Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Убаво ти одговорив, кај извршител може да застари побарувањето само ако не се превземет никакви дејствија во рок од 10 години. Дејствие насочено кон наплата на долгот може да биде секое дејствие кое го превзема извршителот (барање информација, издавање налог, заклучок......) но и секое дејствие кое ке го превземе доверителот (ургенција до извршителот, достава на некоја информација, барање известување до каде е наплатата....), значи застареноста кај извршител ке настане само ако по тој предмет нема ништо превземено во рок од 10 години од последното превземено дејствие и на таа застареност треба да се повика странката, на неа не се внимава по службена должност. Исто така застареност настапува и во случај ако поминале 10 години од извршноста (од денот кога доверителот можел да бара присилно извршување) на извршната исправа а доверителот не ја поднел на извршување. Во тој случај должникот може да се повика на застареност. Исто така застареност може да настане и во случај кога поминале 10 години од извршноста на извршната исправа и доверителот се зезне па го повлече барањето за извршување од еден извршител и го поднесе кај друг, кај тој друг извршител должникот ке може да се повика на застареност.

За телевизорот. Таму не се работи за сметка за телефон која би застерела за една година, тука рокот за застареност е 5 години (бидејќи се работи за физичко лице, ако е правно лице тогаш рокот е 3 години) па затоа ти реков 2020 година.

п.с. ако нешто не ти иде во прилог не значи дека е неточно и нестручно.
Ова ти го пишува човек кој 14 години е директно во извршувањето.
Ако еве јаа на пример ако сум дадена на извршител за некои сметки , но сум невработена , не постои ништо на мое име .... И во текот на 10 години ако немам никакви приходи , не можат да го наплатат долгот , дали тогаш ке застари ?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621

Ке застари ако во текот на тие 10 години извршителот не превзел ништо, не ти пратил ниту едно известување, не побарал никаква информација дали си вработена, значи не превзел апсолутно ништо а ниту пак доверителот направил некоја ургенција до извршителот, не побарал известување.... значи условот е ништо да не се случило со предметот 10г. Доколку на последниот ден од истекот на 10г ти прати извршителот макар и едно известување дека имаш долг... тогаш рокот почнува да тече одново. Така да можноста кога си веке даден на извршител побарувањето да застари теоретски постои но практично е неизводливо, никој извршител нема да дозволи да му застари некој предмет, ке треба да му одговара на доверителот. До застареност на побарувањето, кога исправата е веке дадена на извршување, се случуваше да дојде кога извршувањето се работеше по ЗИП и го спроведуваа судовите. Тогаш за ,,наш човек,, можеше некое побарување, обично нешто за сметки за струја, вода, телефон (каде доверителите се големи компании кои нема да се потресат од застареноста на некое нивно побарување) да се среди застареност.
 
Ок Се разбираме
Ти благодарам за инфо и за одвоеното време :)
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Ми беше задоволство. Ако ти затреба нешто од оваа област тука сум.
Штом е поведена постапка за извршување, извршувањето не заструва, може после 50 години да се изврши извршување.
По кој член од кој закон се вели дека застарува предмет за извршување кај извршител?
Во се' останато сте во право, тоа што го пишавте е согласно закон.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621
Штом е поведена постапка за извршување, извршувањето не заструва, може после 50 години да се изврши извршување.
По кој член од кој закон се вели дека застарува предмет за извршување кај извршител?
Во се' останато сте во право, тоа што го пишавте е согласно закон.
Настапува апсолутната застареност од 10 години. Никој за 10 години не превзел дејствие кон наплата на долгот. Имам судски решенија со кои се признава застареност во постапка на извршување. Посебно има повеке вакви решенија по предмети кои кмишеа по судовите а потоа беа пренесени кај извршителите, некои беа и по жалба и беа потврдени од апелација. Се работеше за предмети во кои судот 10 години не превзел никакво дејствие ниту пак доверителот превзел нешто по предметот, едноставно заборавени предмети кои факале мувла во некои шкафови. Ако сакаш деновиве можам и да ти пратам некој скен од тие решанија.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Топлификација - БЕГ сеуште им се јавува на граѓани за сметки постари од 20 години. Тоа се сметки, демек утужени, со печат од Судот. При тоа немало ни судење ни пресуда. Се јавуваат по граѓани и им се закануваат со судења, извршители. Добар дел се уплашени па плаќаат. Зошто никој не ги поучува за нивните права?
 
