во блиска иднина. Windows Server 2003 R2 нуди нови функции како што се подобра branch office ефикасност, подобрен менаџмент на идентитетот, ефикасен менаџмент за складирање и подобрена веб платформа. Windows Server 2003 R2 исто така содржи Simple SAN (storage area network) програма.


Драјверите ќе мора да бидат сертифицирани



Загриженоста околу безбедноста на компјутерите продолжува да расте секоја година. Еден од најлошите начини на кој може да се нападне компјутерот е преку инсталацијата на rootkit-ови, програми кој обично се инсталираат на ниво на device driver (односно ниво Kernel Loadable Module во Linux) и да ја преземат контролата на целиот систем, заобиколувајќи ги сите заштити и да се сокријат од корисниците. Такви програми тешко може да се детектираат без употреба на специјален софтвер бидејќи они обично ги прикриваат своите извршни процеси. Според Microsoft повеќето од 20% на проблематичниот софтвер кој се одстранува од Windows XP со SP2 системите представуваат невидливите rootkit-ови. Microsoft веќе потврди дека 64 битната верзија на Widnows Vista ќе има вградено ограничување кое ќе им овозможува само на одобрените, дигитално сертифицирани драјвери за уредите да се инсталираат на системот.


Microsoft ја оптужи Европската комисија



Додека антимонополистичкиот обрач се стегаше околу Microsoft во Европа, оваа компанија во четвртокот премина во напад обвинувајќи ја Европската комисија дека и го забранува пристапот до документите кои и се потребни за одбрана. Комисијата набрзо после тоа негираше дека е така и изјави дека процесот е сеуште во рана фаза за да може Microsoft да изнесе таква изјава. Microsoft мора до 15 февруари да даде одговор на изјавата на комисијата од декември месец дека компанијата не се придржувала до антимонополистичката пресуда од март 2004 година. Таа пресуда му одреди казна од 497 милиони евра и му нареди на Microsoft да го промени начинот на работење во Европа. Microsoft ја плати казната, но комисијата тврди дека компанијата сеуште не обезбедила доволно информации за својот оперативен систем Windows.


Knoppix го поправа Windows



Во некој период ќе наидете вие или некој кого го познавате на прв впечаток нерешлив проблем со Microsoft Windows оперативниот систем. Кога тоа ќе се случи повеќето корисници одново ќе го инсталираат системот и понекочаш ќе ги избришат важните податоци кој се наоѓаат на системската партиција. Од сега ќе можете да го употребите Knoppix како би можеле (во повеќето случаи) да го поправите вашиот Windows систем без губење на податоците и да заштедите време кое е потребно за реиснталирање на системските датотеки и апликации. Со помош на Knoppix и QTParted ќе можете да ги промените големината на вашите Windows партиции и останатите типови на партиции. Исто така Knoppix ќе ви овозможи да ги решите клучните проблеми со системските датотеки и да ги вратите избришаните податоци.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
На овој топик може да се објавуваат најразлични вести и информации поврзани со информатичката технологија.


Symantec во проблеми


Symantec должи скоро милијарда американски долари на име заостанат данок, кој е поврзан со купувањето на Veritas Software. Даночната служба го обвинува Symantec и Veritas Software дека ја подцениле интелектуалната вредност на сопственоста која била лиценцирана на ирските помошни трупи. Долгот изнесува околу 900 милиони долари невклучувајќи ги казните и каматите за подценетото интелектуално сопствеништво. Додатни 100 милиони долари долг е поврзан со фискалната година 2003 и 2004 на компанијата кој исто така не се вклучени трошоците за казни и камати. Се разбира компанијата планира во иднина да се штити од секоја казна која би можела даночната служба да ја донесе спрема нив.



Извор
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Computer Associates на open source

Computer Associates можда нема да премине комплетно на open source со своите производи, но ќе користи дистрибуционен модел на open source. Значи бесплатно симнување на производите за основно користење, а наплаќање за додатни апликации и сервиси. IT менаментот на компанијата со седиште во Исландија, Њу Јорк, на 24 април го преставиле новиот веб базиран софтверски модул (DCC database command center) за Internet Explorer кој ќе им дозволи на администраторите на бази на податоци да го користат за да ракуваат со различни бази на податоци преку многу платформи во системот на компанијата со било кој компјутер кој е поврзан на интернет.



