Обично кога човеците лафат за индивидуализам често мешаат поими.
Индивидуализам не е исто што и атомизам!!!
Во индивидуализмот не постои она: „Кој што сака да си прави“ бидејки оваа изјава води неминовно до владеење на посилниот, односно послабиот е под немилост на желбата на посилниот да прави што сака.
Многумина не сакаат себеси да се гледаат како послаби па бегаат во некои илузии дека тие би биле посилните истовремено тие посилните би сакале да не бидат спречени во своите замисли за доминирање врз останатите. Затоа индивидуализмот често е погрешно разбран, од психо. аспект, меѓудругото.
Исто така, најбитна основа на функционален индивидуализам покрај слободата (со одговорност) е и моралот и етиката да се на високо и ефективно ниво. Патем, да напоменам, дека не те прави индивидуа (личност) тоа што ќе си ја офарбаш косата со зелена боја туку станува збор за нешто посуштинско и посложено.
Моралот и етиката воедно и религијата се тие појави кои сите нас не` доведоа до овој степен на цивилизиран развој и ќе не однесат уште подалеку. Имајте во вид дека тој кој сака да ги сузбие овие основни општествени појави, директно или индиректно, работи врз одземање на слободата на индивидуата и сведување на индивидуата во јаремот на контролата од страна на посилните, меѓудругото, нели?