S
Stef Bachatero
Гостин
Инсулин е хормон кој се секретира од бета клетките на панкреасот.Инсулинот реагира кога конзумираме одредено количество јаглехидрати се со цел да го намали дејството на глукоза во крвта,да ја зголеми синтезата на протеините и да ги складира јаглехидратите и мастите во адипозно ткиво се со цел да се искористи покасно.
Сега засега ќе се фокусираме на неговото дејство кога конзумираме јаглехидрати во преголема количина и неговата улога во креирање на адипозно ткиво(телесни масти).
За тоа ќе земеме примери во кој сите конзумираат 500 калории помалку од BMR(колку дневно ни требаат калории) но сите ќе јадат различно.Еден човек ќе конзумира високо јаглехидратна диета,другиот на високо протеинска диета и третиот на диета со висок внес на масти.Прво треба да знаеме дека секоја храна реагира различно на нашиот метаболизам и дека одредена храна го зголемува повеќе нивото на инсулин од пример мастите и протеините кој скоро да немаат никаков ефект кон зголемување на инсулинот.Да се вратиме на дискусијата за диетата и хипотетички да претпоставиме дека субјектите имаат ист метаболизам,исто реагираат кон секоја храна и секој активно вежба 20-30 мин дневно.Тоа што е најдено е дека најмалку загуба на масни наслаги има кај високо јаглехидратната диета,средно кај протеинската диета и високо кај висок внес на мастите.Ќе се прашате зашто е така?Затоа што главниот причинител инсулинот од било кој извор не им дозволува на мастите да се користат како гориво,секогаш ги користи резервниот гликоген и глукозата во мускулите како гориво и затоа вие кога вежбате дали аеробично или аеробично го користите овој извор на енергија како примарен.Секогаш кога ќе се истроши глигогенот,се користат мастите како извор на енергија,ретко кога протеините се користат како енергија во многу кризни ситуации (катаболизам,стрес и гладување одреден период).
Глукагонот братот на инсулинот да го речеме се како јинг и јенг,кога одреден период не внесуваме јаглехидрати глугагонот се секретира пак од панкреасот и ги користи протеините и мастите за енергија.Премногу инсулин=адипозно ткиво,премногу глукагон=мускулна маса губиток но и топење на масните наслаги.Затоа премногу ниско калорични диети не функционираат,затао што се губи квалитетна мускулна маса и стресот и шокот доведува до катаболизирање на мускулите бидејќи не се доведува доволно многу амино киселини за да се задржи мускулната маса.1,5-2 грама протеини на секој кг.Па што е решението на сето ова против инсулинот и неговото дејство кон складирање масти.Секогаш има добри и лоши страни,добрата страна на инсулинот е што е потребно за градење на мускулна маса преку зголемување на протеинската синтеза,затоа балансирање негово е тоа што функционира.Вашата цел треба да е топење на масти не губење на тежина(мускулна маса е многу потешко да се добие,отколку да се складира адипозно ткиво).Вистината е дека треба да имате повеќе мускулна маса за квалитетно да се горат калориите од ЈХ.Сите јаглехидрати не се толку лоши мешунките на пример се многу добар извор на ЈХ затоа што имаат нискогликемичен индекс или во превод немаат толку лошо дејство кон качување на глукозата на крвта и не се секретира толку многу инсулин како пример бел леб,шеќер и сите други високогликемични храни.За тие што сакаат да бидат со многу ниски телесни масти диета на базирана на гликемичен индекс би помогнала но сепак би останало уште многу адипозно ткиво кое тешко се гори,затоа што се користи за преживувачки причини.Па како да го согориме последното ниво на масти а де не губиме мускулна маса,секогаш има решение.Има циклични диети или зиг заг диети во кој одреден период 3,5 дена не конзумираме јаглехидрати како паста,леб,ориз,мешунки и ги заменуваме со зеленчуци (домати,краставици,зелка,брокули,грашок),вежбаме активно кардио тие денови комбинирано со тренинзи за снага и добиваме максимално топење на масти.Секако минималниот внес на протеини треба да се запази 2 грама на секој кг.Така да внесот на јх ако се одлучите на 3 ден треба да е под 100 грама,внесот на масти 1 до 1,5 гр на секој кг.Пребарајте на интернет:Cycling Ketogenic Diet,Zig Zag diet,The anabolic diet.Главните предности на диетиве се тоа што го зголемуваат нивото на 2 хормони за градење мускулна маса Тестостерон и хормон за раст,кој инсулинот има негативно дејство и не дозволува да се продуцира.
ЧДА
Премногу масти ќе добијам повишен холестерол?
Тоа што се добива повишен холестерол не се големиот внес на масти,туку стресот и небалансирана исхрана.Холестеролот се дели на ХДЛ(добар) и ЛДЛ(лош).Студиите за мастите и холестеролот се базирани на студија од 1950 година и се до ден денеска се верува дека е така а во овој случај не е.
Дали оваа диета е за мене?
Ако не се дебелееш и имаш успеси моментално со сегашниот план на исхрана не треба воопшто да го променуваш.Диетава е наменета за луѓе што сакаат да намалат телесни масти под 10%.
Кој се негативните ефекти од диетава?
Бидејќи не се внесува големи количини на ЈХ може да перформирате полошо на тренинзите на снага.Затоа треба да се снабдите со доволно калории пред тренинг за да можете да правите добар тренинг.Препорачано е кога сте на ваква диета да користите помала тежина повеќе повторувања за да се зголеми ефектот на топење на масти и зголемување на нивото на хормонот за раст.
Дали е потребно да вежбам?
Како и секоја исхрана треба да се пази колку се конзумира калории може некогаш да се претера и да верувате дека слабеете а се што слабеете е водата.Бидејќи јаглехидратите се секогаш примарен извор за добивање брза енергија затоа ќе имате лоши перфоманси.Препорачано е кардио со ниско-среден интензитет затоа што тешко би издржале со висок интензитет.
Па се надевам дека ви објаснив некои принципи на исхранат и зашто инсулинот е главниот кривец на дебелината.Можеби е контроверзно но сепак секогаш има алтернативи како базирање на исхраната на гликемичен индекс(Диетата на јужната плажа South Beach)следење на калории и сл.Јас лично највеќе ослабнав кога планирам да јадам вака секогаш треба да имате позитивен баланс на хормони за да ги стопите маснотиите.