H
^HITMAN^
Гостин
Инвестирањето во недвижнини го привлече моето внимание од пред некое време. Размислував и прорачунав некои математики за земање на станбен кредит и издавање на станот под кирија. Пресметките според сегашните каматни стапки и цените на пазарот на надвижнини во однос на месечната рата за кредитот и добивката од ќиријата се поклопуваат, значи ни минус ни плус на крајот од месецот а сметките чисти кај банката. Потребни се некаде 20 години за да се исплати во целост стан купен со цена во висина од 50,000 евра(просечен, мал, 2 собен стан во Скопје), со месечна рата за кирија од 200 евра (просечна и нормална).
Ризикот е голем, пред се заради неконстантноста на каматните стапки и цената на капиталот, но сите ние ја знаеме онаа народната - "Ризик ствара капитал". Што мислите за ова?
Ризикот е голем, пред се заради неконстантноста на каматните стапки и цената на капиталот, но сите ние ја знаеме онаа народната - "Ризик ствара капитал". Што мислите за ова?