Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.376
Поени од реакции
738
Што всушност означува зборот Родина, и каква поврзаност има со истоимената партија во Русија?
Одговорот го имаш во овие две видеа:
Автоматски споено мислење:

И веднаш сакаат 61 пратеник... :lolzz:
Веднаш сакаат само 1 пратеник а не 61 за да влезе во собрание и преку говорницата предизвика нуклеарна бомба од информации односно да каже пред цела македонска јавност дека двете најголеми партии 30 години скришно работат заедно а пред народот глумат дека очи си вадат меѓусебе,на Талат да му посочи дека го чека долгогодишна затворска казна бидејки е нелегален претседател и дека се ќе биде поништено од денот кога тој станал претседател на собранието а се со цел да се предизвика паника кај партиите и официјална коалиција после 30 годишното криење од јавноста со цел влашкото лоби да може да опстане на политичката сцена.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2010
Мислења
650
Поени од реакции
318
Не ти се чини дека многу лесно етикетираш-навредуваш еден цел народ!
Што тебе те чини компетентен за да даваш такви оценки како што се: старите сјебале а што младите има да се борат за туѓа вина?
И од каде ти се информациите дека “Овај народ не го интересира правда, чест, го интересира само да граби од комшијата, пола население се јуди и криминалци,...“ ова се твои мисли или си прочитал некаде?

Еве една фотка каде се гледа дека старите се сјебале!
Прегледај го приврзокот 236124
многу млади има само си ги офарбале косите во бело за да не ги препознаат!

Еве една фотка каде младите се во својот елемент и се против грешките на старите, така што уништуваат се што старите направиле!
Прегледај го приврзокот 236125
ова не е нивно па затоа така и се однесуваат.

Ова треба да даде објаснување зошто се случува тоа што се случува!
Прегледај го приврзокот 236126
гение си е гение, нема што да се коментира.
Другар во заблуда си не етикирам јас цел народ, јас ги етикирам гласачите и послушниците на вмро и сдс, виновниците што предизвикаја колапс на македонија, за тие да бидат господи а ние останатите, копуци.
Ама ти пријателе штотуку ја етикира цела младина дека се северџани, уништувачи, и хулигани. Запамети дека мнозинството од таа младина се уште не се запишани дека го дале својот глас на избори, мнозинството немаат пари кафе да пијат, додека гласачкото тело на двете партии се вработени во администрација, судови, елем, итн. И земаат убава пара, има и такви што се вработени а не биле воопшто да работат, дома пари им стигаат, има и такви што земаат 5000 евра по човек за вработување по партиска линија, и ти сега ми велиш дека не се тие виновни, туку младите се виновници што се родиле на место каде се должни на државата иако таа ништо не сторила за нив, заборчени во државни кредити бидејќи политичарите грабеле, да ја бранат со живот за некои што ја продале за сопствената корист, браво за размислувањето што го имаш
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.376
Поени од реакции
738
Член од
23 мај 2019
Мислења
1.677
Поени од реакции
1.356

Аааа не, не ми импутирај, немој така.
Никаде не реков ЦЕЛА младина, само ставив сликче на кое се гледа малдината во својот елемент, тие на сликчето не се цела малдина, само за твоја и моја трагедија, тие на сликчето им се пример на останатите млади и им пласираат вредности кои не се комапатабилни со македонската култура а и инаку тие новокомпонирани вредности се проблематични по многу основи. Единственото за што ги обвинувам и ги сметам за одговорни постарите е што не си ги воспитале децата туку оставиле некој друг да им ги воспитува а сега само ги собираат плодовите од таквото неодговорно однесување.
Во принцип државата треба да се грижи само за оние кои не се во можност самите да се грижат за себе, а сите други би требало самите да се грижат за себе па дури и да покажат солидарност и хуманост кон социјално ранливи категории.

Ако не си знаел од 90-тите е сменет политичкиот систем од социјализам во капитализам (дали се сложувал некој или не, не менва ништо тоа е факт) во капитализмот се се врти околу парите и профитот и не знам зошто згрозување од тоа, па секој полнолетен треба да знае дека секоја одлука повлекува и последици, ако сакаш да одлучуваш биди подготвен и на последиците од таа одлука.

Ако државата Македонија не ја чуствуваш за своја и не чувствуваш потреба да ја браниш, изјасни се демократија може се да тропнеш и да останеш жив (добро сеа не баш се забрането е да зборуваш против овие знаеш кои де), вака на прв поглед можам да претпоставувам дека со задоволство и радосно излезе на референдумот (или грешам, ама не би рекол ретко ми се случува), оти нели се решаваше големо и важно прашање, бришење на Македонија од картата, еееј такво нешто има само еднаш на 1000 години!
 
kikomcjuve

The Gunslinger
Член од
29 декември 2007
Мислења
11.988
Поени од реакции
2.352
Одлуки на Единствена Македонија, инаку според се до сега слободно може да се нарече “трета“!
Одлуките се презентирани како услови за предизборно колицирање, што е сосема во ред, чисти сметки долга .......
  1. поништување на договорот со Грција за промена на името;
  2. поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија,
  3. попис,
  4. поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилкото писмо, ...
...што Заев кажува дека преспанскиот договор е непроменлив, народот нека го заборави оти Заев лаже. Договорот е ништовенспоред меѓународното право и потребна е само нова анродна власт со оперделба да го поништи договорот.