И да се утужени тие сметки рокот во кој може да се поднесе барање за извршување е 10 години од денот на извршноста на таа пресуда или решение. Ако не ги поднеле на извршување во тој рок сега неможат да ги поднесат односно откако ке ги поднесат должникот ке се повика на застареност и тие ги бидат задолжени да ги платат трошоците на извршителот и должникот. Финтата со тоа јавување и претење за застарени долгови е да се натера должникот да отиде кај доверителот (топлификација, водовод...) и да потпише спогодба дека долгот ке го плаќа на рати со што ке си ја сјебе застареноста, ке почне да му се смета нов рок кој тече од потпишување на спогодбата. Граѓаните кога ги боли заб одат на забар ама кога имаа правен проблем некако тешко им се даваат пари на адвокат за да им помогне, немаат навика да консултираат адвокат.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Настапува апсолутната застареност од 10 години. Никој за 10 години не превзел дејствие кон наплата на долгот. Имам судски решенија со кои се признава застареност во постапка на извршување. Посебно има повеке вакви решенија по предмети кои кмишеа по судовите а потоа беа пренесени кај извршителите, некои беа и по жалба и беа потврдени од апелација. Се работеше за предмети во кои судот 10 години не превзел никакво дејствие ниту пак доверителот превзел нешто по предметот, едноставно заборавени предмети кои факале мувла во некои шкафови. Ако сакаш деновиве можам и да ти пратам некој скен од тие решанија.
Јас досега немам сретнато член од ЗИ да вели дека започнато извршување кај извршителот застарува доколку не биде превземено било какво дејствие од страна на извршителот за период од 10 години, затоа прашав по кој член и од кој закон, сепак ако постои застарување на извршителски предмети по овој основ, тоа навистина не го знаев, а тие судски решенија ако се правосилни и извршни сепак треба да се засноваат на законски причини па треба во тие решенија да пишува по кој член од кој закон се повикува судот.
Иако да, теоретски би било возможно ако е ова така како што велиш дека е, да застари извршителски предмет но, во пракса кој извршител ќе дозволи да поминат 10 години и да му застари предмет. :)
 
Спомнав и погоре, теоретски е можно но практично е неизводливо. никој извршител нема да дозволи да ми застари предмет. Во ЗИ нема одредба за застарување, одредбата која се применува е онаа за апсолутниот рок за застареност од ЗОО. Ај да видам да најдам некое решение да ти го пратам па прочитај го.
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
120
Поени од реакции
66
Убаво ти одговорив, кај извршител може да застари побарувањето само ако не се превземет никакви дејствија во рок од 10 години. Дејствие насочено кон наплата на долгот може да биде секое дејствие кое го превзема извршителот (барање информација, издавање налог, заклучок......) но и секое дејствие кое ке го превземе доверителот (ургенција до извршителот, достава на некоја информација, барање известување до каде е наплатата....), значи застареноста кај извршител ке настане само ако по тој предмет нема ништо превземено во рок од 10 години од последното превземено дејствие и на таа застареност треба да се повика странката, на неа не се внимава по службена должност. Исто така застареност настапува и во случај ако поминале 10 години од извршноста (од денот кога доверителот можел да бара присилно извршување) на извршната исправа а доверителот не ја поднел на извршување. Во тој случај должникот може да се повика на застареност. Исто така застареност може да настане и во случај кога поминале 10 години од извршноста на извршната исправа и доверителот се зезне па го повлече барањето за извршување од еден извршител и го поднесе кај друг, кај тој друг извршител должникот ке може да се повика на застареност.

За телевизорот. Таму не се работи за сметка за телефон која би застерела за една година, тука рокот за застареност е 5 години (бидејќи се работи за физичко лице, ако е правно лице тогаш рокот е 3 години) па затоа ти реков 2020 година.

п.с. ако нешто не ти иде во прилог не значи дека е неточно и нестручно.
Ова ти го пишува човек кој 14 години е директно во извршувањето.
Covekot sto e 14 godini vo izvrsuvanjeto pojma nema od izvrsuvanje.
Znaci otkako nekoj isprava stane izvrsna doveritelot ima 10 godini da podnese baranje za izvrsuvanje. Koga ke se podnese baranje t.e. koga ke se oformi predmet kaj izvrsitel nema zastaruvanje dodeka ne se naplati dolgot ili ne se prekine predmeto na nekoj drug nacin (smrt na dolznikot, stecaj na doveritelot ili dolznikot i sl.)
Sto se odnesuva na konkretniot slucaj, liceto treba da si proveri vo telekom (t-mobile) sto e so dolgot, zatoa sto od iskustvo telekom ne se firma kaj koi moze da zastari dolg.
 
Збориш напамет. Да ти пуштам судско решение потврдено и од апелација со кое е утврдена застареност поради тоа што 10 години немало превземено дејствие во извршниот предмет? Спремен си да се извинеш јавно на форумов откако ке го прочиташ решението?
 
Пушти и ќе ти се извинам ако решението се повикува на Закон за извршување, а не на Закон за извршна постапка

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621
Пушти и ќе ти се извинам ако решението се повикува на Закон за извршување, а не на Закон за извршна постапка

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Пуштено. Не се повикува ниту на ЗИП ниту на ЗИ туку на ЗОО.
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
120
Поени од реакции
66
Пуштено. Не се повикува ниту на ЗИП ниту на ЗИ туку на ЗОО.
Druze izvini za ova ne sum znael, a i za ona pojma nemas od pogore.
Ovde moze da se kaze deka pojma nema ni pretsedatel na sud, a ni od apelacija ne se pretrgnale od pamet.
Sud da donese resenie so koe go isvojuva prigovorot zatoa sto istiot toj sud ne rabotel nisto na predmet 10 godini za mene e non sens. A apelacioneiot sud voopsto ne ni spomnuva zastaruvanje vo svoeto resenie tuku se nasocuva na pravosilnost i izvrsnost.
Ovde moze da se komentira uste, no sega nemam vreme.
Tebe bi ti preporacal da gi cuvas ovie resenija, mozda ke vlezat vo nekoj iden ucebnik kako primer kako ne se presuduva. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom