http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117764Израел призна дека во текот на 90-те години од минатиот век израелските патолози земале органи од тела, меѓу кои и на Палестинци, без согласност на семејствата на мртвите.
Прашањето излезе во јавноста, откако во 2004 година шведскиот весник „Афтонбладет“ објави материјал, во кој го обвинува Израел, дека убивал Палестинци за да им ги земе органите. Израел тогаш категорично ги отфрли обвинувањата.
Американски универзитетски професор минатата година објави интервју, направено во 2000 година, со тогашниот директор на израелскиот Институт за криминалистика „Абу Кабир“, доктор Јехуда Хис, во кое тој признава дека израелските патолози земале органи од мртви луѓе, но оти Израел никогаш не убивал луѓе за таа цел. Делови од интервјуто беа објавени во текот на викендов од израелските медиуми.
„Почнавме да собираме очна рожница. Се што правевме беше строго неофицијално. Не беше побарана дозвола од семејствата на загинатите“, изјави Хис во интервјуто.
Израелските патолози во ’90те години земале кожа, рожница, срцеви делови и коски од тела од израелски војници, израелски граѓани, Палестинци и странски работници, најчесто без дозвола на роднините.
„Оваа пракса заврши пред цела деценија и повеќе не се применува“, соопшти командата на израелската армија.
Хис тврди дека праксата на земање органи почнала на почетокот на 90-те години и завршила во 2000 година.
Голем дел од деталите околу скандалот излегоа на виделина во 2004 година, кога Хис беше разрешен од Институтот поради нерегуларности околу користењето на органите.
Главниот обвинител на Израел сепак го отфрли обвинението кон него и Хис се уште работи во Институтот како главен патолог. Тој стана директор на Институтот во 1987 година.
Како за држава која цел живот глуми невиност и жртва ќе треба да сум изненаден.Ама некако не сум....