Извор


Неофицијално Windows е побрз од OS X

Apple смета дека е проблем ако корисниците можат да имаат два оперативни системи на Mac, затоа што е така многу полесно да се споредат тие два система во исти услови. Еден од хакерите го инсталирал Boot Camp на Mac па после тоа ја инсталирал World of Warcraft за да тестира како ќе работи на резолуција од 1440x900 со сите уклучени графички детали на максимум. Со Boot Camp добил резултати на FPS измеѓу 15 и 20, додека со Windows измеѓу 35 и 40 FPS што е доста поголема разлика. Хакерот изјавил дека повеќе сака да го користи OS X оперативниот систем, но тешко би било да се објасни како е можно играта да биде дупло побрза на Windows.



Извор


Повеќе монитори за поголема продуктивност

Најновиот блог на New York Times потврдува нешто што можеби повеќето од нас веќе го знаат, повеќе монитори ја зголемуваат продуктивноста. Можноста да се гледа во еден екран додека истовремено се работи на друг изгледа дека малку ќе ја зголеми продуктивноста. Сите што ги виделе компјутерите на берзанските брокери знаат дека повеќето монитори се многу повеќе од само убав украс. Истражувањата покажуваат дека со екстра монитори се зголемува продуктивноста за дури 20-30%. Се разбира овие истражувања се направени под будното око на производителите на монитори. NEC исто така изјавил дека додатните монитори овозможуваат поголема продуктивност, но сепак тоа на крај оди во корист на NEC.



Извор
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Откриен меѓуплатфорсмки вирус

Антивирусната компанија Kaspersky Labs ги извести корисниците на компјутери дека се појавил вирус способен да зарази компјутерите со инсталиран Windows но исто така и компјутерите со инсталиран Linux. Овој меѓуплатфорсмки вирус е релативно едноставен и нема да зарази голем број на компјутери, но е многу позначајно тоа што креаторите на вируси пронаоѓаат начини за креирање на вируси кој може да се шират помеѓу повеќе платформи. Новиот вирус кој Kaspersky Labs го нарекува Virus.Linux.Bi.a/Virus.Win32.Bi.a напишан е во асемблер и ги инфицира само оние датотеки во директориумот во кој и се наоѓа тој. Неговата специфичност се гледа во тоа што е во можност да се заразат различни типови на датотеки кои ги користат и Windows и Linux. Појавувањето на овој вирус е уште еден доказ на се поголемата популарност на оперативниот систем Linux, поготово на работните станици во големите корпорации. Правењето на меѓуплатформскиот вирус е комплициана задача, затоа што програмерот е ограничен само на оние функции кои се појавуваат во двата оперативни системи.

Московската антивирусна компанија Kaspersky Labs соопштила дека нејзиниот програмски пакет Kaspersky Antivirus е единствениот антивирусен програм кои ги пронаоѓа интернет црвите во датотеките архивирани во форматот .zip кои се заштитени со шифра. Варијантите на вирусот Bagle на пример на корисниците им стигнува преку е-маил со приложената датотека запакувана во .zip и заштитена со шифра. Се работи за варијантите на вирусот Bagle.F до Bagle.J, кои се обидуваат на невнимателните корисници да ја употребат приложената шифра и ја отворат датотеката. Програмот Kaspersky Antivirus може да ги скенира датотеките ахивирани во форматите .zip, .rar, .tgz и многу други. На програмот е додаден модул кој ја пребарува содржината на електронската пошта, бидејќи во нејзе се наоѓа и шпфрата за отварање на архивираната датотека и активирање на вирусот.

Извор
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Skype ја поминал бројката од 100 милиони корисници

Skype во петокот објави дека ја поминале бројката од 100 милиони регистрирани корисници ширум светот во своето две и пол годишно постоење, што претставува најбрз раст на некој интернет програм некогаш. Судејќи спрема команијата 100-тиот милион корисник се регистрирал во четвртокот во 13:12 часот по Гринич. Skype изјавил доколку би го објавил својот телефонски именик на сите 100 милиони корисници би се состоел од 57.000 страни. Меѓутоа бројот на корисници кој го користат Skype на редовна основа може да е многу помал од таа бројка. Испитувањето кој го спроведе BetaNews во петокот после пладне покажа дека во тој момент на Skype мрежата биле логирани само 5.5 милиони корисници.