целиот текст овде
Многумина говорат дека реално не постои опција надвор од ДПсНЕ+СДСс, но горните програмски цели се се спротивно од онаа што го сервира двоецот Црпе1+Црпе2, па тезата едека не постои трета опција е само уште една пропагандна флоскула.
Би било убаво да се види целата ... аргументација на дело па повелеле ...и кои се изговори ќе користи за да се докаже дека црното е бело!

П.С.
администрацијата одбива предлог да стави анкета со прашање кој е да се поништи преспанскиот и да се врати името Македонија, нема да ме чуди општото расположение да е такво и во овој случај, да видам дали некој ќе ме демантира.
Јанко Бачев трета опција? Дечко, за малку ќе помислев темата Вицови ја отворив...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
1.677
Поени од реакции
1.356
Јанко Бачев трета опција? Дечко, за малку ќе помислев темата Вицови ја отворив...
Добре еве Бачев не чини, имаш предлог?
За програмските цели ќе кажеш нешто, или толку е!
(ако има некои кои не ги разбрале може да збориме и за нив, за промена де!)
 
kikomcjuve

The Gunslinger
Член од
29 декември 2007
Мислења
11.988
Поени од реакции
2.352
Добре еве Бачев не чини, имаш предлог?
За програмските цели ќе кажеш нешто, или толку е!
(ако има некои кои не ги разбрале може да збориме и за нив, за промена де!)
Програмски цели?? :icon_mrgr::icon_mrgr:Уште веруваш во програми? Дечко, ова е Македонија, а не Шведска. Партииве 0.2% да исполнуваа од она што им го пишуваше во програмите изминативе 30 години, сега ќе бевме Швајцарија на Балканот.

Второ, Бачев е тотално несериозна личност, и нестабилен карактер, што да се прашувам јас не би му доверил ни куќен совет да води а камоли држава. Слободно можеш да побараш Влахов Мицов кога замина од неговата партија за каков човек се работи..

Трето, проблемот во Македонија не е во партиите. Туку, за жал во народот. Не е за џабе онаа изреката дека секој народ си заслужува власт наспроти него. Немаме став, безидејни сме, наместо партиите да ни се клањаат, претседателите на општинските штабови ги гледаат како локални божества и бироа за вработување. Немаме чувство за критика, ама онаа чиста критика. Власта (која и да е во изминативе 30 години) а ја искритикуваш, одма ти лепи налепница дека си опозиција, платеник, одработувач и сл.

Ако си симпатизер на партија, а сепак критикуваш, одма ти лепат „Еве го на овај, не му завршија работа, не го вработија, плука“..Пресно вработен, веднаш почнуваат „Еве го овој, лесно му е, го вработија, 45.000 денари зема плата, и уште има уста да кажи нешто“..Вработен во приватен сектор - „Море се бори тој, за да дојди на власт да се вработи, како не, јас ќе го поддржувам утре да го вработат јас пак ќе црнчам на работа за 14.000“..Она ако крадиш ко ќе си на власт кај нас ти е нормална работа, ако не украдиш ќе речат „Абе, види го глупакон, директор беше, ни дете си вработи, ни украде нешто..“

Индиферентни станавме, сто пати се изгоревме, и затоа е тешко да му се дади поддршка на некој, колку и да гледа дека е способен и во ред.
 
Очекував дека ќе ги нападнеш програмските цели, ама ништо.
И повторно не ми е јасно, ти се согласуваш со такви цели или не?
Знаеш, најважно е тоа, се останато е само малтење празна слама (рекла-казала). Ако не се важни програмските цели, тогаш што е важно колку добро изгледа некоја, ќе бираме мис или политчар, или ќе ја земаме за жена па го гледаме надворешниот изглед а шо има во глаата не е важно и онака не се гледа.
Приказните вработен невработен, толку плата волку плата се само вешто спакувана пропагнада која има за цел да го сврти вниманието од суштинските работи, останавме без држава (редефинирана во очекување на федерализација), не постоиме како народ и едните и другите лажат сушат ама не ќе збориме за платите оти нели од тоа се живее, ве работат како бавча.

На Мицов, лично му го поставив прашањето, дали е вистина дека зел од парите кои биле донација, и тој како тебе, Бачев бил ваков онаков а не одговори дали зел или не.
 
Види вака, не знам што ти е толку тешко да сватиш, дека има некој што мисли поинаку од политичките партии, и не верува повеќе на „програмски цели“ и програми...Какви црни програмски цели бе Таксист? Качување на тенк и мафтање руско знаме?? :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:Тоа ако е за тебе програмска цел, еве ти честитам. Чукање во гради колкав патриот е, сликање со мечој и скафандери? Тоа е патриот?? Епа различен поглед имаме на тоа што е патриот а што не е .. За мене Бачев е само фејкпозер патриот. Тоа е мое мислење, твое си е дали се согласуваш или не.

А сега се сведе муабетот на тоа дали зел И Мицов од парите или не! Ниту го познавам Мицов ниту пак имам намера ниту пак сакам да го бранам. Можеби и повеќе од Бачев зел..Ама на крајот доаѓаме до заклучок дека и Мицов и Бачев зеле, ама еве ти немаш проблем дека Бачев зел, битно е да го плукаш Мицов бидејќи се прави паметен а И тој зел.. Тие ќе си ги пикнат парите вџеб, а јас и ти овде треба да се натегаме кој колку зел?? I am out of that sort of things...

За тоа работењето како бавча, можеш да си зборуваш во прво лице еднина. Кога веќе си дозволил Бачев да те работи, јас не би се осудил тоа да го помислам, а камо да ти пишам. Ама твое си е...Ајт;)
 
На врв Bottom