Илузија

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Илузија е дисторзија на сетилната перцепција. Секое од човечките сетила може да биде измамено од илузија, но визуелните илузии се најпознати. Некои илузии се субјективни; различни луѓе можат да искусат една илузија различно или пак и воопшто да не ја искусат.

  • Една оптичка илузија, како на пример лажна преспектива, се базира на претпоставките на човечкиот визуелен систем.
  • Фатаморгана е оптичка дисторзија низ атмосферата што може да биде фотографирање. Иако согледаната стварност (како што е вода сред пустина) е илузорна, сликата (на рефлектираната површина) е вистинска.
  • Аудиторна илузија, како што е познатиот Шепардов тон, се базира на сетилото за слух.
  • Допирна илузија се базира на сетилото за допир.
  • Сценска магија е една популрана форма на забава базирана на илузија. Магионичарите се користат со трикови да ја убедат својата публика дека навидум невозможни настани се случиле. Магија (илузија)*.
Во психијатријата поимот илузија се однесува на една специфична форма на сетилна дисторзија. За разлика од формата халусцинација, која што претставува сетилно искуство во отсуство на стимул, една илузија опишува дисторзија на перцепција што води кон неточна интерпретација и разбирање на стимулот. На пример, слушање гласови без разлика на средината би била халуцинација, додека слушање на гласови што се појавуваат само од звукот на вода што тече би била илузија.

Откога го прочитавте ова, статијата за илузија, дали некогаш сте имале некоја ваква случка?
И, што мислите за магионичарите како Дејвид Коперфилд и слични... На кој начин тие работат?
 
R

Roten 96

Гостин
Види сега прво треба да си запознаен со поимот ПРЕТСТАВА. Претаставите претставуваат повторно дпживување на некој претходно перцепиран материјал кои сме го доживеале но без директно притсуство на дразбите.Е сега има многу каректеристики на претставите, но има и нарушување на претставите од типот на агнозии,илузии,халуцинации псеудохалуцинации..Илузиите можат да се појават како нормална појава во животот но и како патолошка појава при одредени психички пореметувања.При нормални појави илузиите ни се појавуваат ви емоционална состојба пример кога предметите ни изгледаат како застрашувачки појави и сл..Јас да ти кажам дека сум немал ваква ситуација...:)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас сум доживувал и илузии и халуцинации. Поради тоа што имам оштетен вид, ми се случувало навечер да ми се привидуваат различни ствари и кога ќе се доближам до нив да видам сосем трето од тоа што сум видел јас. Најчесто поради оштетениот вид (и неносењето очила) ми се привидуваат ствари.

Дејвид Коперфилд и остала багра за мене се големи лажговци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom