Иницијатива за закон за забрана на финансирање на невладини организации, од НАДВОРЕШНИ спонзори

Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Лудаци, друго не глеам овде, спремни за Демир Капија, после мостот
eee камо среќа да бевме ко швајцарија или словенија, немаше ич да има потреба од вакви теми, на форум ќе дискутиравме за музика, филм, туризам, мода, готвење, .... ќе бевме богати, најадени, мирни, спокојни.
Како во време на СФРЈ ко не знаевме ниту не интересираше кој е министер кој е пратник кој е градоначелник.. се си функционира, се ти е обезбедено, одиш работиш и трошиш пари.
по ова што го читав од некои овде, ова гледам поголем страв од некоиси сатанисти, завери, језуитско еврејски редови...неголи од 45та до 50та од Стаљин.
извини ама треба да има за што да се дискутира и со кој да се дискутира. Али никој не ти брани да изигруваш смешка со тие завери и понатаму, тоа е твое граѓанско право. Да, Сорос нам ни однесе 5 миљарди, марсовци
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.101
Поени од реакции
34.568
Јас би ве замолил да не ја усерувате темава. Има теми за мистерии, завери, фантазии, итн...
Не сакам да замарам модератори, ама ако пролжите ќе морам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Навистина многу се чудни работите и се тоа финансирано од внатрешни наши пари.

СДСМ бара истрага од надлежните за донаторот на 5-те нови споменици,

Здружението – донатор на споменици секоја година добивало пари од Владата

Еве уште нешто од наши пари

Коалицијата „Излези да гласаш“ која имаше најголем број набљудувачи на претседателските избори (дури 5.000 лица), одбива да соопшти кои се нивните донатори.…
Здружението „Синергија“ беше финансирано од Владата за имплементацијата на проектот „ ЛЕС – Логопедски едукативен софтвер”. Нивниот проект ,,Како е да се биде во ЕУ, и како е да се биде надвор од ЕУ“ е исто така финансиран од Владата.


А Сорос, бадијала 25 години заедно со половина светски сили се обидува да ја уништи Македонија. Опасни се македонците, кога ќе кивнат...
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
@Lurtz ,
Заклучок: Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради
е поопасно од Џорџ Сорос...

Добро.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Па да. Зема пари од твој џеб, 5 милијарди евра...
@Lurtz ,
Заклучок: Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради
е поопасно од Џорџ Сорос...

Добро.
туку што мислиш ти, каде и кога нам Сорос сакал да ни ја уништи државата овие 2 иполдецении? Пошо чоекот мултимилјардер (помалку од трилион кои не се милион милијарди туку илјада милијарди), со илјадници нго-а низ светот, со "успешна акција" во Украина (земја илјадапати поголема од Македонија) со цела една партија која беше на власт 12 години...некако млако ми делува да дури сега, кога се откриваат домашните калој, се обидува да не уништи. Притоа, само неколку медиуми (да не ги набројувам, познати ти се, води вечер) и гдом во хор одеднаш го споменуваат како најголемо зло. А да се потсетиме, 2011 тогашниот премиер се сретнал со Сорос при што биле договорени вообичаени активности со Фондацијата. Чудно?

Од друга страна дали се знае колку и за што се трошени пари од фондацијата Конрад Аденауер?
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.101
Поени од реакции
34.568
Почнав да пријавувам офтопик муабети. Потсетувам дека темата е финансирање на НВО од надворешни спонзори, односно иницијатива за спречување на истото. Иницијатива е проширена и на НВО спонзорирани од владата, кои исто така треба да бидат опфатени од забраната (на финансирање).

Лурц и сите други: Муабетите за СДСМ, ДПМНЕ, ГДОМ, итн... Продолжете ги овде:
http://forum.kajgana.com/threads/Протести-низ-Македонија-Генерална-дискусија.81110/
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

http://meta.mk/makedonski-lgbti-tsentar-napadot-vo-orlando-e-heterofashizam/



ХЕТЕРОФАШИЗАМ велат.
И на крај во соопштението:


Дали овие невладини организации придонесуваат за нормализација на односите и подобрување на општата ситуација на хомосексуалците,
или пак придонесуваат за зголемување на омразата и нетрпеливоста кон хомосексуалците?

Јас мислам второто.

Но чекај да видиме кој всушност се Коалиција СЗПМСЗМ ?
http://s31.postimg.org/64in0q1kr/koalicija.png

Опа, Сорош!

Апелирам и до @Шкорпион @Ilumious @Ставрогин и останатите хомосексуалци на форумов, ако имаат некакви контакти со овие невладини, да им ја пренесат поракава.

Не може 5-10 души напикани по невладини, да зборат во име на сите ЛГБТ да ги нарекуваат хетеросексуалците фашисти, а последици да трпи цела ЛГБТ заедница,
затоа што ова очигледно е смислена провокација, да се направи инцидент, а потоа тие да си пукаат сеир.
Хетерофашизам? Ќе да е некој нов термин свежо искован, заедно со mansplaining, male/white privilege, micro-aggression и да не ги редам сите траги-комични бљувотини. Бев во редовен контакт со неколку такви групации кои покажаа дека не се отворени за критички дискурс нити ги занима реално претставување на ЛГБТИ заедницата и сите критичари се третирани како непожелни и нит се дел нит може да се отвори било какво комунике со нив за било што, ако веќе те архивирале како "дисруптивна личност". Верувај, сум пробал. Други не се замараат затоа што како што било и претходно, така и до сега, тераат двојни или прикриени животи и не се замараат со ЛГБТИ организации и кој ги преставува нив и на кој начин. Да беа од поголемиве партии некои малку повеќе gay-friendly, ќе излезеше некој со некакво соопштение или апел на некој прес, ама пошто не се, затоа и е штама, не само за ова, туку и за ред други бисери што излегле од општествениве термити.

Да бевме во хетерофашизам нити ќе имав хетеро-пријатели како хомосексуалец, нити тие преживеаните жртви од настанов во Орландо ќе добиеја помош во форма на донација на крв, затоа што FDA во Америка (како и во други делови во светот) не дозволува LGBT лица да донираат крв, ниту на стрејт, ниту на други LGBT лица. Донациите на крв беа од илјадници хетеросексуалци кои се собраа да помогнат на тој начин. Не дека бубашвабиве од рејнбоу организацииве кај нас не го знаат ова, ама доделена им е дисертација од агенда која треба да се спроведе, и тераат лист по лист. Парите што ги лапаат некако треба да се оправдаат нели?
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Сорос е алатка на ДПМНЕ која им служи само за да ги заплашуваат луѓето, исто како кога на мало дете му велиш. "Aко не си умен ке дојде баба рога и ќе те земе".
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296

Kajgana Shop

На врв Bottom