- Член од
- 28 јануари 2015
- Мислења
- 518
- Поени од реакции
- 2.870
Со оглед на искажаните зборови и емоции очигледно власта нема да искаже барем делумно признавање на вината за технократски, арогантен, тесноград начин на владеење. Ниту може да се премине преку откриените дела и овој состав да остане на власт, уште помалку добропознатите претходни непокајани владетели од опозицијата имаат морално право за да ја превземат власта.
Мојот предлог овде, а разговарам и со други луѓе е создавање на Горен Дом составен од истакнати и докажани македонски граѓани и родољуби избрани на непосредни избори. Над одредена старост и без партиска функција или делување најмалку 15 години. Со оглед на квалитетните ставови погоре изнесени (МонаЛиза и Зони...) што мислите вие?
Јас прво, се сомневам дека воопшто можеш да најдеш такви истакнати и докажани личности кои не се партизирани и политизирани во нашето општество. Второ, не гледам можност, барем не во скоро време, да се организираат такви непосредни, фер и демократски избори пошто местењето избори веќе ни стана нормална работа. И трето, еве и доколку се формира таков дом и се изберат такви личности нели мислиш дека со тек на времето и тие ќе станат како сегашниве политичари?