Извор


Време на видео блоговите

Аманда Конгдон (24) трча по уличите на Менхетен во виолетова наметка и хулахопки. Ова можеби не изгледа како пресврт во историјата на интернетот но е. Веселата глумица е ѕвезда на првиот комерцијален и потполно нов медиум кој треба да започне - видео блог или влог (vlog). Нејзиното смешно суперхеројство е вредно 40.000$. Конгдон е главна на Rocketboom, сатирична програма и најпопуларен влог на интернет. И покрај лошиот буџет Rocketboom има по 250.000 посетители дневно и таа бројка секојдневно се зголемува. Конгдон и продуцентот Ендру Барон нагласуваат дека сакаат на направат бизнис од влог-от.



Извор
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Најсодржајниот пребарувач на мрежата Google го отвори својот "Code Jam" натпревар за најдобар Европски програмер, кој освен престижната титула од 21.000 фунти ќе добие и работно место во Googleplex.

Првиот дел на Code Jam натпреварот односно потрагата за најспособен програмер е одржан во Индија, а привлече околу 15.000 учесници кои се натпреваруваа за ова престижно место. Оваа година најсреќен беше Индонезиецот Ardian Kristanto Poernomo.

Овој пат Google го отвора истиот натпревар и на просторите на стариот континент, а сите заинтересирани ќе мораат прво да ги поминат он-лајн тестовите, после што 500 најдобри ќе бидат издвоени.

Во другиот круг ќе влезат 200-те најспособни, додека најдобрите 50 од нив ќе бидат повикани во Даблин на финалното натпреварување.

Регистрацијата за Европскиот Code Jam, е отворена пред извесно време, а сите детали околу натпреварувањето можете да ги прочитате на службената страница.



Извор
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Linux кернелот има се повеќе багови

Ендру Мортон еден од Linux инжењерите е загрижен поради се поголемиот број на багови кој се појавуваат во кернел верзијата 2.6 и размислува за преземање на драстични мерки да се реши тој проблем. Мортон изјавил дека баговите се јавуваат побрзо отколку што можат инжењерите да ги поправат. Тој нагласил дека сеуште не е докажано статистички, но дека добива се повеќе е-маилови со извештаи за багови и дека постои можност да се привремено запрел процесот за развој на кернелот да би се добило време за отстранување на проблемите. Мортон исто така навел дека доколку луѓето сакаат да испратат свој код за кернелот треба да му го испратат него, а не на Линус Торвалдс кој само го надгледува развојот.



Извор


САД сакаат да го забранат online коцкањето

Доколку дојде до забрана на online коцкањето, потез кој доста потсетува на прохибицијата која се случи во 20-тиот век, таа забрана директно би влијаела на 2300 вебстрани за online коцкање кои спрема новиот закон не би можеле да примат никаква уплата од граѓани на САД кои би сакале да учествуваат во online игрите на среќа. Имајќи на го на ум се поголемата популарност на online коцкањето, многу е тешко дури и да се замисли најлесниот начин на уведување на оваа забрана во цела држава. Крајната одлука дури сега треба да биде донесена и ќе биде прифатена само ако помине гласањето во Белата Куќа и Сенатот.



Извор
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Wi-Fi интеграција на нов начин

Истражувачите од лондонскиот Империјал колеџ се здружиле со компаниите како што се Intel, Lucent Technologies и Telefonica за да развијат интегрирани сет на антени и технологија на безжична мрежа која може да работи заедно за да би се поврзале канцеларии и станови. Проектот наречен MEMBRANE се очекува да стартува со работа во јуни 2008 година, до кога тимот се надева дека ќе успее да направи прототип од клучните елементи на безжичната мрежа. Цел на проектот е употребата на безжични врски со истурена антена кој ги прима радио сигналите помеѓу локалните мрежи и надворешните рутери.



Извор



nVidia GeForce 7300 GT стигнува наскоро

DailyTech известува дека во понеделник на 15 мај ќе биде премиерно прикажан nVidia GeForce 7300 GT графичкиот чип кој во новата серија 7300 ќе биде зголемен од 64 на 128 битна магистрала како и во серијата 7600. 90 nm 7300 GT дел е базиран на G73 процесорот. Новиот нецел процесор најверојатно ќе биде блокиран на 350 MHz. За разлика од другите GPU 7300 класа, GT ќе подржува SLI но сеуште не е познато дали ќе подржува TurboCache како G72 базираниот 7300 LE и 7300 GS или како во серијата 7600. Како и другите GeForce 7000 чипови, 7300 GT исто така ќе подржува Shader Model 3.0 и висок динамички опсези на рендерирање (HDR).



Извор
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
4 нови сервиси на google

Гигантот Google повторно е во напад, но овојпат со новите online сервиси кои ги нуди: Google Co-op, Google Desktop 4, Google Trends и најновиот Google Notebook кој ќе биде пуштен во употреба следната недела.
Google Co-op е веб сервис кој овозможува корисникот да ги избира резултатите што Google ќе му ги даде според негов избор. Може да означи неколку веб страни кои Google би ги пребарувал и само содржините од избраните страни да бидат во резултатите од пребарувањето.

Google Desktop 4 е најновота бета верзија на популарниот Google desktop search software. Новината во оваа верзија е воведувањето на таканаречените Google “гаџети”, мали апликации кои го украсуваат вашиот desktop и ви доставуваат податоци како времето во земјата во која живеете и вести. Другите можности се: пристапувањето до Google сервисите директно од вашиот desktop, можноста за пристап до сетинзите на другите компјутери кои го користат овој софтвер, реиндексирање на резултатите и многу друго.

Google Trends е сервис кој им овозможува на сите корисници на светот колку популарен е одреден збор во Google датабазата, односно колку често тој е внесуван како пребарувачки термин во Google пребарувачот.

Google Notebook, кога ќе биде пуштен во употреба следната недела е алатка на вашиот веб прелистувач која ви овозможува да ги прилагодите сите веб страни кои ги посетувате на тој начин што ќе одредите дали ќе се прикажува или нема да се прикажуваат сликите, текстот и линковите кон другите страници.

“Google Co-op и другите нови сервиси ја објавија одличната комбинација што Google ја прави со моќната технологија и знаењето, експертизата на многу индивидуалци” – вели Jonathan Rosenberg, потпретседател на Product Management, Google Inc во една изјава. “Како резултат на ова, корисниците можат да ја најдат речиси секоја информација што им треба побрзо од било кога”.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
AMD на 65nm до крајот на годината

AMD (Advanced Micro Devices) ќе почне со дистрибуција на своите 65nm процесори до производителите до крајот на 2006 година. Новите процесори нема да бидат достапни за обичните купувачи. Оваа вест ја објави вебстраната HKEPC дека во текот на четвртиот квартал на 2006 година AMD ќе почне со комецијална испорака на првите 65nm Athlon-и 64 X2 со моделите:

4200+ (2.20GHz 1MB кеш - 512KB по јадро)
4400+ (2.20GHz 2MB кеш - 1MB по јадро)
4600+ (2.40GHz 1MB кеш - 512KB по јадро)
4800+ (2.40GHz 2MB кеш - 1MB по јадро)

Вебстаната исто така сите овие модели ги нарекува Brisbane, додека претходните модели на AMD процесорите со различна кеш меморија имаа различни имиња.



Извор


Microsoft ќе издава patch-еви за производи од трети производители

Компанијата Microsoft потврди дека ќе продолжи да обезбедува patch-ови за производите од трети производители кои влијаат на Windows. Пред неколку дена Microsoft издаде patch за корисниците на Windows 98, Millenium и XP за Flash Player, мултимедиската алатка на компанијата Adobe. Тоа е прв пат оваа компанија да издаде update за производ кој не им припаѓа преку својот Windows Update servis. Портпаролот на Microsoft објасни дека Flash Player е технологија на трет прозводител кој стандардно се дистрибура низ нивниот Windows оперативен систем па поради тоа некој корисници на Microsoft можат да бидат во опасност.



Извор


Nintendo најави крај на Game Boy Advance

Претседателот на компанијата Nintendo, Сатору Ивата обелодени дека компанијата не планира да произведува и понатаму производи за Game Boy Advance иако GBA SP и GBA Micro имаат голем успех. Според зборовите на Ивата компанијата добро размислила на што сака да ги користи своите ресурси, Јапонскиот пазар на игри сега напредува кон DS. До сега е продадено повеќе од 74 милиони на Game Boy Advance уреди. Nintendo до сега има продадено само во САД повеќе од 16 милиони уреди на DS откако се пуштени во продажба на 21 ноември минатата година и планира да продолжи со фокусирање на DS во наредните месеци. Nintendo е трета компанија по продажба на конзоли во светот, позади Sony и Microsoft.



Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom